Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 2:1-37

2  И ми дојде Јеховината реч:+  „Оди и викај за да чуе жената Ерусалим: ‚Вака вели Јехова:+ „Добро се сеќавам на оддаденоста* што ја покажуваше во својата младост,+ љубовта што ја имаше додека беше свршена,+ и како одеше со мене во пустината, во земја каде што не се сее.+  Израел беше свет за Јехова,+ првина од неговите плодови“ ‘.+ ‚Секој што го проголтуваше, си навлекуваше вина врз себе.+ Неволја го снаоѓаше‘, рече Јехова“.+  Чујте ја Јеховината реч, доме Јаковов,+ сите семејства на домот на Израел!+  Вака вели Јехова: „Каква неправда најдоа вашите татковци во мене,+ па се оддалечија од мене+ и одеа по ништожни идоли,+ та и самите станаа ништожни?+  И не рекоа: ‚Каде е Јехова, кој нѐ изведе од египетската земја+ и нѐ водеше низ пустината, низ земја пуста+ и полна со јами, земја безводна+ и мрачна,+ земја низ која човек не поминал, ниту земен човек живеел во неа?‘  А јас ве доведов во земја на овоштарници за да јадете од нивниот род и од нивните добра.+ Но вие дојдовте и ја извалкавте мојата земја, моето наследство го направивте одвратно.+  Свештениците не рекоа: ‚Каде е Јехова?‘+ Оние што се занимаваат со законот не ме познаваа,+ пастирите ми грешеа,+ пророците пророкуваа во името на Ваал,+ одеа по оние од кои нема корист.+  ‚Затоа ќе водам спор со вас‘,+ вели Јехова, ,и со синовите на вашите синови ќе водам спор.‘+ 10  ‚Преминете на китимските брегови*+ и гледајте! Во Кидар+ испратете луѓе и добро размислете и испитајте дали некогаш се случило такво нешто!+ 11  Ги заменил ли некој народ своите богови,+ и тоа за оние што не се богови?+ А мојот народ ја замени мојата слава за нешто од кое нема корист.+ 12  Чудете се на тоа, небеса, и наежете се од голем ужас‘, вели Јехова,+ 13  ,зашто две зла направи мојот народ: ме оставија мене,+ изворот на жива вода,+ па си ископаа бунари,* испукани бунари, кои не можат да држат вода‘. 14  ‚Дали е Израел слуга?+ Дали е роб роден во куќата? Зошто стана плен? 15  Млади лавови рикаат на него,+ го подигаат гласот.+ Неговата земја ја претвораат во грозна глетка. Неговите градови се запалени, па нема жители.+ 16  Дури и синовите на Ноф*+ и Тафнис+ го оголија твоето теме.+ 17  Зарем не си го направи тоа самиот, оставајќи го Јехова, својот Бог,+ додека те водеше по патот?+ 18  Зошто да одиш во Египет+ за да пиеш вода од Сихор?+ Зошто да одиш во Асирија+ за да пиеш од Реката?* 19  Твојата злоба нека те поучи,+ твоите неверни дела нека те укорат!+ Сфати и увиди дека е зло и горчливо+ тоа што ме остави мене, Јехова, својот Бог, и не се исплаши од мене поради тоа‘,+ вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските. 20  ‚Одамна го скршив твојот јарем,+ ги раскинав твоите окови. А ти рече: „Нема да ти служам“, зашто лежеше како блудница+ и вршеше блуд+ на секој висок рид и под секое зелено дрво.+ 21  А јас те посадив како благородна црвена лоза,+ како добро семе. Тогаш, зошто ми се измени и стана изопачен ластар од некоја туѓа лоза?‘+ 22  ‚И да се измиеш со лужина и да земеш многу сапун,+ твојот престап уште би бил дамка пред мене‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 23  Како можеш да речеш: ‚Не се извалкав,+ не одев по Вааловците‘?+ Погледни го својот пат во долината!+ Види што си направила! Ти си како брза млада камила, која трча без цел по своите патишта, 24  како зебра+ навикната на пустината, која збивта+ од силен копнеж во душата — кој може да ја запре кога ќе ѝ дојде време да се пари? Тој што ја бара нема да се умори. Лесно ќе ја најде во нејзиниот месец. 25  Внимавај ногата да не ти остане боса и грлото да не ти ожедни.+ А ти рече: ‚Ништо од тоа!+ Вљубена сум во туѓинци+ и ќе одам по нив‘.+ 26  Како што се засрамува крадецот кога ќе го фатат така се засрами и домот на Израел+ — тие, нивните цареви, нивните кнезови, нивните свештеници и нивните пророци.+ 27  Тие му велат на дрвото: ‚Ти си мој татко‘,+ — и на каменот: ‚Ти ме роди‘. А мене ми го свртеа грбот, а не лицето.+ Но во времето на својата неволја ќе речат: ‚Стани, спаси нѐ!‘+ 28  Каде се твоите богови што си ги направи за себе?+ Нека станат ако можат да те спасат во времето на твојата неволја!+ Зашто, Јудо, колку што имаш градови толку имаш и богови.+ 29  ‚Зошто ме обвинувате?+ Зошто сите ми грешите?‘+ — вели Јехова. 30  Залудно ги удирав вашите синови.+ Не извлекоа никаква поука.+ Вашиот меч ги голта вашите пророци како лав што пустоши.+ 31  Луѓе од ова поколение, чујте ја Јеховината реч!+ Зар на Израел му станав пустина+ или мрачна земја? Зошто мојот народ вели: ‚Одиме каде што сакаме, нема повеќе да дојдеме кај тебе‘?+ 32  Може ли девицата да го заборави својот накит, или невестата својот појас? А мојот народ ме заборава мене веќе безброј денови.+ 33  Зошто си подготвуваш пат за да бараш љубов? Затоа и си ги навикнала своите патишта на зло!+ 34  На твоите скутови може да се најде крвта*+ на невините сиромаси.+ На сите твои скутови ја наоѓам нивната крв, иако не се затечени како провалуваат.+ 35  А ти велиш: ‚Невина сум. Неговиот гнев сигурно се одвратил од мене‘.+ Еве, влегувам во спор со тебе затоа што велиш: ‚Не сум згрешила‘.+ 36  Зошто ги менуваш своите патишта толку лесно?+ И од Египет ќе се посрамиш,+ како што се посрами од Асирија.+ 37  Ќе отидеш покривајќи си ја главата со рацете,+ зашто Јехова ги отфрли оние на кои се надеваше, па ќе немаш успех надевајќи се на нив“.

Фусноти

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „острови“.
Или: „резервоари“.
„Ноф“ е хебрејско име за Мемфис.
Односно, Еуфрат.
Буквално: „крвта на душите“.