Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 21:1-14

21  Ова е речта+ што му дојде на Еремија од Јехова, кога цар Седекија+ ги испрати кај него Пасхор,+ синот на Малхија, и Софонија,+ синот на Маасија, свештеникот, порачувајќи му:  „Те молам, прашај го Јехова за нас,+ зашто Навуходоносор, вавилонскиот цар, завојува со нас.+ Можеби Јехова ќе направи за нас некакво чудесно дело како некогаш, па непријателот ќе си отиде откај нас“.+  А Еремија им рече: „Вака кажете му на Седекија:  ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Еве, ќе го свртам против вас оружјето што е во вашите раце, со кое се борите против царот на Вавилон+ и против Халдејците,+ кои ве опсадуваат надвор од ѕидовите, и ќе го соберам среде овој град.+  Јас ќе се борам против вас+ со подигната рака и со силна мишка, со гнев и со јарост и со голема лутина.+  И ќе ги погубам жителите на овој град, и луѓето и животните. Од голем помор ќе изумрат“ ‘.+  ‚„А потоа,“ вели Јехова, „Седекија, царот на Јуда, и неговите слуги и народот и оние што ќе преостанат во овој град по поморот, мечот и гладот, ќе ги предадам во рацете на Навуходоносор, царот на Вавилон, во рацете на нивните непријатели и во рацете на оние што ја бараат нивната душа. Тој ќе ги погуби со сечилото на мечот.+ Нема да се сожали на нив, ќе нема сочувство, ниту милосрдие.“ ‘+  А на овој народ кажи му: ‚Вака вели Јехова: „Еве, пред вас ги ставам патот на животот и патот на смртта.+  Кој ќе седи мирно во овој град, ќе загине од меч, од глад и од помор,+ а кој ќе излезе и ќе им се предаде на Халдејците, кои ве опсадуваат, ќе остане жив и ќе ја добие својата душа како плен“ ‘.+ 10  ‚„Зашто, го свртив своето лице кон овој град за зло, а не за добро“,+ вели Јехова. „Ќе биде предаден во рацете на вавилонскиот цар,+ и тој ќе го изгори со оган.“+ 11  А за домот на царот на Јуда, чујте ја Јеховината реч!+ 12  Доме Давидов,+ вака вели Јехова: „Секое утро+ судете праведно+ и избавувајте го опљачканиот од рацете на пљачкашот,+ за да не дојде мојот гнев како оган+ и да не се разгори, зашто тогаш ќе нема кој да го изгасне, поради вашите зли дела“ .‘+ 13  ‚Еве, доаѓам против тебе, жителке на долината,+ карпо во рамницата‘, вели Јехова. ‚Вие велите: „Кој ќе дојде против нас? Кој ќе дојде во нашите живеалишта?“+ 14  Вие ќе одговарате пред мене+ според плодовите на своите дела‘,+ вели Јехова. ‚Ќе запалам оган во нејзината шума,+ и тој ќе проголта сѐ што е околу неа‘ “.+

Фусноти