Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 40:1-16

40  Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова откако Невузардан,+ заповедникот на телесната стража, го пушти Еремија од Рама,+ додека беше окован меѓу сите изгнаници од Ерусалим и од Јуда, кои ги водеа во изгнанство во Вавилон.+  Тогаш заповедникот на телесната стража го зеде Еремија и му рече: „Јехова, твојот Бог, рече дека ќе му ја нанесе оваа неволја на ова место.+  Јехова тоа и го исполни и направи точно како што рече, зашто му згрешивте на Јехова и не го послушавте неговиот глас. Затоа ви се случи ова.+  Еве, денес те ослободувам од оковите што ти се на рацете. Ако ти е по волја да појдеш со мене во Вавилон, појди, и моето око ќе бдее над тебе.+ А ако не ти е по волја да појдеш со мене во Вавилон, тогаш остани. Гледај, целата земја ти е отворена! Оди таму каде што мислиш дека е добро и каде што сакаш да одиш!“+  И додека тој размислуваше каде да појде, Невузардан му рече: „Врати се кај Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ кого царот на Вавилон го постави над градовите на Јуда, и остани кај него меѓу народот, или оди каде што сакаш да одиш“.+ Тогаш заповедникот на телесната стража му даде храна и подарок, па го отпушти.+  И така Еремија дојде  кај Годолиј,+ синот на Ахикам, во Миспа+ и остана кај него со народот што беше преостанал во земјата.  А сите воени заповедници што се наоѓаа во земјата+ и нивните луѓе слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил Годолиј, синот на Ахикам, над земјата и дека му ги доверил мажите и жените и децата и сиромасите од народот,* кои не беа одведени во изгнанство во Вавилон.+  И дојдоа кај Годолиј во Миспа: Исмаел,+ синот на Нетанија, Јоанан+ и Јонатан, синовите на Кареја, Сераја, синот на Танумет, синовите на Ефај од Нетофа+ и Језанија,+ син на некојси Макатец+ — тие и нивните луѓе.+  А Годолиј,+ синот на Ахикам,+ син на Сафан,+ им се заколна+ ним и на нивните луѓе и им рече: „Не плашете се да им служите на Халдејците! Останете во земјата и служете му на вавилонскиот цар, и ќе ви биде добро!+ 10  А јас, еве, ќе останам во Миспа+ за да ве застапувам пред Халдејците што ќе доаѓаат кај нас. А вие берете грозје,+ летно овошје* и маслинки, ставајте ги во своите садови и останете во своите градови што сте ги зазеле!“ 11  И сите Јудејци* што беа во Моав, меѓу синовите на Амон и во Едом, како и оние што беа по сите други земји,+ слушнаа дека вавилонскиот цар му оставил остаток на Јуда и дека над нив го поставил Годолиј,+ синот на Ахикам, син на Сафан. 12  И сите Јудејци почнаа да се враќаат од сите места по кои се беа расеале, па доаѓаа во земјата на Јуда, кај Годолиј во Миспа.+ И набраа мошне многу грозје и летно овошје. 13  А Јоанан,+ синот на Кареја,+ и сите воени заповедници што се наоѓаа во земјата+ дојдоа кај Годолиј во Миспа 14  и му рекоа: „Зар не знаеш дека Валис, царот на Амоновите синови,+ го испрати Исмаел,+ синот на Нетанија,+ да ја погуби твојата душа?“ Но, Годолиј, синот на Ахикам, не им поверува.+ 15  Тогаш Јоанан,+ синот на Кареја, му рече на Годолиј во тајност, во Миспа: „Одам да го убијам Исмаел, синот на Нетанија. Никој нема да дознае за тоа.+ Зошто тој да ја погуби твојата душа и зошто да се расее целиот народ на Јуда што се собра околу тебе и да пропадне остатокот на Јуда?“+ 16  Но Годолиј,+ синот на Ахикам,+ му рече на Јоанан, синот на Кареја: „Не прави го тоа, зашто не е точно тоа што го велиш за Исмаел“.+

Фусноти

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Види ја фуснотата за 2Са 16:1.
Или: „Евреи“.