Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 25:1-38

25  Ова е речта што му дојде на Еремија за целиот народ на Јуда, во четвртата година на Јоаким,+ синот на Јосија, царот на Јуда, односно во првата година на Навуходоносор, вавилонскиот цар,  и таа реч пророкот Еремија им ја објави на целиот народ на Јуда и на сите жители на Ерусалим:  „Од тринаесеттата година на Јосија,+ синот на Амон, царот на Јуда, па до денешен ден, во овие дваесет и три години ми доаѓаше Јеховината реч и јас ви ја кажував — станував рано и зборував — но вие не слушавте.+  И Јехова ви ги праќаше сите свои слуги, пророците — стануваше рано и ги испраќаше — но вие не слушавте,+ не го приклонивте увото за да чуете+  како ви велат: ‚Вратете се, ве молам, секој од својот зол пат и од своите зли дела,+ па ќе останете во земјата што Јехова одамна ви ја даде вам и на вашите татковци за сите времиња.+  И не одете по други богови за да им служите и да им се клањате, и немојте да ме навредувате со делата на вашите раце, па нема да ви нанесам неволја‘.+  ‚Но вие не ме слушавте,‘ вели Јехова, ‚туку ме навредувавте со делата на своите раце, за своја несреќа.‘+  Затоа, вака вели Јехова над војските: ‚„Затоа што не ги послушавте моите зборови,  еве, ќе ги испратам и ќе ги подигнам сите народи од северот“,+ вели Јеховината реч, „и ќе го испратам по Навуходоносор, вавилонскиот цар, својот слуга,+ и ќе ги доведам против оваа земја+ и против нејзините жители и против сите овие околни народи,+ и ќе го сотрам* овој народ и ќе направам да биде грозна глетка и да потсвирнуваат поради нив од зачуденост+ и да биде пустош довека.+ 10  Ќе го сотрам меѓу нив гласот на радост и гласот на веселба,+ гласот на младоженец и гласот на невеста,+ звукот од рачна мелница+ и светлината на светилката.+ 11  Целата оваа земја ќе се претвори во пустош и ќе стане грозна глетка, и тие народи ќе му служат на вавилонскиот цар седумдесет години“ ‘.+ 12  ‚А кога ќе навршат тие седумдесет години,+ ќе ги повикам на одговорност вавилонскиот цар и тој народ+ поради нивниот престап,‘ вели Јехова, ‚и ќе ја повикам на одговорност целата халдејска земја+ и ќе ја претворам во вечна пустош.+ 13  Ќе ги доведам врз таа земја сите свои зборови што ги изреков против неа, сѐ што е запишано во оваа книга, кое го пророкуваше Еремија против сите народи.+ 14  Зашто, тие — многу народи и големи цареви+ — ги претворија во свои слуги,+ а јас ќе им платам според нивните дела, според делата на нивните раце.‘ “+ 15  Зашто, вака ми рече Јехова, Богот на Израел: „Земи ја од мојата рака оваа чаша со вино на гневот и напој ги со него сите народи кај кои ќе те испратам!+ 16  Тие ќе пијат и ќе почнат да се тетерават и да се однесуваат како безумни поради мечот што ќе го испратам меѓу нив“.+ 17  И ја зедов чашата од раката на Јехова и ги напоив сите народи кај кои ме испрати Јехова:+ 18  Ерусалим и градовите на Јуда и неговите цареви, неговите кнезови, за да се претворат во пустош и да станат грозна глетка,+ за да потсвирнуваат поради нив од зачуденост, за да бидат проклетство, што наскоро и ќе бидат;+ 19  фараонот, египетскиот цар, и неговите слуги, и неговите кнезови, и сиот негов народ;+ 20  сите туѓинци,* и сите цареви на земјата Уз,+ и сите цареви на филистејската земја,+ и Аскалон,+ и Газа,+ и Екрон,+ и остатокот од Азот;+ 21  Едом,+ и Моав,+ и синовите на Амон;+ 22  сите цареви на Тир,+ и сите цареви на Сидон,+ и царевите на островот* што е во приморскиот крај; 23  Дедан,+ и Тема,+ и Вуз, и сите оние што ја потстрижуваат косата на слепоочниците;+ 24  сите арапски цареви+ и сите цареви на туѓинците што живеат во пустината; 25  сите цареви на Зимриј, и сите цареви на Елам,+ и сите цареви на Медијците;+ 26  сите цареви на северот што се близу и далеку, еден по друг, и сите други земни царства што постојат на лицето на земјата; а по нив ќе пие и царот Сесах.*+ 27  „И речи им: ‚Вака вели Јехова над војските, Богот на Израел: „Пијте и опијте се, блујте и паднете, за да не станете повеќе+ од мечот што ќе го испратам меѓу вас!“ ‘+ 28  Ако не сакаат да ја земат чашата од твојата рака и да пијат, речи им: ‚Вака вели Јехова над војските: „Мора да пиете!+ 29  Зашто, еве, врз градот што го носи моето име почнувам да пуштам неволја,+ па зар вие ќе останете неказнети?“ ‘+ ‚Нема да останете неказнети, зашто ќе повикам меч против сите жители на земјата‘, вели Јехова над војските. 30  Ти пророкувај им ги сите овие зборови и речи им: ‚Јехова ќе рикне како лав од висината,+ од своето свето живеалиште ќе го пушти својот глас.+ Ќе рикне на своето живеалиште. Тој ќе извика против сите жители на земјата како што викаат оние што газат грозје‘.+ 31  ‚Ќе се чуе бучава до крајот на земјата, зашто Јехова има спор со народите.+ Лично тој ќе му суди на секој човек.+ Злите ќе му ги предаде на мечот‘,+ вели Јехова. 32  Вака вели Јехова над војските: ‚Еве, неволја оди од народ на народ,+ голема бура ќе се подигне од најоддалечените делови на земјата.+ 33  Во тој ден ќе има погубени од Јехова од едниот крај на земјата до другиот.+ Нема да бидат оплакувани, ниту некој ќе ги собере и ќе ги погребе.+ Ќе бидат како гној по земјата‘.+ 34  Горко плачете, пастири, и викајте!+ Валајте се во прав,+ водачи на стадото,+ зашто дојде времето да бидете заклани и растерани,+ ќе испопаѓате како скапоцени садови!+ 35  Снема прибежиште за пастирите, нема избавување за водачите на стадото.+ 36  Слушајте го викањето на пастирите и горкиот плач на водачите на стадото, зашто Јехова го пустоши нивното пасиште! 37  Мирните почивалишта останаа без живот поради распламтениот гнев на Јехова.+ 38  Тој го остави своето скривалиште како граблив млад лав,+ зашто нивната земја стана грозна глетка поради свирепиот меч и поради неговиот распламтен гнев.“+

Фусноти

Или: „ќе го сотрам како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Буквално: „целото мешано мноштво; сета мешавина од народи“.
Или: „крајбрежјето“.
Името „Сесах“ најверојатно се однесува на Вавилон.