Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 18:1-23

18  Ова е речта што му дојде на Еремија од Јехова:  „Стани и оди во куќата на грнчарот!+ Таму ќе ти ги објавам своите зборови“.  И отидов во куќата на грнчарот, а тој работеше на грнчарското колце.  Садот што го правеше грнчарот од глина го расипа со раката, па се премисли и од неа направи друг сад — каков што му беше по волја на грнчарот да направи.+  И пак ми дојде Јеховината реч:  „ ,Не можам ли да постапам со вас како овој грнчар, доме Израелов?‘ — вели Јехова. ‚Гледај, како што е глината во рацете на грнчарот така сте вие во мојава рака, доме Израелов.+  Кога ќе му кажам на некој народ и на некое царство дека ќе го откорнам, ќе го сотрам и ќе го уништам,+  а тој народ се одврати од своето зло за кое му зборував,+ ќе зажалам што сакав да му нанесам неволја.+  А кога ќе му кажам на некој народ и на некое царство дека ќе го изградам и ќе го засадам,+ 10  а тој почне да го прави она што е зло во мои очи и не го слуша мојот глас,+ ќе зажалам што сакав да му направам добро.‘ 11  Затоа кажи им, те молам, на народот на Јуда и на жителите на Ерусалим: ‚Вака вели Јехова: „Еве, готвам неволја за вас и смислувам замисла против вас.+ Вратете се, ве молам, секој од својот зол пат и поправете ги своите патишта и своите дела!“ ‘ “+ 12  А тие велат: „Не надевај се!+ Ќе одиме по своите замисли и ќе се поведуваме по своето тврдокорно и зло срце“.+ 13  Затоа вака вели Јехова: „Распрашајте се, ве молам, меѓу народите: кој чул такво нешто? Голема грозотија направи израелската девица.+ 14  Зар ќе го снема ливанскиот снег од карпите во полето? Зар ќе пресушат студените води што течат од туѓина? 15  Мојот народ ме заборави+ зашто на ништожност ѝ горат приноси+ и ги сопнуваат другите на нивните патишта,+ на древните патеки,+ за да тргнат по врвици и по ненасипан пат, 16  за да ја претворат својата земја во грозна глетка,+ да се чудат и да потсвирнуваат поради неа довека.+ Секој минувач ќе гледа вчудовидено и ќе мавта со главата.+ 17  Како со источен ветар ќе ги распрснам пред непријателот.+ Ќе им го свртам грбот, нема да ги погледнам+ во денот на нивната пропаст“. 18  А тие рекоа: „Ајде да смислиме некаква замисла против Еремија,+ зашто на свештеникот не ќе му снема закон,+ ниту на мудриот совет, ниту на пророкот зборови!+ Ајде да го обвиниме+ и да не обрнуваме внимание на неговите зборови!“ 19  Обрни ми внимание, о Јехова, и слушај го гласот на моите противници!+ 20  Треба ли да се враќа зло за добро?+ А тие ѝ копаат јама на мојата душа.+ Сети се дека стоев пред тебе и зборував добро за нив за да го одвратам твојот гнев од нив!+ 21  Затоа, дај му ги нивните синови на гладот,+ предај ги во власта на мечот!+ Нивните жени нека останат без деца и нека бидат вдовици!+ Нивните мажи нека ги убие смртоносна чума, нивните младичи нека паднат од меч во битка!+ 22  Нека се чуе викотница од нивните куќи, кога ненадејно ќе доведеш против нив разбојничка дружина!+ Зашто, тие копаат јама за да ме фатат, и потајно им местат стапици на моите нозе.+ 23  Но ти, Јехова, добро знаеш сѐ што наумиле против мене за да ме убијат.+ Немој да го покриеш нивниот престап, немој да го избришеш нивниот грев пред себе — нека попаѓаат пред тебе!+ Казни ги во денот на својот гнев!+

Фусноти