Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езра 3:1-13

3  Кога дојде седмиот месец,+ синовите на Израел веќе беа во своите градови. И сите од народот се собраа како еден+ во Ерусалим.+  Тогаш станаа Исус,+ синот на Јоседек, со своите браќа свештеници, и Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ со своите браќа, па почнаа да му градат жртвеник на Богот на Израел за да принесуваат на него жртви паленици, како што е запишано+ во законот на Мојсеј, Божјиот човек.  И подигнаа жртвеник на неговото место,+ зашто имаа страв од другите народи,*+ и почнаа на него да му принесуваат жртви паленици на Јехова, утрински и вечерни жртви паленици.+  И го прославија Празникот на сениците,+ како што е запишано,+ и секој ден принесуваа одреден број жртви паленици, како што беше пропишано за секој ден.+  Потоа принесуваа редовни жртви паленици,+ како и жртва за млади месечини+ и за сите празници посветени+ на Јехова и за сите оние што спремно му принесуваа доброволен принос+ на Јехова.  Од првиот ден во седмиот месец+ почнаа да му принесуваат жртви паленици на Јехова, но темелот на Јеховиниот храм уште не беше положен.  На каменоделците+ и на другите занаетчии+ им даваа пари,+ а на Сидонците+ и на Тирците+ им даваа јадење,+ пиење и масло+ за да донесат кедрово дрво од Ливан+ до Јопа+ на море, како што им одобри персискиот цар Кир.+  А во втората година по нивното доаѓање во домот на вистинскиот Бог во Ерусалим, во вториот месец,+ започнаа со работа Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ и Исус,+ синот на Јоседек, со другите свои браќа свештеници и левити и со сите други што се вратија од заробеништво+ во Ерусалим. И поставија левити+ од дваесет години нагоре да ги надгледуваат работите околу Јеховиниот дом.+  Исус+ со своите синови и со своите браќа, како и Кадмиел со своите синови, синови на Јуда,* станаа како еден да ги надгледуваат оние што работеа на домот на вистинскиот Бог, а исто така и синовите на Инадад+ и нивните синови и нивните браќа, левитите. 10  Кога градителите го положија темелот+ на Јеховиниот храм, станаа свештениците во службена облека,+ со труби,+ и левитите, синови на Асаф,+ со чинели,+ да го фалат Јехова според упатствата на Давид,+ царот на Израел. 11  И почнаа наизменично да пеат,+ фалејќи го Јехова и благодарејќи му: „Зашто е добар,+ зашто довека трае+ неговата милост* кон Израел“. А целиот народ гласно викаше+ и го фалеше Јехова, зашто беше положен темелот на Јеховиниот дом. 12  И многу свештеници+ и левити и родовски поглавари,+ старешини кои го беа виделе поранешниот дом,+ плачеа+ гласно додека пред нивни очи се положуваше темелот на овој дом,+ а многу други извикуваа од радост+ колку што ги држеше гласот. 13  И така, народот не можеше да ги разликува радосните извици+ од плачењето на луѓето, зашто народот гласно извикуваше и викањето се слушаше многу далеку.

Фусноти

Буквално: „од народите од земјите“ (множина од хебрејскиот израз ам хаарец).
Во 2:40 „Одавија“, а во Не 7:43 „Одева“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.