Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 29:1-32

29  Ова се зборовите на писмото кое пророкот Еремија им го прати од Ерусалим на остатокот од изгнаните старешини, и на свештениците, и на пророците, и на сиот народ, кои Навуходоносор ги одведе од Ерусалим во изгнанство во Вавилон,+  откако цар Јехонија,+ царицата-мајка,+ дворјаните, кнезовите на Јуда и на Ерусалим,+ занаетчиите и градителите на бедеми+ заминаа од Ерусалим.  Писмото го испрати по Еласа, синот на Сафан,+ и по Гемарија, синот на Хелкија, кои Седекија,+ царот на Јуда, ги испрати во Вавилон кај Навуходоносор, вавилонскиот цар, а во него стоеше:  „Вака им вели Јехова над војските, Богот на Израел, на сите изгнаници што ги испрати од Ерусалим во изгнанство+ во Вавилон:  ‚Градете куќи и живејте во нив, садете градини и јадете го нивниот род!+  Женете се и раѓајте синови и ќерки!+ Женете ги синовите и мажете ги ќерките, нека раѓаат синови и ќерки! Множете се таму, за да не бидете малобројни!  И барајте мир за градот во кој ве испратив во изгнанство и молете му се на Јехова за него, зашто во неговиот мир почива и вашиот мир!+  Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Не дозволувајте да ве измамат вашите пророци, кои се меѓу вас, и вашите гаталци,+ и не слушајте ги нивните соништа што ги сонуваат!+  ‚Лажно ви пророкуваат во мое име. Јас не ги испратив‘,+ вели Јехова.“ ‘ “ 10  „Вака вели Јехова: ‚Кога ќе навршат седумдесет години во Вавилон, ќе ве посетам+ и ќе ви го исполнам својот добар збор дека ќе ве вратам на ова место‘.+ 11  ‚Зашто, јас добро знам какви се моите намери со вас,‘+ вели Јехова, ‚намери за мир, а не за неволја,+ за да ви дадам иднина и надеж.+ 12  Вие ќе ме повикувате, ќе доаѓате кај мене и ќе ми се молите, а јас ќе ве слушам.‘+ 13  ‚Ќе ме барате, и ќе ме најдете,+ зашто ќе ме барате со сето свое срце.+ 14  И ќе ви дозволам да ме најдете‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ги соберам вашите заробеници и ќе ве соберам од сите народи и од сите места по кои ве расеав‘,+ вели Јехова. ‚Ќе ве вратам на местото од каде што ве испратив во изгнанство.‘+ 15  Но вие велите: ‚Јехова ни подигна пророци во Вавилон‘. 16  Вака им вели Јехова на царот, кој седи на Давидовиот престол,+ и на сиот народ што живее во овој град, на вашите браќа што не заминаа со вас во изгнанство:+ 17  ‚Вака вели Јехова над војските: „Еве, ќе испратам против нив меч,+ глад+ и помор,+ и ќе направам да бидат како распукнати смокви, кои се толку лоши што не можат да се јадат.“ ‘+ 18  ‚И ќе ги гонам со меч, со глад и со помор, и ќе направам да бидат ужасна глетка за сите земни царства,+ да бидат проклетство и грозотија, за да потсвирнуваат поради нив од зачуденост и да им се потсмеваат сите народи меѓу кои ќе ги расеам,+ 19  зашто не ги слушаа моите зборови‘, вели Јехова, ‚кои им ги испраќав преку своите слуги, пророците, станував рано и ги испраќав.‘+ ‚Не слушавте‘,+ вели Јехова. 20  Сите вие, изгнаници,+ што ве испратив од Ерусалим во Вавилон,+ чујте ја Јеховината реч! 21  Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел, за Ахав, синот на Колај, и за Седекија, синот на Маасија, кои ви пророкуваат лага во мое име:+ ‚Еве, ќе му ги дадам во раце на Навуходоносор, царот на Вавилон, и тој ќе ги погуби пред ваши очи.+ 22  И сите изгнаници на Јуда што се во Вавилон ќе ги проколнуваат другите со нивното име, велејќи: „Јехова нека ти направи како на Седекија и како на Ахав,+ кои вавилонскиот цар ги изгоре во оган!“+ 23  Зашто, тие вршеа безумство во Израел,+ вршеа прељуба со жените на своите ближни+ и лажно зборуваа во мое име зборови кои не сум им ги заповедал.+ „Јас сум оној што го знае тоа и сведок сум на тоа“,+ вели Јехова.‘ “ 24  „А на Семаја+ од Нелам речи му: 25  ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Поради тоа што во свое име му испрати писма+ на сиот народ што е во Ерусалим, и на Софонија,+ синот на Маасија, свештеникот, и на сите останати свештеници, пишувајќи: 26  ‚Јехова те постави за свештеник наместо свештеникот Јодај, за добро да внимаваш во Јеховиниот дом+ на секој човек што се однесува како луд+ и пророкува, па да му ги ставиш во клада нозете и рацете и главата.+ 27  Тогаш зошто не го казни Еремија од Анатот,+ кој пророкува меѓу вас?+ 28  Зашто, тој ни порача нам во Вавилон: „Долго ќе трае тоа! Градете куќи и живејте во нив, садете градини и јадете го нивниот род...“ ‘ “ ‘ “+ 29  Свештеникот Софонија+ го прочита тоа писмо пред пророкот Еремија. 30  Тогаш Јеховината реч му дојде на Еремија: 31  „Испрати им ја на сите изгнаници+ оваа порака: ‚Вака вели Јехова за Семаја од Нелам: „Затоа што Семаја ви пророкуваше, а јас не го испратив, и ве наведуваше да верувате во лага,+ 32  вака вели Јехова: ‚Еве, ќе се пресметам со Семаја+ од Нелам и со неговото потомство‘.+ ‚Никој од неговите нема да остане во овој народ,+ и нема да го види доброто што ќе го направам за својот народ,‘+ вели Јехова, ‚зашто проповедаше побуна против Јехова‘ “ ‘ “.+

Фусноти