Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Еремија 10:1-25

10  Чујте ја речта што ви ја кажува Јехова, доме Израелов!  Вака вели Јехова: „Не учете се на патот по кој одат народите+ и не плашете се од небесните знаци, зашто од нив се плашат народите!+  Обичаите на народите+ се само здив, зашто тие го сечат дрвото+ во шумата и од него прават ракотворби со резбарски нож.+  Со сребро и со злато ги украсуваат.+ Со клинци и со чекани ги прицврстуваат за да не се нишаат.+  Тие се како страшило во нива со краставици, не можат да зборуваат.+ Треба да ги носат, зашто не можат да одат.+ Не плашете се од нив, зашто не можат да направат никакво зло, а камоли нешто добро!“+  Никој не е како тебе, Јехова!+ Ти си велик, и името твое е велико и моќно.+  Кој да не се бои од тебе,+ Царе на народите,+ зашто ти го заслужуваш тоа! Зашто, меѓу сите мудреци на народите и во сите нивни царства никој не е како тебе.+  Сите тие се и неразумни и глупави.+ Дрвото ги наведува да одат по она што е ништожно.+  Сребро исковано во плочи се носи од Тарсис,+ злато од Уфаз,+ дело на занаетчија, дело на рацете на златар. На своите идоли им прават облека од сина преѓа и од црвеникаво-виолетова волна. Сите тие се дело на вешти луѓе.+ 10  А Јехова навистина е Бог.+ Тој е жив Бог+ и вечен Цар.+ Од неговиот гнев ќе се затресе земјата,+ народите нема да опстанат пред неговата осуда.+ 11  Речете им вака: „Боговите+ што не ги направија небото и земјата ќе исчезнат од земјата+ и од под небото“. 12  Тој ја направи земјата со својата сила,+ ја зацврсти плодната почва со својата мудрост+ и ги распна небесата со својата разборитост.+ 13  Од неговиот глас бучат водите на небесата,+ тој ја крева пареата од крајот на земјата.+ На дождот му направи сливници+ и ветрот го изведува од своите складишта.+ 14  Секој човек се однесува неразумно, ништо не сфаќа.+ Секој златар ќе се посрами од својот режан лик,+ зашто неговите леани ликови се лага,+ нема живот* во нив.+ 15  Тие се ништожни, смешни творби.+ Ќе пропаднат кога Бог ќе почне да ги казнува.+ 16  Но оној што е наследство на Јаков+ не е како нив, зашто тој е Творец на сѐ,+ а Израел е негова палка, негово наследство.+ Името му е Јехова над војските.+ 17  Собери ја својата бовча од земјата,+ ти која живееш во мака!+ 18  Зашто, вака вели Јехова: „Гледај, овојпат ќе ги исфрлам жителите на оваа земја како од праќа+ и ќе пуштам неволја врз нив за да сфатат“.+ 19  Тешко мене поради мојата пропаст!+ Мојата рана е болна. Велам: „Навистина, ова е мојата болка, јас ќе ја трпам.+ 20  Мојот шатор е опустошен, сите јажиња на мојот шатор се скинати.+ Моите синови отидоа откај мене, ги нема повеќе.+ Нема кој да го распне пак мојот шатор и да ги подигне моите шаторски крила. 21  Зашто, пастирите се однесуваат неразумно+ и не го бараат Јехова.+ Затоа не постапуваат разборито* и сите стада им се распрснаа“.+ 22  Слушајте! Доаѓа глас и голема врева од северната земја+ за да ги претвори градовите на Јуда во пустош, во шакалско дувло.+ 23  Добро знам, Јехова, дека патот на земниот човек не е во негова власт. Човекот кој оди не може да управува со своите чекори.+ 24  Укори ме, Јехова, но праведно,+ не во својот гнев,+ за да не ме сотреш.+ 25  Излеј го својот гнев врз народите+ што не се обѕираат на тебе,+ и врз племињата што не го повикуваат твоето име.+ Зашто тие го изедоа Јаков.+ Го изедоа, го истребија+ и го опустошија неговото живеалиште.+

Фусноти

Буквално: „дух“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.