Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 17:1-27

17  „Гревот на Јуда е запишан со железно перо.+ Со дијамантски врв е врежан на плочата на нивното срце+ и на роговите на нивните жртвеници.+  Нивните синови мислат на нивните жртвеници и на нивните обредни диреци* покрај секое зелено дрво, на високите ридови,+  на планините и во полето. Ќе дозволам да бидат ограбени твоето богатство, целото твое благо,+ и твоите обредни височинки, поради гревот во целата твоја земја.+  Самиот го остави наследството што ти го дадов.+ Ќе направам да им служиш на своите непријатели во земја што не ја познаваш.+ Зашто, во мојот гнев сте запалени како оган+ што ќе гори довека.“  Вака вели Јехова: „Проклет да е човекот што се надева на земен човек+ и го смета човекот за своја сила,+ а срцето му се отстранува од Јехова!+  Тој ќе биде како осамено дрво во пустина и нема да го види доброто кога тоа ќе дојде,+ туку ќе престојува во исушен крај, во пустелија, во солена и ненаселена земја.+  Благословен да е човекот што се надева на Јехова, кому Јехова му е сигурност!+  Тој ќе биде како дрво посадено покрај води, кое ги пушта своите корења крај водниот тек. Нема да види жега кога таа ќе дојде, туку лисјата ќе му останат зелени.+ Во сушна година+ нема да се грижи и нема да престане да раѓа плод.  Срцето е поизмамливо од сѐ друго и е готово на сѐ.+ Кој може да проникне во него? 10  Јас, Јехова, го истражувам срцето+ и ги испитувам бубрезите,*+ за да му дадам секому според неговите патишта,+ според плодовите на неговите дела.+ 11  Како еребица која собира јајца што не ги снесла, таков е оној што стекнува богатство, но не со правда.+ Во половината од своите денови ќе го остави+ и на крајот ќе остане безумен“.+ 12  На високо е славниот престол од почетокот,+ на тоа место е нашето светилиште.+ 13  О Јехова, надеж на Израел,+ сите што те оставаат ќе бидат посрамени.+ Оние што отстапуваат од тебе*+ ќе бидат запишани во земниот прав, зашто го оставија изворот на жива вода, Јехова.+ 14  Лекувај ме, Јехова, и ќе бидам излекуван.+ Спаси ме, и ќе бидам спасен,+ зашто тебе те фалам.+ 15  Гледај, тие ми велат: „Каде е Јеховината реч?+ Нека дојде!“ 16  А јас, како твој пастир, не се брзав да те оставам и не копнеев по погубниот ден. Ти знаеш што излегува преку моите усни, пред твоето лице се случува тоа. 17  Немој да ме плашиш!+ Ти си моето прибежиште во денот на неволјата.+ 18  Нека се засрамат моите прогонители,+ но не дозволувај да се засрамам јас!+ Нека ги обземе страв нив, но не дозволувај да ме обземе страв мене! Доведи го врз нив денот на неволја+ и скрши ги со двоен удар!+ 19  Вака ми рече Јехова: „Оди и застани на портата на синовите на овој народ, низ која влегуваат и излегуваат царевите на Јуда, и на сите порти на Ерусалим.+ 20  И речи им: ‚Чујте ја Јеховината реч, вие цареви на Јуда и цел народе на Јуда и сите вие ерусалимски жители, кои влегувате низ оваа порта.+ 21  Вака вели Јехова: „Чувајте ги вашите души,+ и не носете на ден за одмор* никаков товар и не внесувајте го низ ерусалимските порти!+ 22  И не изнесувајте од своите куќи никаков товар на ден за одмор и не работете никаква работа,+ туку денот за одмор нека ви биде свет, како што им заповедав на вашите татковци.+ 23  Но тие не слушаа и не го приклонија своето уво,+ туку останаа непокорни*+ и не слушаа, и не примија поука“ ‘.+ 24  ‚Ако ме послушате верно‘,+ вели Јехова, ,и ако не внесувате товар низ портите на овој град на ден за одмор,+ туку ви биде свет денот за одмор, така што нема да работите никаква работа,+ 25  тогаш низ портите на овој град ќе влегуваат цареви и кнезови,+ кои седат на Давидовиот престол,+ се возат во коли и јаваат на коњи, тие и нивните кнезови, народот на Јуда и ерусалимските жители, и овој град ќе биде населен довека. 26  И ќе доаѓаат луѓе од градовите на Јуда, од околината на Ерусалим, од земјата на Венијамин,+ од низините,+ од планинскиот крај+ и од Негев,*+ и ќе донесуваат во Јеховиниот дом цели паленици,+ жртви,+ житни приноси,+ темјан+ и жртви на благодарност.+ 27  Но, ако не ме послушате, ако не ви биде свет денот за одмор и ако носите товари+ и влегувате со нив низ ерусалимските порти на денот за одмор, тогаш ќе запалам оган на неговите порти,+ и тој ќе ги проголта утврдените дворци на Ерусалим+ и нема да угасне“ ‘.+

Фусноти

Или: „ашери“.
Или: „најскриените чувства“.
Буквално: „од мене“.
Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „тврдоврати“. Буквално: „ја стврднуваа шијата (вратот)“.
Или: „и од југ“.