Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 23:1-40

23  „Тешко на пастирите што ги упропастуваат и ги растеруваат овците кои се од моето пасиште!“+ — вели Јехова.  Затоа, вака вели Јехова, Богот на Израел, против пастирите што го пасат мојот народ: „Вие ги растеравте моите овци, ги расеавте, не се грижевте за нив“.+ „Еве, јас ќе се погрижам за вас поради вашите зли дела“,+ вели Јехова.  „Од сите земји по кои ги расеав, јас ќе го соберам остатокот од своите овци+ и ќе ги вратам на нивното пасиште,+ и ќе бидат плодни, и ќе се намножат.+  И ќе им подигнам пастири што ќе ги пасат,+ и од ништо повеќе нема да се бојат, ниту да се плашат,+ и ниту една нема да се изгуби“, вели Јехова.  „Еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога на Давид ќе му подигнам праведна фиданка.+ Царот ќе почне да царува+ и ќе постапува разборито, ќе го прави она што е исправно и праведно во земјата.+  Во негови денови, Јуда ќе се спаси,+ Израел ќе живее во сигурност.+ А ова е името со кое ќе се нарекува: Јехова Е Нашата Праведност.“+  „Затоа, еве, доаѓаат денови“, вели Јехова, „кога нема повеќе да се вели: ‚Како што е жив Јехова, кој ги изведе синовите на Израел од египетската земја‘,+  туку: ‚Како што е жив Јехова, кој го изведе и го доведе потомството на домот на Израел од северната земја и од сите земји‘ по кои ги расеав, и ќе живеат на своја земја.“+  Поради пророците, срцето ми е скршено во мене. Сите коски ми се тресат. Станав како пијан човек,+ како човек совладан од вино, поради Јехова и поради неговите свети зборови. 10  Зашто, земјата е полна со прељубници.+ Земјата тагува+ поради клетвата, се исушија пасиштата во пустелијата.+ Зло е она што го прават, неправедно ја користат својата моќ. 11  „Зашто, и пророкот и свештеникот се извалкаа.+ И во својот дом ја наоѓам нивната злоба“,+ вели Јехова. 12  „Затоа нивниот пат ќе им стане како лизгава земја+ во мрак, каде што ќе бидат турнати, и ќе паднат.“+ „Зашто, врз нив ќе донесам неволја, ќе дојде година во која ќе се пресметам со нив“,+ вели Јехова. 13  „Кај пророците на Самарија+ видов срамотни дела. Пророкуваат како пророците на Ваал+ и го заведуваат мојот народ, Израел.+ 14  Кај пророците на Ерусалим видов грозни работи.+ Вршат прељуба+ и кажуваат лага.*+ Ги поддржуваат злосторниците, па ниту еден од нив не се одвраќа+ од својата злоба. Сите тие ми станаа како Содом,+ а неговите жители како Гомор.“+ 15  Затоа, вака вели Јехова над војските против пророците: „Еве, ќе ги нахранам со пелин и ќе ги напојам со затруена вода.+ Зашто, од ерусалимските пророци се шири отпадништво+ по целата земја“. 16  Вака вели Јехова над војските: „Не слушајте ги зборовите на пророците што ви пророкуваат!+ Тие ве наведуваат на суетност.+ Ви кажуваат виденија од своето срце,+ а не од устата на Јехова.+ 17  Постојано им зборуваат на оние што ме презираат: ‚Јехова рече: „Ќе имате мир“ ‘.+ И на секој што се поведува по своето тврдокорно срце*+ му велат: ‚Нема да ве снајде никаква неволја‘.+ 18  Зашто, кој беше меѓу блиските пријатели+ на Јехова, па можел да ја види и да ја чуе неговата реч?+ Кој ѝ обрнал внимание на неговата реч за да ја чуе?+ 19  Гледај, ќе дојдат Јеховиниот виор, лутина, голема бура.+ Ќе се спуштат вратоломно врз главата на злите.+ 20  Јехова нема да го одврати својот гнев додека не ги изврши+ и не ги исполни намерите на своето срце.+ Во последните денови ќе размислувате за тоа и појасно ќе го разберете.+ 21  Јас не ги испратив тие пророци, а тие сепак трчаат. Не им зборував, а тие сепак пророкуваат.+ 22  Но, да беа меѓу моите блиски пријатели,+ тогаш ќе му овозможеа на мојот народ да ги чуе моите зборови и ќе го поттикнеа да се врати од својот зол пат и да се одврати од своите зли дела“.+ 23  „Зар сум јас Бог само одблизу“, вели Јехова, „зар не сум Бог и оддалеку?“+ 24  „Може ли човек да се скрие на скришно место, а јас да не го видам?“+ — вели Јехова. „Не ги исполнувам ли јас небесата и земјата?“+ — вели Јехова. 25  „Слушам што зборуваат пророците кои пророкуваат лага во мое име+ кога велат: ‚Ми се сони! Ми се сони!‘+ 26  До кога ќе биде тоа во срцето на пророците што пророкуваат лага и пророкуваат измами од своето срце?+ 27  Мислат дека со своите сонови, кои си ги раскажуваат еден на друг, ќе го наведат мојот народ да го заборави моето име,+ како што нивните татковци го заборавија моето име поради Ваал.+ 28  Пророкот што сонил сон нека го раскаже, но оној во кого е мојата реч нека ја објавува мојата реч вистинито!“+ „Што има заедничко сламата со житото?“+ — вели Јехова. 29  „Зар мојата реч не е како оган“,+ вели Јехова, „и не е ли како ковачки чекан што раздробува карпа?“+ 30  „Затоа, еве, доаѓам против пророците“,+ вели Јехова, „што ги крадат моите зборови еден од друг.“+ 31  „Еве, доаѓам против пророците“, вели Јехова, „што кажуваат свои зборови, а велат: ‚Дојде Божјата реч!‘ “+ 32  „Еве, доаѓам против пророците што сонуваат лажни сонови,“ вели Јехова, „па ги раскажуваат и го заведуваат мојот народ со своите лаги+ и со своето фалбаџиство.“+ „Но јас не ги испратив, ниту нешто им заповедав. Затоа не се од никаква корист за овој народ“,+ вели Јехова. 33  „А кога овој народ или некој пророк или свештеник ќе те праша: ‚Кое е Јеховиното бреме?‘+ — одговори му: ‚„Вие сте бреме, и тоа големо!+ Ќе ве оставам“,+ вели Јехова‘. 34  Ако некој пророк или свештеник или народот рече: ‚Бреме на Јехова!‘ — ќе го казнам тој човек и неговиот дом.+ 35  Вие вака му велите секој на својот ближен и секој на својот брат: ‚Што одговори Јехова? Што рече Јехова?‘+ 36  Но да не сте го спомнале повеќе+ Јеховиното бреме,+ зашто бремето на секого е неговиот збор,+ а вие ги извртувате зборовите на живиот Бог,+ на Јехова над војските, нашиот Бог! 37  Вака кажи му на пророкот: ‚Што ти одговори Јехова? Што рече Јехова?+ 38  Бидејќи вие велите: „Јеховиното бреме!“ — Јехова вели вака: „Вие велите: ‚Оваа реч е бреме на Јехова‘, иако ви порачував: ‚Не велете: „Бреме на Јехова!“ ‘ 39  Затоа, внимавајте, доаѓам кај вас! И нема повеќе ни малку да ми е грижа за вас,+ ќе ве отфрлам од пред своето лице вас и градот што ви го дадов вам и на вашите татковци.+ 40  И врз вас ќе фрлам вечен срам и вечно понижување, кое нема да се заборави.“ ‘ “+

Фусноти

Буквално: „и одат во лага“.
Буквално: „оди во твдокорноста на своето срце“.