Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езра 5:1-17

5  Пророкот Агеј+ и пророкот Захарија,+ внукот на Идо,+ им пророкуваа на Евреите што беа во Јуда и во Ерусалим, во името+ на Богот на Израел, кој беше со нив.+  Тогаш станаа Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ и Исус,+ синот на Јоседек, и почнаа повторно да го градат Божјиот дом во Ерусалим. Со нив беа Божјите пророци+ кои ги бодреа.  Во тоа време, дојдоа кај нив Татанај,+ управител од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај и нивните другари и им рекоа вака: „Кој ви наредил да го градите овој дом и да ги поставувате овие греди?“+  И уште им рекоа: „Како се викаат луѓето што ја градат оваа градба?“  Но над еврејските старешини беше окото+ на нивниот Бог,+ така што тие не запреа со работата додека извештајот не стигна до Дариј и додека не се врати службен спис за тоа.  Ова е преписот+ од писмото што Татанај,+ управител од онаа страна на Реката,+ Сетар-Воснај+ и нивните другари,+ нижи управители од онаа страна на Реката, му го испратија на цар Дариј.  Му испратија извештај во кој пишуваше вака: „До цар Дариј: Ти посакувам мир во сѐ!+  Нека знае царот дека отидовме во покраината+ Јуда, кај домот на великиот Бог,+ кој се гради од дотркалани* камења и во чии ѕидови се поставуваат греди. Таа работа ревносно се врши и напредува во нивни раце.  Тогаш ги прашавме тамошните старешини, велејќи им: ‚Кој ви наредил да го градите овој дом и да ги поставувате овие греди?‘+ 10  Ги прашавме и за нивните имиња, за да ти јавиме, и ги запишавме имињата на луѓето што предводат.+ 11  А тие ни одговорија со овие зборови: ‚Ние сме слуги на Богот на небото и земјата,+ и го градиме овој дом кој веќе беше изграден пред многу години, кој го изгради и го доврши еден голем цар на Израел.+ 12  Но затоа што нашите татковци го раздразнија+ небесниот Бог, тој ги предаде+ во рацете на Навуходоносор,+ вавилонскиот цар, Халдеецот,+ и тој го разурна овој дом+ и го одведе народот во изгнанство во Вавилон.+ 13  Но во првата година на Кир,+ царот на Вавилон, цар Кир издаде наредба повторно да се изгради Божјиот дом.+ 14  Па и златните и сребрените садови+ на Божјиот дом, кои Навуходоносор ги однесе од храмот во Ерусалим и ги донесе во храмот во Вавилон,+ цар Кир+ ги зеде од храмот во Вавилон и му ги даде на човекот по име Сасавасар,*+ кого го постави за управител.+ 15  И му рече: „Земи ги овие садови,+ па оди и стави ги во храмот во Ерусалим, и Божјиот дом нека биде повторно изграден на своето место“.+ 16  Кога тој Сасавасар дојде, го положи темелот на Божјиот дом+ во Ерусалим. И од тогаш до денес се гради повторно, но уште не е довршен‘.+ 17  А сега, ако му е по волја на царот, нека се истражи+ во царската ризница таму во Вавилон дали навистина цар Кир издал наредба+ повторно да се изгради Божјиот дом во Ерусалим, па царот нека ни ја испрати својата одлука за тоа“.

Фусноти

Тоа биле големи камења, кои биле претешки за носење.
Во Езр 2:2; 3:8 „Зоровавел“.