Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 4:1-31

4  „Ако се вратиш, Израеле“, вели Јехова, „врати се кај мене!+ Ако ги отстраниш своите гнасотии од пред мене,+ не ќе мора да живееш во туѓа земја.  Ако се заколнеш:+ ‚Како што е жив Јехова, Бог вистинољубив,+ праведен и правдољубив!‘+ — тогаш народите ќе се благословуваат со мене и со мене ќе се фалат.“+  Зашто, вака му вели Јехова на народот на Јуда и на Ерусалим: „Изорајте си земја, не сејте меѓу трње!+  Обрежете се заради Јехова, обрежете го своето срце,+ народе Јудин и жители ерусалимски, за да не дојде мојот гнев како оган и да не се разгори така, што никој не ќе може да го изгасне, поради вашите зли дела!“+  Објавете во Јуда, разгласете во Ерусалим,+ зборувајте и трубете во рог по целата земја!+ Викајте колку што глас ве држи и речете: „Соберете се! Да влеземе во утврдените градови!+  Подигнете кон Сион собирен знак! Најдете засолниште! Не стојте!“ Зашто, од север носам неволја,+ голема пропаст.  Се крена како лав од својот честак,+ тргна оној што ги сотира народите,+ појде од своето место за да ја претвори твојата земја во грозна глетка. Твоите градови ќе бидат разурнати и ќе останат без жители.+  Затоа опашете се во козина!+ Удирајте се в гради од тага и горко плачете,+ зашто распламтениот гнев на Јехова не се одврати од нас!+  „Во тој ден“, вели Јехова, „ќе премре срцето на царот+ и срцето на кнезовите, ќе се вчудовидат свештениците, ќе се зачудат пророците.“+ 10  А јас реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Навистина го измами овој народ+ и Ерусалим кога рече: ‚Ќе имате мир‘,+ а мечот ни дојде до душата“. 11  Во тоа време ќе им речат на овој народ и на Ерусалим: „Топол ветар од разгазените патеки дува преку пустината+ кон ќерката на мојот народ.+ Не е ниту за веење ниту за чистење на жито. 12  Силен ветар дува оттаму кон мене. А јас сега ќе им изречам осуда.+ 13  Гледај, непријателот ќе се појави како дождовните облаци. Неговите коли се како виор,+ неговите коњи се побрзи од орли.+ Ќе речете: ‚Тешко нам, пропаднавме!‘ 14  Измиј го злото од своето срце, Ерусалиме, за да се спасиш.+ До кога ќе се гнездат во тебе твоите зли мисли?+ 15  Зашто, глас јавува од Дан+ и објавува зло од ефремските планини.+ 16  Кажете им за тоа на народите! Објавете ја оваа реч против Ерусалим!“ „Стражари доаѓаат од далечна земја+ и ќе го пуштат својот глас против градовите на Јуда. 17  Како полски чувари го опколуваат од сите страни,+ зашто се побуни против мене“,+ вели Јехова. 18  „Твојот пат и твоите дела ќе те стигнат.+ Тоа е твојата неволја, а горчлива е, зашто допре до твоето срце.“ 19  Утробо моја, утробо моја! Тешка ми е болката во срцето.+ Срцето во мене се вознемири.+ Не можам да молчам, зашто мојата душа го чу звукот на рогот, знакот за војна.+ 20  Се објавува пропаст по пропаст, зашто целата земја е опустошена.+ Ненадејно се опустошени моите шатори,+ за миг — моите шаторски крила. 21  До кога ќе го гледам собирниот знак, до кога ќе го слушам звукот на рогот?+ 22  Мојот народ е безумен.+ Не ме слуша.+ Тие се неразумни синови, немаат разборитост.*+ Мудри се за да прават зло, но да прават добро не знаат.+ 23  Ја видов земјата, и гледај, беше празна и пуста.+ Ги видов небесата, а нивната светлина ја немаше повеќе.+ 24  Ги видов планините, и гледај, се затресоа и сите ридови се занишаа.+ 25  Видов, и гледај, немаше земен човек и сите небесни птици одлетале.+ 26  Видов, и гледај, плодната земја се претвори во пустина, сите нејзини градови се разурнати.+ Јехова го направи тоа во својот распламтен гнев. 27  Зашто, вака вели Јехова: „Целата земја ќе биде претворена во пустош,+ а јас сосема ќе ја уништам.+ 28  Затоа земјата ќе тагува,+ а небесата во висините ќе потемнат.+ Зашто, така реков, така одлучив, и нема да зажалам, ниту ќе отстапам од тоа.+ 29  Од звукот на коњаниците и на стрелците бега сиот град.+ Влегуваат во честаците и се качуваат на карпите.+ Сите градови се напуштени, никој не живее во нив“. 30  Што ќе правиш сега кога си опустошена? А се облекуваше во црвена облека, се украсуваше со златен накит, ги истакнуваше очите со црна боја.+ Залудно се разубавуваше.+ Те отфрлија оние што поулавуваа од страст по тебе. Сега ја бараат твојата душа.+ 31  Слушам глас како на болна жена, неволја како на жена која првпат раѓа,+ глас на сионската ќерка која подзема воздух. Таа ги шири рацете+ и вели: „Тешко мене! Мојата душа е изморена од убијците!“+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.