Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Ефешаните 1:1-23

1  Павле, по Божја волја+ апостол+ на Христос Исус, до светите што се во Ефес и до верните+ во единство+ со Христос Исус:  Бог, нашиот Татко, и Господарот Исус Христос нека ви дадат незаслужена доброта+ и мир!+  Нека е благословен Богот и Таткото на нашиот Господар* Исус Христос+ зашто, поради нашето единство со Христос, нѐ благослови+ со секој духовен благослов на небесата,+  зашто, уште пред да настане светот,+ нѐ избра+ да бидеме во единство со него, за да бидеме свети и неизвалкани+ пред него во љубов.+  Зашто, тој однапред одреди+ да нѐ усвои+ преку Исус Христос како синови,+ според она што му се допаѓа и му е по волја,+  за да биде фален+ поради неговата славна незаслужена доброта+ што милостиво ни ја покажа преку својот сакан Син.+  Преку него, со посредство на неговата крв,+ ослободени сме со откупнина, простени ни се престапите+ според богатството на неговата незаслужена доброта.+  Тој обилно ни ја даде таа незаслужена доброта заедно со сета мудрост+ и разборитост,  објавувајќи ни ја светата тајна+ на својата волја. Таа света тајна е во склад со она што го сака, со неговата намера+ 10  да се уреди сѐ+ кога ќе се наврши времето,+ имено повторно да се состави+ сѐ во Христос+ — она што е на небесата+ и она што е на земјата+ — во него, 11  во единство со кого и ние сме избрани за наследници,+ однапред одредени според намерата на оној што прави сѐ според својата волја и одлука,+ 12  за ние, кои први се надевавме на Христос,+ да бидеме на фалба и на слава на Бог.+ 13  А и вие се надевавте на него кога ја чувте речта на вистината,+ добрата вест за вашето спасение,+ и преку него, откако поверувавте, бевте запечатени+ со ветениот свет дух,+ 14  кој е залог+ на нашето наследство,+ за да биде Божјата сопственост+ ослободена преку откупнина,+ на негова слава и фалба. 15  Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господарот Исус, која се гледа во вашето однесување кон сите свети,+ 16  не престанувам да се заблагодарувам за вас. Постојано ве спомнувам во своите молитви,+ 17  за Богот на нашиот Господар Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост+ и на разбирање на небесните објави, та добро да го запознаете.*+ 18  Поради тоа што ви ги просветлил+ очите+ на срцето, се молам да спознаете каква е таа надеж+ на која ве повикал, какво е тоа славно богатство+ што го чува како наследство за светите+ 19  и која е таа ненадминлива величина на неговата сила+ што ни ја дава нам, на верниците. Таа величина се гледа по дејствувањето+ на неговата моќна сила, 20  која на дело ја покажа на Христос кога го подигна од мртвите+ и го седна откај својата десница+ на небесата,+ 21  далеку над секоја влада и власт и сила и управа+ и над секое име кое е дадено,+ не само во овој поредок*+ туку и во оној што треба да дојде.+ 22  И му подложи сѐ под нозете+ и го направи глава над сѐ+ за доброто на собранието,* 23  кое е негово тело,+ полнота+ на оној што исполнува сѐ во сѐ.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
„Добро да го запознаете“ (грчки: епи́гноси) — види ја фуснотата за Ри 1:28.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.