Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 51:1-64

51  Вака вели Јехова: „Еве, ќе подигнам разорен ветар+ против Вавилон+ и против жителите на Лев-Камаи.*  Ќе испратам против Вавилон вејачи, кои ќе го извеат и ќе ја испразнат неговата земја.+ Ќе го опколат од сите страни во денот на неволјата.+  Стрелецот нека не го оптегнува лакот!+ Никој да не станува со својот оклоп! Немајте милост спрема неговите момчиња!+ Погубете ја* сета негова војска!+  Тие ќе паѓаат убиени во халдејската земја,+ прободени по неговите улици.+  Израел и Јуда+ не се како вдовици, зашто не ги оставил нивниот Бог, Јехова над војските.+ Голема вина има земјата на Халдејците во очите на Светецот на Израел.+  Бегајте од Вавилон,+ секој нека си ја спасува душата,+ за да не го изгубите животот поради неговиот престап!+ Зашто, време е за одмаздата на Јехова.+ Тој му плаќа според неговите дела.+  Вавилон е златна чаша во раката на Јехова,+ чаша што ја опи целата земја.+ Народите пиеја вино од неа+ и затоа се однесуваат безумно.+  Вавилон ненадејно падна и се сотре.+ Плачете горко над него!+ Донесете балсам за неговата болка!+ Можеби ќе се излекува“.  „Го лекувавме Вавилон, но не се излечи. Оставете го!+ Да појдеме секој во својата земја!+ Зашто, неговата осуда допира до небото и се крева до небесните облаци.+ 10  Јехова направи праведни дела за нас.+ Дојдете, да му го објавиме на Сион делото на Јехова, нашиот Бог!“+ 11  „Наострете ги стрелите!+ Застанете зад штитовите! Јехова ги подигна* медиските цареви,+ зашто науми да го уништи Вавилон.+ Тоа е Јеховина одмазда, одмазда за неговиот храм.+ 12  Подигнете собирен знак против ѕидовите на Вавилон!+ Зајакнете ги стражите!+ Распоредете стражари! Поставете заседи!+ Зашто, Јехова има своја намера и ќе го направи она што го изрече против жителите на Вавилон.“+ 13  „О ти, која живееш на големи води+ и имаш многу богатство,+ дојде твојот крај,+ нема повеќе да трупаш печалба.+ 14  Јехова над војските се заколна во својата душа:+ ‚Ќе те наполнам со луѓе како со скакулци,+ и тие ќе извикуваат радосно кога ќе те поразат‘.+ 15  Тој ја создаде земјата со својата сила,+ ја зацврсти плодната земја+ со својата мудрост+ и ги распна небесата+ со својот разум.+ 16  Од неговиот глас бучат водите на небесата, тој ја крева пареата од крајот на земјата.+ Му направил сливници на дождот+ и го изведува ветрот од своите ризници. 17  Секој човек се однесува неразумно, ништо не сфаќа.+ Секој златар ќе се посрами од својот режан лик,+ зашто неговите леани ликови се лага,+ нема живот* во нив.+ 18  Ништожни се,+ творби на кои луѓето ќе им се потсмеваат.+ Ќе пропаднат кога Бог ќе почне да ги казнува.+ 19  Но оној што е наследство на Јаков не е како нив,+ зашто тој е Творец на сѐ.+ Тој е неговата палка, неговото наследство.+ Јехова над војските е неговото име.“+ 20  „Ти си ми боздоган, воено оружје.+ Со тебе ќе ги сотрам народите, со тебе ќе ги уништам царствата. 21  Со тебе ќе ги сотрам коњот и неговиот јавач, со тебе ќе ја сотрам бојната кола и нејзиниот возач.+ 22  Со тебе ќе сотрам маж и жена, со тебе ќе сотрам старец и дете, со тебе ќе сотрам момче и девојка. 23  Со тебе ќе го сотрам пастирот и неговото стадо, со тебе ќе го сотрам земјоделецот и неговиот впрегнат добиток, со тебе ќе сотрам управители и намесници. 24  И ќе им отплатам на Вавилон и на сите жители на Халдеја за сето зло што му го направија на Сион пред ваши очи“,+ вели Јехова. 25  „Еве, доаѓам против тебе,+ погубна планино“,+ вели Јехова, „што ја уништуваш целата земја!+ Ќе ја кренам раката против тебе, ќе те стркалам од стрмните карпи над кои се воздигаш, и ќе те претворам во изгорена планина.“+ 26  „Од тебе повеќе нема да земаат аголен камен, ниту камен за темели,+ зашто ќе бидеш вечна пустош“,+ вели Јехова. 27  „Подигнете собирен знак во земјата!+ Задувајте во рог меѓу народите! Подгответе*+ ги народите за војна против него! Повикајте ги против него царствата — Арарат,+ Мини и Асхенас!+ Испратете заповедници да ја соберат војската за напад против него! Доведете многу коњи+ како бодликави скакулци! 28  Подгответе ги народите за војна против него, медиските цареви,+ управителите и сите нивни намесници и сета земја со која владеат! 29  Нека се затресе земјата и нека биде во тешка болка,+ бидејќи Јеховината намера ќе се изврши на Вавилон. Вавилонската земја ќе ја претворат во ужасна глетка, ненаселена пустош.+ 30  Јунаците на Вавилон престанаа да се борат. Испоседнаа во тврдините, им ја снема силата.+ Станаа како жени.+ Изгорени се куќите во градот, искршени се резињата на неговите врати.+ 31  Стигнува гласник по гласник, стигнува известувач по известувач+ за да му јави на вавилонскиот цар дека неговиот град е освоен од сите страни,+ 32  дека плитките места се заземени,+ бродовите од папирусна трска се изгорени со оган, а воините се збунети.“+ 33  Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Вавилонската ќерка е како гумно.+ Време е да биде изгазена. Уште малку и ќе ѝ дојде времето за жетва“.+ 34  „Ме проголта Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ ме фрли во збунетост. Ме остави како празен сад. Ме проголта како голема змија,+ си го наполни мевот со моите убавини. Како со вода ме изми од моето место. 35  ‚Насилството што ми беше направено мене и на моето тело нека дојде врз Вавилон!‘ — ќе велат жителите на Сион.+ ‚Мојата крв нека дојде врз жителите на Халдеја!‘ — ќе вели Ерусалим.“+ 36  Затоа, вака вели Јехова: „Еве, јас ќе ја водам твојата парница+ и ќе се одмаздам заради тебе.+ Ќе го исушам неговото море и ќе ги исушам неговите извори.+ 37  Вавилон ќе биде куп камења,+ дувло на шакали,+ ужасна глетка поради која луѓето од зачуденост ќе свиркаат, и тој ќе остане без жители.+ 38  Сите заедно ќе рикаат како млади лавови. Ќе завиваат како мали лавчиња“. 39  „Кога ќе се загреат, ќе им приредам гозба и ќе ги опијам за да бидат весели,+ па ќе заспијат со траен сон од кој нема да се разбудат“,+ вели Јехова. 40  „Ќе ги одведам како овни на колење, како овни и јарци.“+ 41  „О, како беше освоен Сесах,+ како беше поробена Славата на целата земја!+ Како стана Вавилон грозна глетка меѓу народите!+ 42  Морето се издигна над Вавилон. Го прекри со многуте свои бранови.+ 43  Неговите градови станаа грозна глетка, безводна земја и пустина.+ Неговите градови се како земја во која никој не живее, никој не поминува низ нив.+ 44  Ќе се пресметам со Вел+ во Вавилон, и ќе го извлечам од неговата уста она што го проголтал.+ Народите нема повеќе да се слеваат кон него.+ Ќе паднат ѕидовите на Вавилон.+ 45  Излези од него, народе мој,+ и секој нека си ја спаси душата+ од распламтениот гнев на Јехова!+ 46  Инаку вашето срце ќе биде во страв+ и ќе се исплашите од веста што ќе се чуе во земјата. Во една година ќе дојде вест, а потоа и во другата година ќе дојде вест и ќе има насилство во земјата и владетел ќе се крене против владетел. 47  Затоа, еве, доаѓаат денови кога ќе ги казнам режаните ликови на Вавилон,+ и ќе се посрами целата негова земја и сите негови убиени ќе паднат среде него.+ 48  Над Вавилон радосно ќе воскликнуваат небото и земјата и сѐ што е во нив,+ зашто од север ќе дојдат неговите пустошници“,+ вели Јехова. 49  „Вавилон ги погуби Израелците,+ но во него се убиени и луѓе од целиот свет.+ 50  Вие што му побегнавте на мечот, одете! Не стојте!+ Иако сте далеку, сеќавајте се на Јехова,+ и Ерусалим нека ви биде во срцето!“+ 51  „Посрамени сме,+ зашто чувме за срамот.+ Понижување ги покри нашите лица,+ зашто туѓинци дојдоа против светите места каде што се наоѓа Јеховиниот дом.“+ 52  „Затоа, еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога ќе ги казнам неговите режани ликови,+ и по целата негова земја ќе стенкаат неговите ранети.“+ 53  „Кога Вавилон би се воздигнал до небото+ и кога цврсто би се утврдил на непристапните висини,+ сепак би пуштил пустошници против него“,+ вели Јехова. 54  „Слушајте! Во Вавилон има викотница+ и во халдејската земја голема пропаст,+ 55  зашто Јехова го пустоши Вавилон, и ќе ја прекине големата врева во него.+ Нивните бранови бучат како големи води.+ Се разлева нивното бучење. 56  Зашто, доаѓа пустошникот против него, против Вавилон,+ и ќе бидат заробени неговите јунаци.+ Нивните лакови ќе бидат искршени,+ зашто Јехова е Бог што плаќа.+ И навистина ќе им плати!+ 57  Ќе ги опијам неговите кнезови и неговите мудреци, неговите управители и неговите намесници и неговите јунаци,+ па ќе заспијат со траен сон од кој нема да се разбудат“,+ вели Царот,+ кому името му е Јехова над војските.+ 58  Вака вели Јехова над војските: „Ѕидовите на Вавилон, иако се широки, ќе бидат разурнати,+ а неговите порти, иако се високи, ќе бидат изгорени со оган.+ Народите ќе се трудат залудно,+ племињата ќе се трудат за оган,+ но само ќе се изморат“. 59  Ова е речта што му ја заповеда пророкот Еремија на Сераја, синот на Нирија,+ син на Масеја,+ кога овој заминуваше во Вавилон со Седекија, царот на Јуда, во четвртата година од неговото царување, а Сераја беше надзорник. 60  Еремија ја запиша во една книга+ сета неволја што требаше да дојде врз Вавилон, сите оние зборови напишани против Вавилон. 61  И Еремија му рече на Сераја: „Кога ќе дојдеш во Вавилон, кога ќе го видиш со свои очи, прочитај ги наглас сите овие зборови!+ 62  И речи: ‚О Јехова, ти зборуваше против ова место, дека ќе го уништиш, така што во него нема да има жители,+ ни луѓе ни стока, туку ќе биде пустош довека‘. 63  А кога ќе ја прочиташ оваа книга, врзи ја за камен и фрли ја во Еуфрат!+ 64  И речи: ‚Вака ќе потоне Вавилон и никогаш повеќе нема да се подигне поради неволјата што ќе ја доведам врз него.+ А тие само ќе се изморат‘ “.+ Довде се зборовите на Еремија.

Фусноти

По сѐ изгледа дека името „Лев-Камаи“ се однесува на Халдеја.
Или: „Погубете ја како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „го поттикна духот на“.
Или: „дух“.
Буквално: „Посветете“.