Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езра 8:1-36

8  А ова се поглаварите на родови+ и ова е родословниот запис+ на оние што појдоа со мене од Вавилон во времето кога владееше цар Артаксеркс:+  од синовите на Финес+ — Гирсом; од синовите на Итамар+ — Даниел;+ од синовите на Давид+ — Хатус;  од синовите на Сеханија и од синовите на Фарос+ — Захарија, и со него запишаните сто и педесет мажи;  од синовите на Фат-Моав+ — Елио-Енај, синот на Зерај, и со него двесте мажи;  од синовите на Зату+ — Сеханија, синот на Јазиел, и со него триста мажи;  од синовите на Адин+ — Евед, синот на Јонатан, и со него педесет мажи;  од синовите на Елам+ — Јесаја, синот на Аталија, и со него седумдесет мажи;  од синовите на Сефатија+ — Зевадија, синот на Михаел, и со него осумдесет мажи;  од синовите на Јоав — Авдија, синот на Јеил, и со него двесте и осумнаесет мажи; 10  од синовите на Вани*+ — Селомит, синот на Јосифија, и со него сто и шеесет мажи; 11  од синовите на Вевај — Захарија, синот на Вевај,+ и со него дваесет и осум мажи; 12  од синовите на Азгад+ — Јоанан, синот на Акатан, и со него сто и десет мажи; 13  последните од синовите на Адоникам,+ по име: Елифелет, Јејел и Семаја, и со нив шеесет мажи; 14  и од синовите на Вигвај+ — Утај и Завуд, и со нив седумдесет мажи. 15  И ги собрав кај реката+ што тече во Ахава.+ На тоа место бевме улогорени три дена за да ги прегледам народот+ и свештениците,+ но таму не најдов ниту еден од левитите.+ 16  Затоа испратив да ги повикаат поглаварите Елиезер, Ариел, Семаја, Елнатан, Јарив, Елнатан, Натан, Захарија и Месулам, како и учителите+ Јојарив и Елнатан. 17  И им дадов заповед во врска со Идо, поглаварот во местото Касифија, и им ги ставив во уста зборовите+ што ќе му ги кажат на Идо и на неговите браќа нетини+ во местото Касифија, за да ни доведат слуги+ за домот на нашиот Бог. 18  И бидејќи добрата рака+ на нашиот Бог беше над нас, ни доведоа разборит+ човек од синовите на Махли,+ внук на Леви,+ синот на Израел, имено Серевија+ и неговите синови и неговите браќа, вкупно осумнаесет, 19  и уште Асавија и со него Јесаја од синовите на Мерариј,+ неговите браќа и нивните синови, вкупно дваесет. 20  А од нетините, кои Давид и кнезовите им ги дадоа во служба на левитите, двесте и дваесет нетини, сите одредени по име. 21  Тогаш таму, на реката Ахава, објавив пост за да се понизиме+ пред нашиот Бог и од него да бараме да ни го покаже правиот пат+ за нас, за нашите деца+ и за сите наши добра. 22  Зашто, ми беше срам да побарам од царот војска+ и коњаници+ за да нѐ штитат по патот од непријателите, бидејќи на царот му рековме: „Раката+ на нашиот Бог е над сите оние што го бараат, за нивно добро,+ а неговата сила и неговиот гнев+ ги снаоѓаат сите што го оставаат“.+ 23  Затоа постевме+ и му се молевме+ на својот Бог за тоа, и тој ја услиши+ нашата молитва. 24  Тогаш од свештеничките поглавари одвоив дванаесетмина: Серевија,+ Асавија,+ и со нив десет нивни браќа. 25  И им го измерив среброто, златото и предметите,+ прилогот за домот на нашиот Бог што го дадоа царот,+ неговите советници,+ неговите кнезови и сите Израелци+ што ги најдовме во тој крај. 26  И им измерив на рака шестстотини и педесет таланти* сребро,+ сто сребрени предмети во вредност од два таланти, сто таланти злато, 27  дваесет златни чаши во вредност од илјада дарици* и два предмета од добар сјајноцрвен бакар, скапоцен како златото. 28  Потоа им реков: „Вие сте свети+ пред Јехова и овие предмети+ се свети, и ова сребро и злато се доброволен принос на Јехова, Богот на вашите прататковци. 29  Добро чувајте го тоа додека не го измерите+ пред свештеничките поглавари и пред левитите и пред кнезовите на Израеловите татковци во Ерусалим, во трпезариите+ на Јеховиниот дом“. 30  И така свештениците и левитите ги примија измереното сребро, злато и предметите, за да ги однесат во Ерусалим, во домот на нашиот Бог.+ 31  И тргнавме од реката Ахава+ на дванаесеттиот ден од првиот месец+ за да отидеме во Ерусалим, а раката на нашиот Бог беше над нас и тој нѐ избави+ од раката на непријателите и од заседата на патот. 32  Така стигнавме во Ерусалим+ и останавме таму три дена. 33  А на четвртиот ден му ги измеривме среброто, златото+ и предметите+ во домот на нашиот Бог на рака на Меремот,+ синот на свештеникот Урија, со кого беше Елеазар, синот на Финес, а со нив беа и левитите Јозавад,+ синот на Исус, и Ноадија, синот на Винуј.+ 34  Кога беше сѐ изброено и измерено, беше запишана вкупната тежина. 35  Оние што дојдоа од заробеништво, повратници од изгнанство,+ му принесоа жртви+ паленици на Богот на Израел: дванаесет јунци+ за целиот Израел, деведесет и шест овни,+ седумдесет и седум машки јагниња, дванаесет јарци+ како жртва за грев — сето тоа како жртва паленица за Јехова. 36  Потоа, им ги предадовме царските заповеди+ на царските сатрапи*+ и на управителите+ од онаа страна на Реката,*+ и тие го поддржуваа народот+ и домот на вистинскиот Бог.

Фусноти

Види ја фуснотата за Езр 2:10.
Еден талант тежел 34,2 килограми. Види го додатокот 13.
Персиски златник кој тежел 8,4 грама. Види го додатокот 13.
Назив за намесниците кои управувале со покраините.
Односно Еуфрат.