Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 32:1-44

32  Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова, во десеттата година на Седекија, царот на Јуда,+ односно во осумнаесеттата година на Навуходоносор.+  Тогаш војската на вавилонскиот цар го опсадуваше Ерусалим,+ а пророкот Еремија беше затворен во Стражарскиот Двор,+ кој е во домот на царот на Јуда,  бидејќи го беше затворил Седекија, царот на Јуда,+ велејќи: „Зошто пророкуваш:+ ‚Вака вели Јехова: „Еве, ќе го предадам овој град во рацете на вавилонскиот цар, и тој ќе го освои,+  а Седекија, царот на Јуда, нема да ѝ избега на халдејската рака, туку ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар, и ќе зборува со него лице в лице и ќе го гледа очи в очи“,+  „и овој ќе го одведе Седекија во Вавилон и тој ќе остане таму додека не го посетам“+ — вели Јехова — „и иако војувате против Халдејците, нема да успеете“ ‘?“+  Еремија рече: „Ми дојде Јеховината реч:  ‚Еве, ќе дојде кај тебе Анамеил, синот на Салум, твојот стрико, и ќе ти рече: „Купи ја мојата нива во Анатот,+ зашто ти имаш право на откуп и можеш да ја купиш!“ ‘ “+  И дојде кај мене Анамеил, синот на стрико ми, според Јеховината реч, во Стражарскиот Двор,+ и ми рече: „Купи ја, те молам, мојата нива во Анатот,+ во земјата на Венијамин,+ зашто ти имаш право да го наследиш тој посед, ти имаш право на откуп! Купи ја!“ Тогаш сфатив дека тоа беше Јеховината реч.+  И така ја купив од Анамеил,+ синот на стрико ми, нивата во Анатот.+ И му ги измерив парите,+ седум сикли* и десет сребреници. 10  И напишав договор,+ ставив печат+ и зедов сведоци+ кога ги мерев+ парите на вага. 11  Потоа го зедов купопродажниот договор, оној што беше запечатен според прописот и според уредбите+ и оној што остана отворен, 12  и му го дадов договорот на Варух,+ синот на Нирија,+ син на Масеја, пред очите на Анамеил, синот на стрико ми, и пред очите на сведоците што го потпишаа договорот,+ пред очите на сите Јудејци* што седеа во Стражарскиот Двор.+ 13  Тогаш му заповедав на Варух пред нив: 14  „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Земи ги овие договори, овој купопродажен договор, запечатениот, а и оној што остана отворен,+ и стави ги во земјен сад, за да останат зачувани многу денови‘. 15  Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Уште ќе се купуваат во оваа земја куќи и ниви и лозја‘ “.+ 16  Откако му го дадов купопродажниот договор на Варух,+ синот на Нирија,+ почнав да му се молам+ на Јехова: 17  „О Севишен Господару Јехова!+ Ти ги создаде небото и земјата со својата голема моќ+ и со својата подигната рака.+ Ништо не е невозможно за тебе,+ 18  кој им покажуваш милост* на илјадници,+ и за престапот на татковците им плаќаш во пазувите на нивните синови по нив,+ Боже вистински, велик+ и моќен,+ чие име е Јехова над војските.+ 19  Велик си во твоите намери+ и богат во своите дела.+ Твоите очи будно ги следат сите патишта на синовите човечки,+ за да му дадеш секому според неговите патишта и според плодовите на неговите дела.+ 20  Ти правеше знаци и чуда во египетската земја, кои се познати и денес и во Израел и меѓу другите луѓе,+ за да си стекнеш име, какво што имаш денес.+ 21  И го изведе својот народ, Израел, од египетската земја,+ со знаци и со чуда,+ со силна рака и со подигната мишка, и со големи стравотии.+ 22  И им ја даде оваа земја за која им се заколна на нивните татковци дека ќе им ја дадеш,+ земја во која тече мед и млеко.+ 23  Дојдоа во неа и ја зазедоа,+ но не го послушаа твојот глас и не живееја* според твојот закон.+ Не правеа ништо од она што им го заповеда,+ па им ги нанесе сите овие неволји.+ 24  Гледај, со тоа што подигна опсадни насипи,+ војската му се приближи на градот за да го освои,+ и градот ќе падне во рацете на Халдејците, кои се борат против него,+ и ќе падне од меч,+ глад+ и помор.+ Се случува она што го рече ти. Еве, и самиот го гледаш тоа.+ 25  А ти, Севишен Господару Јехова, сепак ми велиш: ,Купи ја нивата за пари+ и земи сведоци‘,+ иако градот ќе биде предаден во рацете на Халдејците“.+ 26  Тогаш му дојде на Еремија Јеховината реч: 27  „Гледај, јас сум Јехова, Бог на секој човек.+ Зар има за мене нешто невозможно?+ 28  Затоа, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе го предадам овој град во рацете на Халдејците и во рацете на Навуходоносор, царот на Вавилон, и тој ќе го освои.+ 29  Халдејците, кои се борат против овој град, ќе влезат во него и ќе го запалат и ќе го изгорат со оган+ него и куќите на чии покриви му гореа приноси на Ваал и им излеваа жртви налевници на други богови за да ме навредат‘.+ 30  ‚Зашто, синовите на Израел и синовите на Јуда од својата младост го прават само она што е зло во мои очи.+ Синовите на Израел ме навредуваат со делата на своите раце‘,+ вели Јехова. 31  ‚Зашто, од денот кога го изградија до ден-денес, овој град ми е само за гнев+ и за лутина, и затоа ќе го отстранам од пред своето лице,+ 32  поради сето зло што го направија синовите на Израел+ и синовите на Јуда+ за да ме навредат+ — тие, нивните цареви,+ нивните кнезови,+ нивните свештеници+ и нивните пророци,+ народот на Јуда и жителите на Ерусалим. 33  Ми го свртуваа грбот, а не лицето,+ и иако ги поучував — станував рано и ги поучував — никој од нив ниту слушаше, ниту прифати поука.+ 34  Ги ставаа своите гадни богови* во домот што го носи моето име, за да го осквернат.+ 35  И му градеа обредни височинки на Ваал+ во долината на синот на Еном,+ за да ги водат низ оган кај Молох+ своите синови и ќерки,+ нешто кое јас никогаш не сум им го заповедал,+ ниту некогаш ми дошло на ум да прават таква гадост,+ па така да го наведат Јуда на грев.‘+ 36  Затоа, вака вели Јехова, Богот на Израел, за овој град за кој вие велите дека од меч, глад и помор ќе падне во рацете на вавилонскиот цар:+ 37  ‚Еве, ќе ги соберам од сите земји низ кои ќе ги расеам во својот гнев и во својата јарост и во голема лутина,+ па ќе ги вратам на ова место и ќе им дадам да живеат без страв.+ 38  Тие ќе бидат мој народ,+ а јас ќе им бидам Бог.+ 39  И ќе им дадам едно срце+ и еден пат за да се бојат од мене секогаш, за нивно добро и за доброто на нивните синови по нив.+ 40  И ќе склучам со нив траен сојуз,+ дека нема да се одвратам од нив и дека ќе им правам добро.+ И ќе им го ставам во срцето стравот од мене, за да не отстапат од мене.+ 41  И ќе им се радувам правејќи им добро+ и ќе ги засадам верно во оваа земја,+ со сето свое срце и со сета своја душа‘ “. 42  „Зашто, вака вели Јехова: ‚Како што ја доведов врз овој народ сета оваа голема неволја, така ќе го доведам врз нив сето добро за кое им зборувам.+ 43  Ќе се купуваат ниви во оваа земја+ за која вие ќе велите: „Ова е пустош,+ без луѓе и без стока. Предадена е во рацете на Халдејците“ ‘.+ 44  ‚Ќе се купуваат ниви за пари, ќе се пишуваат и ќе се запечатуваат договори+ и ќе се земаат сведоци+ во земјата на Венијамин,+ во околината на Ерусалим,+ во градовите на Јуда,+ во планинските градови, во низинските* градови+ и во јужните градови,+ зашто ќе ги вратам нивните заробеници‘,+ вели Јехова.“

Фусноти

Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.
Или: „Евреи“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „одеа“.
Буквално: „гадотии“.
Или: „шефелските“.