Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 49:1-39

49  Вака вели Јехова за синовите на Амон:+ „Зар Израел нема синови, зар нема наследник? Зошто Малхам+ ја освои земјата на Гад+ и неговиот народ се насели во градовите на Израел?“+  „ ,Затоа, еве, доаѓаат денови‘, вели Јехова, ‚кога ќе огласам знак за војна+ против Рава+ на синовите на Амон, и од неа ќе остане пуст рид,+ а околните градови+ ќе бидат изгорени со оган.‘+ ‚А Израел ќе завладее над оние што завладеаја над него‘,+ вели Јехова.  ‚Плачи горко,+ Есевоне,+ зашто Гај е опустошен! Офкајте, градови околу Рава! Препашајте си козина!+ Тажете и талкајте меѓу камените трла, зашто Малхам ќе отиде во изгнанство+ со своите свештеници и со своите кнезови!+  Зошто се фалиш со своите плодни долини,+ ќерко неверна, која се надева на своето богатство+ и вели: „Кој ќе дојде да ме нападне?“ ‘ “+  „ ,Еве, ќе доведам стравотија против тебе‘,+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските, ‚од сите што се околу тебе. И ќе се распрснете, секој на своја страна,+ и ќе нема кој да ги собере бегалците.‘ “  „ ,Но, потоа ќе ги соберам заробените синови на Амон‘,+ вели Јехова.“  Вака вели Јехова над војските за Едом: „Зар нема повеќе мудрост+ во Теман?+ Зар исчезна советот од разборитите? Зар се распадна нивната мудрост?+  Бегајте!+ Отстапете! Слезете длабоко за да се засолните,+ жители на Дедан!+ Зашто ќе ја пуштам врз него неволјата на Исав. Дојде време да ги казнам.+  Кога би дошле кај тебе гроздоберачите, зар нема да ти остават нешто за доприбирање? Кога би дошле кај тебе крадци ноќе, зар не би опљачкале само толку колку што сакаат?+ 10  Но јас ќе го соголам Исав.+ Ќе ги откријам неговите скривалишта,+ па не ќе може да се скрие.+ Неговите потомци, неговите браќа и неговите соседи ќе бидат опустошени,+ а него повеќе ќе го нема.+ 11  Остави ги своите сирачиња!+ Јас ќе ги зачувам живи, и твоите вдовици ќе се надеваат на мене“.+ 12  Зашто, вака вели Јехова: „Еве, иако не се навикнати да ја пијат чашата на мојот гнев, ќе мора да ја испијат.+ А зарем ти ќе останеш неказнет? Нема да останеш неказнет, туку ќе пиеш“.+ 13  „Зашто, се заколнав самиот во себе“,+ вели Јехова, „дека Восор+ ќе биде грозна глетка,+ срамота, пустош и проклетство, а сите негови градови ќе бидат пусти довека.“+ 14  Чув вест од Јехова, испратен е гласник меѓу народите да каже: „Соберете се, тргнете против него, станете во бој!“+ 15  „Зашто, гледај, те направив мал меѓу народите, презрен меѓу луѓето.+ 16  Те измами стравот што им го влеваше на другите, надуеноста на твоето срце,+ ти што живееш меѓу клисурите и престојуваш на високите ридови. Иако како орел го свиваш своето гнездо на високо,+ ќе те соборам оттаму“,+ вели Јехова. 17  „Едом ќе стане грозна глетка.+ Секој што ќе помине покрај него ќе гледа вчудовидено и ќе потсвирнува зачудено поради сите негови неволји.+ 18  Кога ќе биде разурнат, како што беа Содом и Гомор и нивните соседни градови,“+ вели Јехова, „ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.+ 19  Гледај, непријателот ќе излезе како лав+ од јорданските честаци и ќе ги нападне оние што се на пасиштата кои секогаш се зеленеат.+ За миг ќе го натерам Едом да избега од својата земја.+ А над неговата земја ќе го поставам својот избраник. Зашто, кој е како мене?+ Кој ќе ме предизвика?+ Кој пастир може да опстане пред мене?+ 20  Затоа, чујте што наумил да направи Јехова против Едом+ и што замислил да направи против жителите на Теман:+ најмалите од стадото ќе бидат одвлечкани. Поради нивните дела тој ќе го опустоши нивното живеалиште.+ 21  Од нивниот громогласен пад се затресе земјата.+ Се слуша викотница,+ одекнува дури до Црвеното Море!+ 22  Гледај, непријателот ќе се подигне како орел и вратоломно ќе се спушти,+ и ќе ги рашири крилјата над Восор,+ а срцето на едомските јунаци во тој ден ќе биде како срцето на жена во породилни маки.“+ 23  За Дамаск:+ „Се посрамија Емат+ и Арфад,+ зашто чуја лоша вест. Страв ги совлада.+ Морето е во мака, не може да се смири.+ 24  Дамаск ја изгуби храброста. Се сврте и почна да бега, страв го обзеде.+ Тегоба и породилни маки го обзедоа како родилка.+ 25  Зарем не е напуштен славниот град, градот на веселбата?+ 26  Затоа, неговите момчиња ќе испопаѓаат по неговите плоштади и сите воини ќе загинат* во тој ден“,+ вели Јехова над војските. 27  „Ќе запалам оган на ѕидот на Дамаск и тој ќе ги проголта утврдените дворци на Вен-Адад“.+ 28  Вака рече Јехова за Кидар+ и за асорските+ царства, кои ги порази Навуходоносор, царот на Вавилон:+ „Станете, тргнете против Кидар и опленете ги синовите на Истокот!+ 29  Ќе им бидат одземени шаторите+ и стадата,+ шаторските платна+ и сѐ што имаат. Ќе им бидат одведени камилите.+ Ќе им викаат: ‚Страв владее насекаде!‘ “+ 30  „Бегајте, бегајте далеку! Слезете длабоко за да се засолните таму, жители на Асор!“+ — вели Јехова. „Зашто, Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ реши да ви направи нешто и смисли нешто против вас.“ 31  „Станете, појдете против безгрижниот народ,+ кој живее во сигурност!“+ — вели Јехова. „Тој нема ни врати ни резиња. Живее во осаменост.+ 32  Нивните камили+ ќе бидат земени како плен, нивниот многуброен добиток ќе им биде грабнат. Ќе ги распрснам на сите страни*+ оние што ја потсечуваат косата на слепоочниците,+ и од сите околни краишта ќе доведам неволја врз нив“, вели Јехова. 33  „Асор+ ќе стане дувло на шакали,+ ќе биде пуст довека. Ниту еден човек нема да живее таму, ниту еден човечки син нема да се насели во него.“+ 34  Оваа реч за Елам му дојде на пророкот Еремија од Јехова,+ на почетокот од царувањето на Седекија,+ царот на Јуда: 35  „Вака вели Јехова над војските: ‚Еве, ќе го скршам лакот на Елам,+ главната негова сила. 36  Ќе доведам против Елам четири ветра од четири краишта на небото.+ И ќе ги распрснам во сите тие ветрови,+ и ќе нема народ во кој Еламците нема да бидат расеани‘.“+ 37  „Ќе ги натерам Еламците да треперат пред своите непријатели, пред оние што ја бараат нивната душа. Ќе донесам врз нив неволја, мојот распламтен гнев“,+ вели Јехова. „Ќе испратам по нив меч за да ги истребам.“+ 38  „И ќе го поставам својот престол во Елам+ и ќе ги сотрам таму царот и кнезовите“, вели Јехова. 39  „А во последните денови+ ќе ги соберам заробените Еламци“,+ вели Јехова.

Фусноти

Буквално: „ќе бидат замолчени“.
Буквално: „во сите ветрови“, односно во секој правец во кој дува ветрот. Хебрејски идиом.