Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 8:1-22

8  „Во тоа време,“ вели Јехова, „луѓето ќе ги извадат од нивните гробови коските на царевите на Јуда, коските на неговите кнезови, коските на свештениците, коските на пророците и коските на жителите на Ерусалим.+  И ќе ги распрострат пред сонцето и пред месечината и пред сета небесна војска, која ја сакаа, на која ѝ служеа, по која одеа,+ која ја бараа и на која ѝ се поклонуваа.+ Нема да ги соберат, ниту ќе ги погребат. Ќе бидат како гној по земјата.“+  „На целиот остаток, кој ќе преостане од овој зол род, во сите места по кои ќе ги расеам оние што ќе преостанат,+ смртта ќе им биде помила од животот“,+ вели Јехова над војските.  „Речи им: ‚Вака вели Јехова: „Зар ќе паднат и нема повеќе да станат?+ Ако еден се врати од својот зол пат, зар нема и друг да се врати?+  Зошто е овој ерусалимски народ неверен и упорен во својата неверност? Се држат за препреденоста,+ не сакаат да се вратат од својот зол пат.+  Внимавав+ и слушав.+ Не зборуваат како што треба. Никој не се кае за својата злоба+ и не вели: ‚Што направив?‘ Секој се враќа на патот по кој одат сите,+ како коњ што јури во битка.  Дури и штркот на небото го знае своето време,+ грлицата,+ пиштарката и дроздот се држат за времето кога треба да се вратат. А мојот народ не го познава времето на Јеховиниот суд“.‘+  ‚Како можете да речете: „Мудри сме и го имаме Јеховиниот закон“?+ Навистина, лажното перо+ на писарите пишува само лаги.  Мудреците се посрамија.+ Се уплашија и ќе бидат фатени. Гледај, ја отфрлија Јеховината реч, па каква е тогаш нивната мудрост?+ 10  Затоа нивните жени ќе им ги дадам на други, нивните ниви на оние што одземаат имоти.+ Зашто, од најмалиот до најголемиот, сите трупаат неправедна добивка.+ Од пророк до свештеник, сите се измамници.+ 11  И згора-згора ја лечат раната на ќерката на мојот народ,+ велејќи: „Мир е! Мир е!“ — а мир нема.+ 12  Се посрамија ли поради тоа што правеа гадости?+ Ниту се посрамија ниту знаеја да се понизат.+ Затоа ќе паднат со оние што паѓаат. Ќе се сопнат кога ќе почнам да ги казнувам‘,+ вели Јехова.+ 13  ‚Кога ќе ги оберам, ќе ги уништам‘, вели Јехова.+ ‚Нема да има грозје на лозата,+ ни смокви на смоквата, дури и лисјата ќе овенат. Она што им го давам ќе отиде кај другите наместо кај нив‘.“ 14  „Зошто седиме мирно? Соберете се! Да влеземе во утврдените градови+ за да умреме таму!* Зашто, Јехова, нашиот Бог, нѐ осуди на смрт.*+ Јехова ни дава да пиеме затруена вода,+ зашто му згрешивме. 15  Се надевавме на мир, но нема добро,+ и на време за оздравување, а ете, страв!+ 16  Од Дан+ се слуша фучењето на неговите коњи. Од ’ржењето на неговите пастуви се тресе целата земја.+ Доаѓаат и ја проголтуваат земјата и сѐ што е на неа, градот и неговите жители.“ 17  „Зашто, еве, праќам меѓу вас змии, отровници,+ врз кои не дејствува баењето,+ и тие ќе ве касаат“, вели Јехова. 18  Ме обзеде неизлечлива тага.+ Срцето ми е болно. 19  Еве, ќерката на мојот народ вика за помош од далечна земја:+ „Зар Јехова не е на Сион?+ Зар неговиот цар не е на него?“+ „Зошто ме навредуваат со своите режани ликови, со своите ништожни туѓински богови?“+ 20  „Жетвата помина, летото заврши, а ние не сме спасени!“+ 21  Потресен сум+ од пропаста на ќерката на мојот народ.+ Тажен сум. Целиот сум вчудовиден.+ 22  Зар нема балсам во Галад?+ Зар таму нема лекар?+ Зошто тогаш не оздравува+ ќерката на мојот народ?+

Фусноти

Буквално: „и да молчиме таму!“
Буквално: „нѐ замолчи“.