Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 47:1-7

47  Ова е речта што Јехова му ја кажа на пророкот Еремија за Филистејците,+ пред фараонот да ја освои Газа.+  Вака рече Јехова: „Еве, надоаѓаат води+ од север+ и се претвораат во голем порој. Ќе ја поплават земјата и сѐ што е на неа, градот и оние што живеат во него.+ И луѓето ќе викаат, и ќе плачат горко сите што живеат во земјата.+  Од топотот на копитата на неговите пастуви,+ од тропањето на неговите бојни коли+ и од татнежот на тркалата,+ на татковците нема да им е грижа за синовите, бидејќи нивните раце ќе изгубат сила,  поради денот што доаѓа за да ги истреби сите Филистејци,+ да ги сотре сите што им помагаат+ на Тир+ и на Сидон.+ Зашто, Јехова ги истребува Филистејците+ — остатокот од островот Кафтор.+  На Газа+ ќе ѝ биде избричена главата.+ Аскалон+ ќе биде разорен.* О вие што сте остаток од нивната долина,  до кога ќе се сечете по телото?+  О мечу Јеховин!+ Кога ќе се смириш? Врати се во својата ножница!+ Застани и остани мирен!  Како да се смири кога Јехова му заповеда да ги нападне Аскалон и морскиот брег?+ Му одреди да појде таму“.

Фусноти

Буквално: „замолчен“.