Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Естира 6:1-14

6  Таа ноќ, царот никако не можеше да заспие.+ Затоа нареди да му ја донесат книгата со записите+ за поранешните настани, па почнаа да му читаат од неа на царот.  Конечно се најде записот за она што го извести Мардохеј+ за Вихтан и Терес, двајцата дворјани,+ вратари, кои се договараа да дигнат рака на цар Ахасвер.  Тогаш царот рече: „Каква чест и каква награда добил Мардохеј за тоа?“ „Ништо не е направено за него“,+ одговорија придружниците на царот, негови слуги.  Потоа царот праша: „Кој е во дворот?“ А Аман само што беше влегол во надворешниот двор+ од царскиот дворец за да бара од царот да го обесат Мардохеј на столбот+ што го беше подготвил за него.  Затоа службениците на царот му рекоа: „Ене, Аман+ стои во дворот“. „Нека влезе!“ — рече царот.  Кога влезе Аман, царот го праша: „Што треба да му се направи на човек кому царот сака да му укаже чест?“+ А Аман си помисли во срцето: „Кому сака царот да му укаже чест ако не мене?“+  Затоа Аман му рече на царот: „На човекот кому царот сака да му укаже чест  нека му донесат царска облека+ во која се облекува самиот цар и нека го доведат коњот на кој јава царот+ и на чија глава има царски украс.  Облеката и коњот нека му бидат предададени на еден од царските угледни кнезови,+ па нека го облечат човекот кому царот сака да му укаже чест и нека го изведат на коњ по градскиот плоштад+ и нека извикуваат пред него: ‚Вака се прави со оној човек кому царот сака да му укаже чест!‘ “+ 10  Тогаш царот му рече на Аман: „Брзо, земи ги облеката и коњот, како што рече, и направи така со Евреинот Мардохеј, кој седи при царската порта. Не пропуштај ништо од сето она што го кажа“.+ 11  И Аман ги зеде облеката+ и коњот, го облече Мардохеј+ и го изведе на коњ по градскиот плоштад,+ викајќи пред него:+ „Вака се прави со оној човек кому царот сака да му укаже чест!“+ 12  Потоа Мардохеј се врати при царската порта,+ а Аман брзо си отиде дома, тажен и со покриена глава.+ 13  И Аман им раскажа на жена си Сереса+ и на сите свои пријатели за сѐ што му се случи. Тогаш неговите мудреци+ и жена му Сереса му рекоа: „Ако е Мардохеј, пред кого ти почна да паѓаш, од еврејскиот род, нема да го надвладееш, туку сигурно ќе паднеш пред него“.+ 14  Додека тие уште разговараа со него, царските дворјани дојдоа и брзо+ го одведоа Аман на гозбата+ што ја приреди Естира.

Фусноти