Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 41:1-18

41  И така во седмиот месец, Исмаел,+ синот на Нетанија, син на Елисама,+ од царскиот род,+ и еден од водечките луѓе на царот, дојде со десет луѓе+ кај Годолиј, синот на Ахикам, во Миспа.+ И таму во Миспа јадеа заедно.+  Тогаш Исмаел, синот на Нетанија, со десеттемина што беа со него, стана и го уби со меч Годолиј, синот на Ахикам, син на Сафан.+ И така го уби оној кого вавилонскиот цар го беше поставил над земјата.+  Исмаел ги уби и сите Јудејци* што беа со него, со Годолиј, во Миспа, и Халдејците што се затекнаа таму, воините.  А утредента, откако го уби Годолиј, додека уште никој не знаеше за тоа,+  дојдоа луѓе од Сихем,+ од Сило+ и од Самарија,+ осумдесет луѓе со избричени бради,+ со искинати облеки и исечени по телото.+ Тие носеа житни жртви и темјан+ во рацете за да ги принесат во Јеховиниот дом.  Пред нив од Миспа плачејќи излезе+ Исмаел, синот на Нетанија. Кога дојде до нив, им рече: „Дојдете кај Годолиј, синот на Ахикам!“  А кога дојдоа среде градот, Исмаел, синот на Нетанија, и луѓето што беа со него, ги заклаа и ги фрлија во јама.*+  А меѓу нив имаше десет луѓе кои веднаш му рекоа на Исмаел: „Немој да нѐ убиеш, зашто имаме во полето скриени резерви од пченица, јачмен, масло и мед“.+ Затоа се откажа и не ги уби со нивните браќа.  А јамата во која Исмаел+ ги фрли сите трупови на луѓето што ги беше убил, беше голема јама, онаа што ја беше направил царот Аса поради Васа, израелскиот цар.+ Таа јама Исмаел, синот на Нетанија, ја наполни со оние што ги уби. 10  Тогаш Исмаел го зароби целиот остаток од народот што беше во Миспа,+ ќерките на царот+ и целиот народ што остана во Миспа,+ а кој Невузардан, заповедникот на телесната стража, му го беше доверил на Годолиј, синот на Ахикам.+ И така Исмаел, синот на Нетанија, ги зароби и тргна кај синовите на Амон.+ 11  А Јоанан,+ синот на Кареја, и сите воени заповедници+ што беа со него, чуја за сето зло што го направи Исмаел, синот на Нетанија. 12  И ги зедоа сите луѓе и тргнаа во бој против Исмаел, синот на Нетанија, и го најдоа кај големата вода во Гаваон.+ 13  А кога целиот народ што беше со Исмаел го виде Јоанан, синот на Кареја, и сите воени заповедници што беа со него, се израдува. 14  И сиот заробен народ, кој Исмаел го водеше од Миспа,+ се сврте и се упати кон Јоанан, синот на Кареја. 15  А Исмаел, синот на Нетанија, со осум луѓе, избега+ пред Јоанан и отиде кај синовите на Амон. 16  А Јоанан,+ синот на Кареја, и сите воени заповедници што беа со него, го зедоа целиот остаток од народот што Исмаел, синот на Нетанија, го одведе од Миспа откако го уби Годолиј,+ синот на Ахикам — мажи, воини, жени, деца и дворјани — и ги поведе од Гаваон. 17  И тргнаа, а потоа запреа во ноќевалиштето на Химам, кое е крај Витлеем.+ Потоа тргнаа оттаму и дојдоа во Египет+ 18  зашто се плашеа од Халдејците,+ бидејќи Исмаел, синот на Нетанија, го уби Годолиј, синот на Ахикам,+ кого вавилонскиот цар го беше поставил над земјата.+

Фусноти

Или: „Евреи“.
Или: „резервоар“.