Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Естира 9:1-32

9  Во дванаесеттиот месец, односно во месецот адар,+ на тринаесеттиот ден од тој месец, кога дојде време да се извршат царската заповед и царскиот закон,+ на истиот оној ден кога непријателите на Евреите се надеваа дека ќе завладеат со нив, се случи спротивното, и Евреите завладеаја со оние што ги мразеа нив.+  Евреите се собраа+ во своите градови по сите покраини на цар Ахасвер+ за да дигнат рака на оние што сакаа да им нанесат зло.+ И никој не можеше да им се спротивстави, бидејќи стравот+ од нив ги обзеде сите народи.  И сите кнезови+ на покраините, сатрапите,*+ управителите и оние што ги вршеа работите на царот+ им помагаа на Евреите, бидејќи ги обзеде страв+ од Мардохеј.  Зашто, Мардохеј стана голем+ во царскиот дворец и гласот за неговата слава+ се ширеше по сите покраини. И Мардохеј стануваше сѐ помоќен.+  Евреите удрија на сите свои непријатели, ги исекоа со меч, ги погубија и ги сотреа.+ Со оние што ги мразеа нив правеа што сакаа.+  И во тврдината Суза,+ Евреите убија и уништија петстотини луѓе.  Меѓу нив и Фарсандат, Далфон, Аспат,  Порат, Адалиј, Аридат,  Фармаст, Арисај, Аридај и Ваезат, 10  десетте синови+ на Аман,+ синот на Амедата, непријателот на Евреите.+ Нив ги убија, но не посегнаа со рака да земат од пленот.+ 11  Во истиот ден, царот дозна за бројот на убиените во тврдината Суза. 12  Тогаш царот ѝ рече на царицата Естира:+ „Во тврдината Суза,+ Евреите убија и уништија петстотини луѓе и десетте синови на Аман. А што ли направиле+ во другите покраини+ на царот! Каква молба имаш сега? Ќе ти биде исполнета!+ И што бараш уште?+ Ќе го добиеш!“ 13  Естира тогаш рече: „Ако му е по волја на царот,+ нека им биде дозволено на Евреите во Суза и утре да постапуваат според денешниот закон,+ и десетте синови на Аман нека бидат обесени на столб“.+ 14  Царот нареди да се направи така.+ Тогаш во Суза беше издаден закон, и беа обесени десетте синови на Аман. 15  Така Евреите што беа во Суза се собраа и на четиринаесеттиот+ ден од месецот адар, па во Суза убија уште триста луѓе, но не посегнаа со рака да земат од пленот.+ 16  И другите Евреи, кои се наоѓаа во покраините+ на царот, се собраа и станаа да ги бранат своите души+ и да им се одмаздуваат+ на своите непријатели. Убија седумдесет и пет илјади од оние што ги мразеа нив, но не посегнаа со рака да земат од пленот. 17  Тоа беше на тринаесеттиот ден од месецот адар. На четиринаесеттиот ден од тој месец тие мируваа и тој ден го направија ден на гозба+ и веселба.+ 18  Евреите во Суза се собраа на тринаесеттиот+ и на четиринаесеттиот ден од тој месец, а на петнаесеттиот ден мируваа, и тој ден го направија ден на гозба и веселба.+ 19  Затоа, за Евреите од внатрешноста, кои живееја по градовите во оддалечените покраини, четиринаесеттиот ден од месецот адар+ стана ден на веселба,+ гозба и на прослава,+ и едни на други си испраќаа храна како подарок.+ 20  Мардохеј+ ги запиша тие настани и испрати писма до сите Евреи по сите покраини+ на цар Ахасвер, и до оние што беа близу и до оние што беа далеку, 21  за да им наложи+ секоја година да ги празнуваат четиринаесеттиот и петнаесеттиот ден од месецот адар 22  како денови во кои Евреите си отпочинаа од своите непријатели+ и како месец во кој нивната жалост се претвори во радост и нивната тага+ во ден на прослава. Тие денови требаше да ги слават со гозба и веселба и со заемно испраќање храна како подарок,+ како и со делење подароци на сиромашните.+ 23  Евреите го прифатија она што веќе почнаа да го прават, а  за кое им пишуваше Мардохеј. 24  Зашто Аман,+ синот на Амедата+ од племето на Агаг,+ непријателот+ на сите Евреи, всушност скова заговор против Евреите за да ги уништи,+ и даде да се фрли Пур,+ односно ждрепка,+ за да ги збрка и да ги уништи. 25  Но, кога Естира дојде пред царот, царот издаде писмена заповед:+ „Овој зол заговор,+ кој го смислил против Евреите, нека му се врати на негова глава“.+ Така, него и неговите синови ги обесија на столб.+ 26  Затоа тие денови се наречени Пурим, од зборот пур.+ Така, според сите зборови од тоа писмо+ и според она што го видоа и го доживеаја во врска со тоа, 27  Евреите се обврзаа и прифатија за себе, за своите потомци и за сите оние што ќе им се придружат,+ како неотповиклива обврска, редовно да ги празнуваат тие два дена според сето она што беше напишано за нив, секоја година во одреденото време за тоа. 28  И тие денови требаше да се паметат и да се празнуваат во секое поколение, во секое семејство, во секоја покраина и во секој град. Тие денови на Пурим не смеат да исчезнат меѓу Евреите и споменот+ за нив не смее да избледи кај нивните потомци. 29  А царицата Естира, ќерката на Авихаил,+ и Евреинот Мардохеј пишуваа со многу силни зборови за да го потврдат ова второ писмо за Пурим. 30  Тогаш тој испрати писма до сите Евреи во сто дваесет и седумте покраини+ од царството на Ахасвер,+ со зборови на мир и вистина,+ 31  за да потврди дека треба да ги држат тие денови на Пурим во одреденото време — како што Евреинот Мардохеј и царицата Естира ги обврзаа,+ и како што се обврзаа самите себе ги обврзаа и своите потомци+ — дека треба да постат+ и да му се молат на Бог за помош.+ 32  И зборовите на Естира ги потврдија овие прописи за Пурим,+ па беа запишани во една книга.

Фусноти

Види ја фуснотата за Езр 8:36.