Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Естира 2:1-23

2  По тие настани, кога му стивна гневот, цар Ахасвер+ се сети на Астина,+ на она што таа го направи+ и на она што беше одлучено против неа.+  Тогаш дворјаните на царот, негови слуги,+ рекоа: „Да се побараат+ за царот млади девојки, девици+ со убав изглед.  И царот нека постави довереници во сите покраини+ на своето царство, и тие нека му ги соберат сите млади девојки, девици убави на изглед, во тврдината Суза,+ во женската куќа, која е под надзор на царскиот евнух+ Хигеј,+ чуварот на жените, и нека бидат разубавувани со масажи.  Онаа девојка што ќе им се допадне на царевите очи нека стане царица наместо Астина“.+ Тоа му се допадна на царот и тој постапи така.  Во тврдината Суза+ имаше еден Евреин, кој се викаше Мардохеј,+ син на Јаир, син на Симеј, син на Кис, од племето на Венијамин,+  кој беше одведен во изгнанство+ од Ерусалим со протераните луѓе, кои вавилонскиот цар Навуходоносор+ ги одведе во изгнанство заедно со Јехонија,*+ царот на Јуда.  И тој се грижеше+ за Адаса, односно Естира, ќерката на својот стрико,+ бидејќи таа немаше ни татко ни мајка. Девојката имаше убава става и убаво лице.+ По смртта на татко ѝ и  на мајка ѝ, Мардохеј ја зеде кај себе како ќерка.  И кога се разгласија царската наредба и царскиот закон, и кога многу девојки беа собрани во тврдината Суза,+ беше однесена и Естира во царскиот дом под надзор на Хигеј,+ чуварот на жените.  Девојката им се допадна на неговите очи и ја придоби неговата наклоност,*+ па тој брзо се погрижи за нејзиното разубавување со масажа+ и за соодветна храна. Ѝ даде и седум избрани девојки од царскиот дом и ја премести заедно со девојките во најдобриот дел од женската куќа. 10  Естира не кажуваше ниту за својот народ+ ниту за своите роднини, зашто Мардохеј ѝ заповеда да не зборува за тоа.+ 11  А Мардохеј секој ден доаѓаше до дворот на женската куќа за да дознае како е Естира и што се случува со неа. 12  По дванаесетмесечни подготовки, според прописите за жени, на секоја девојка ѝ доаѓаше редот да влезе кај цар Ахасвер. А вака се одвиваше постапката за нивно разубавување со масажа: шест месеци со масло од смирна,+ а шест месеци со балсам,+ како и со посебни масажи за жени.   13  Потоа девојката влегуваше кај царот. Сѐ што ќе побараше од женската куќа можеше да си понесе со себе во царскиот дом.+ 14  Навечер таа ќе влезеше, а наутро ќе се вратеше во втората женска куќа под надзор на царевиот евнух+ Саазгаз, чуварот на наложниците.* Тогаш веќе не влегуваше кај царот, освен ако му се допаднеше на царот и ако ја повикаше по име.+ 15  Кога дојде редот кај царот да влезе Естира, ќерката на Авихаил, стрикото на Мардохеј, која Мардохеј ја зеде кај себе како ќерка,+ таа не побара ништо друго+ освен она што ѝ рече царскиот евнух Хигеј,+ чуварот на жените. А за сето тоа време Естира стекнуваше сѐ поголема наклоност кај сите што ја гледаа.+ 16  Така ја однесоа Естира кај цар Ахасвер, во неговиот дворец, во десеттиот месец, односно во месецот тевет,* во седмата година+ на неговото владеење. 17  А царот ја засака Естира повеќе отколку сите други жени, и таа ја придоби неговата наклоност и љубов повеќе од сите други девици.+ Тој ѝ го стави царскиот турбан на главата и ја направи царица+ наместо Астина. 18  Потоа царот им приреди голема гозба на сите свои кнезови и слуги, гозба за Естира. На сите покраини им даде олеснување+ и делеше дарови какви што му прилегаат на еден цар. 19  Кога девиците+ беа собрани по втор пат, Мардохеј седеше при царската порта.+ 20  А Естира не зборуваше ниту за своите роднини ниту за својот народ,+ токму како што ѝ заповеда+ Мардохеј.+ Естира и понатаму го правеше она што Мардохеј ѝ го кажуваше, исто како порано кога тој водеше грижа за неа.+ 21  Во тие денови, додека Мардохеј седеше при царската порта, Вихтан и Терес, двајца дворјани, вратари, се разгневија, па почнаа да се договараат за да дигнат рака+ на цар Ахасвер. 22  А Мардохеј дозна за тоа и веднаш ѝ кажа+ на царицата Естира, а Естира, пак, зборуваше со царот во името на Мардохеј.+ 23  Така работата беше испитана и на крајот потврдена, и тие двајца беа обесени+ на столб.+ И тоа се запиша пред царот во летописите.+

Фусноти

Во 2Ца 24:8 „Јоахин“, а во Ере 22:24 „Хониј“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
По изгнанството во Вавилон, вака се викал 10. месец од еврејскиот лунарен календар. Види го додатокот 14.