Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 28:1-17

28  Во истата година, во почетокот на царувањето на Седекија,+ царот на Јуда, во четвртата година, во петтиот месец, Ананија,+ синот на Азур, пророк од Гаваон,+ ми рече во Јеховиниот дом пред очи на свештениците и на сиот народ:  „Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: ‚Ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар.+  Во рок од две години ќе го вратам на ова место сиот прибор од Јеховиниот дом, кој Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ го зеде одовде и го однесе во Вавилон‘ “.  „ ,И Јехонија,+ синот на Јоаким,+ царот на Јуда, и сите изгнаници на Јуда што отидоа во Вавилон+ ќе ги вратам на ова место‘, вели Јехова, ‚бидејќи ќе го скршам јаремот+ на вавилонскиот цар.‘ “  А пророкот Еремија му се обрати на пророкот Ананија пред очите на свештениците и пред очите на сиот народ што стоеше во Јеховиниот дом.+  Вака рече пророкот Еремија: „Нека биде така!+ Така нека направи Јехова! Јехова нека ги потврди твоите зборови што ги пророкуваше и нека ги врати од Вавилон на ова место приборот од Јеховиниот дом и сите изгнаници!+  Но, те молам, чуј го овој збор што ќе ти го кажам тебе и на сиот народ!+  Пророците што беа пред мене и пред тебе од памтивек,+ на многу земји и големи царства им пророкуваа војна, неволја и помор.+  А кога пророкот ќе пророкува мир,+ па зборот на тој пророк ќе се исполни, ќе се знае дека Јехова навистина го испратил тој пророк“.+ 10  Тогаш пророкот Ананија го симна јаремот од вратот на пророкот Еремија и го скрши.+ 11  И Ананија+ рече пред очи на сиот народ: „Вака вели Јехова:+ ‚Вака ќе го скршам јаремот на Навуходоносор, вавилонскиот цар, во рок од две години, од вратот на сите народи‘ “.+ А пророкот Еремија си отиде по својот пат.+ 12  Потоа Јеховината реч му дојде на Еремија,+ откако пророкот Ананија го скрши јаремот од вратот на пророкот Еремија, и таа гласеше вака: 13  „Оди и речи му на Ананија: ‚Вака вели Јехова: „Ти го скрши дрвениот јарем,+ но наместо него ќе мораш да направиш железен јарем“.+ 14  Зашто, вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Железен јарем ќе им ставам на вратот на сите тие народи, за да му служат на Навуходоносор, вавилонскиот цар,+ и ќе му служат.+ Ќе му ги дадам и полските ѕверови“ ‘ “.+ 15  Тогаш пророкот Еремија му рече на пророкот Ананија:+ „Чуј, Ананија! Не те испратил Јехова, туку ти го наведуваш овој народ да верува во лага.+ 16  Затоа, вака вели Јехова: ‚Еве, ќе те збришам од лицето на земјата. Во оваа година ќе умреш,+ затоа што повикуваше на бунт против Јехова‘ “.+ 17  И пророкот Ананија умре во таа година, во седмиот месец.+

Фусноти