Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 43:1-13

43  Кога Еремија му ги кажа на народот сите тие зборови од Јехова, нивниот Бог, кои им ги испрати Јехова, нивниот Бог, преку него,+  Азарија, синот на Осаја,+ и Јоанан,+ синот на Кареја, и сите дрски луѓе+ му рекоа на Еремија: „Зборуваш лага!+ Не те испратил Јехова, нашиот Бог, да речеш: ‚Не одете во Египет за да живеете таму!‘+  — туку Варух,+ синот на Нирија, те наговорил да нѐ предадеш во рацете на Халдејците, за да нѐ убијат или да нѐ одведат во изгнанство во Вавилон“.+  И Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници и сиот народ не го послушаа Јехова,+ кој им рече да останат во земјата на Јуда.+  Така Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници го поведоа целиот остаток од Јуда, кој се беше вратил откај сите народи меѓу кои беше расеан за да живее во земјата на Јуда:+  мажите, жените, децата, ќерките на царот+ и сите души што Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, ги беше оставил кај Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ и пророкот Еремија и Варух,+ синот на Нирија.  И дојдоа во египетската земја,+ бидејќи не го послушаа гласот на Јехова. И стигнаа до Тафнис.+  Тогаш му дојде Јеховината реч на Еремија во Тафнис:  „Земи во рацете големи камења и пред очите на сите Јудејци* покриј ги со малтер на терасата направена од тули што се наоѓа на влезот од фараоновиот дом во Тафнис.+ 10  И речи им: ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Еве, ќе го испратам по Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ својот слуга.+ Ќе го доведам и ќе го поставам неговиот престол на овие камења што ги покрив, и тој ќе го распне својот раскошен шатор над нив. 11  Ќе дојде и ќе удри на египетската земја.+ Секој што е за смртоносен помор, ќе умре од помор. Секој што е за заробеништво, ќе отиде во заробеништво. Секој што е за меч, ќе падне од меч.+ 12  Ќе запалам оган во храмовите на египетските богови.+ Тој ќе ги изгори и ќе ги одведе во заробеништво и ќе се наметне со египетската земја, како што овчарот се наметнува со својата облека,+ и мирно ќе замине оттаму. 13  И ќе ги испокрши столбовите во Вет-Семес,* кој е во египетската земја, а храмовите на египетските богови ќе ги изгори со оган“ ‘ “.

Фусноти

Или: „Евреи“.
Или: „Хелиополис“.