Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Естира 4:1-17

4  Кога дозна за сѐ што се случи,+ Мардохеј+ си ја раскина облеката, се облече во козина+ и се посипа со пепел,+ па излезе среде градот и лелекаше гласно и со горчина.+  Најпосле дојде до пред царската порта,+ бидејќи никој не смееше да влезе низ царската порта облечен во козина.  А во секоја покраина+ во која ќе стигнеа царската заповед и царскиот закон настануваше голема жалост+ меѓу Евреите — постеа,+ плачеа и тажеа. На мнозина козината+ и пепелта+ им станаа постела.  Девојките на Естира и нејзините евнуси+ дојдоа и ѝ го јавија тоа. А тоа болно ја погоди царицата. Тогаш му испрати облека на Мардохеј за да ја облече неа, а да ја соблече козината, но тој не ја прими.+  Тогаш Естира го повика Атах,+ еден од евнусите на царот, кого тој го одреди да ѝ служи, и му заповеда да оди кај Мардохеј и да дознае што значи тоа и што се случува.  Атах отиде кај Мардохеј на градскиот плоштад, кој беше пред царската порта.  Тогаш Мардохеј му раскажа за сѐ што му се случило+ и подробно го извести за парите што Аман вети да ги даде во царската ризница+ за да ги уништи Евреите.+  И му даде препис+ од законот за нивно истребување, кој беше издаден во Суза,+ за да ѝ го покаже на Естира и да ѝ каже и да ѝ наложи+ да отиде кај царот и да го моли за милост+ и пред него да се заземе за својот народ.+  Атах+ се врати и ѝ ги кажа на Естира зборовите на Мардохеј. 10  Тогаш Естира му рече на Атах и му заповеда да му пренесе на Мардохеј:+ 11  „Сите царски слуги и целиот народ од царските покраини знаат дека секого, било маж било жена што ќе влезе неповикан кај царот во внатрешниот двор,+ го чека само еден закон:+ смртна казна. Ќе остане жив само ако царот го пружи кон него својот златен жезол.+ А јас веќе триесет дена не сум повикана кај царот“. 12  Му ги кажаа на Мардохеј зборовите на Естира. 13  А Мардохеј ѝ порача на Естира: „Не помислувај во својата душа дека од сите Евреи ќе се избават само оние што се во домот на царот.+ 14  Зашто, ако молчиш во овој час, помош и избавување за Евреите ќе дојде од друга страна,+ но ти и домот на татко ти ќе загинете. А кој знае дали не си дошла до царското достоинство+ токму заради часот каков што е овој?“ 15  Затоа Естира му порача на Мардохеј: 16  „Оди, собери ги сите Евреи што се наоѓаат во Суза,+ па сите заедно постете+ за мене — три дена+ и три ноќи да не јадете и да не пиете. И јас ќе постам со своите девојки,+ а потоа ќе отидам кај царот, макар што тоа не е по законот, па ако треба да загинам,+ ќе загинам“. 17  Тогаш Мардохеј отиде и направи сѐ што му заповеда Естира.

Фусноти