Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езра 2:1-70

2  А ова се синовите од таа покраина,+ изгнаници што се вратија од заробеништво,+ кои Навуходоносор, царот на Вавилон, ги одведе во изгнанство+ во Вавилон, а кои подоцна се вратија+ во Ерусалим и во Јуда,+ секој во својот град.  Тие појдоа со Зоровавел,+ Исус,+ Неемија, Сераја,*+ Реелија,* Мардохеј, Вилсан, Миспар,* Вигвај, Реум* и Вана. Ова е бројот на луѓето од народот на Израел:  синови на Фарос+ — две илјади сто седумдесет и два;  синови на Сефатија+ — триста седумдесет и два;  синови на Арах+ — седумстотини седумдесет и пет;  синови на Фат-Моав,+ од синовите на Исус и на Јоав+ — две илјади осумстотини и дванаесет;  синови на Елам+ — илјада двесте педесет и четири;  синови на Зату+ — деветстотини четириесет и пет;  синови на Захај+ — седумстотини и шеесет; 10  синови на Вани*+ — шестотини четириесет и два; 11  синови на Вевај+ — шестотини дваесет и три; 12  синови на Азгад+ — илјада двесте дваесет и два; 13  синови на Адоникам*+ — шестотини шеесет и шест; 14  синови на Вигвај+ — две илјади педесет и шест; 15  синови на Адин+ — четиристотини педесет и четири; 16  синови на Атир,+ од Езекија — деведесет и осум; 17  синови на Весај+ — триста дваесет и три; 18  синови на Јора* — сто и дванаесет; 19  синови на Асум+ — двесте дваесет и три; 20  синови на Гивар*+ — деведесет и пет; 21  луѓе од Витлеем+ — сто дваесет и три; 22  луѓе од Нетофа+ — педесет и шест; 23  луѓе од Анатот+ — сто дваесет и осум; 24  луѓе од Азмавет+ — четириесет и два; 25  луѓе од Киријат-Јарим,+ Кефира и Веерот — седумстотини четириесет и три; 26  луѓе од Рама+ и Гева+ — шестотини дваесет и еден; 27  луѓе од Михмас+ — сто дваесет и два; 28  луѓе од Ветил+ и Гај+ — двесте дваесет и три; 29  луѓе од Нево*+ — педесет и два; 30  луѓе од Магвис — сто педесет и шест; 31  синови од другиот Елам+ — илјада двесте педесет и четири; 32  синови на Харим+ — триста и дваесет; 33  луѓе од Лод,+ Адид+ и Оно+ — седумстотини дваесет и пет; 34  луѓе од Ерихон+ — триста четириесет и пет; 35  синови на Сенај+ — три илјади шестотини и триесет. 36  Свештеници:+ синови на Једај,+ од домот на Исус+ — деветстотини седумдесет и три; 37  синови на Имер+ — илјада педесет и два; 38  синови на Пасхор+ — илјада двесте четириесет и седум; 39  синови на Харим+ — илјада и седумнаесет. 40  Левити:+ синови на Исус+ и Кадмиел,+ од синовите на Одавија+ — седумдесет и четири. 41  Пејачи: синови на Асаф+ — сто дваесет и осум. 42  Синови на вратарите: синови на Салум,+ синови на Атир,+ синови на Талмон,+ синови на Акув,+ синови на Атита+ и синови на Совај, вкупно сто триесет и девет. 43  Нетини:*+ синовите на Сих, синовите на Асуф, синовите на Таваот,+ 44  синовите на Кирос, синовите на Сија, синовите на Фадон,+ 45  синовите на Леван, синовите на Агава, синовите на Акув, 46  синовите на Хагав, синовите на Салмај,+ синовите на Ханан, 47  синовите на Гидел, синовите на Гар,+ синовите на Реај, 48  синовите на Ресин,+ синовите на Некода, синовите на Газам, 49  синовите на Уза, синовите на Фасеј,+ синовите на Висај, 50  синовите на Асна, синовите на Меуним, синовите на Нафусесим;+ 51  синовите на Ваквук, синовите на Акуфа, синовите на Арур,+ 52  синовите на Васлут,* синовите на Меида, синовите на Харса,+ 53  синовите на Варкос, синовите на Сисара, синовите на Тамин,+ 54  синовите на Несија, синовите на Атифа.+ 55  Синови на Соломоновите слуги:+ синовите на Сотај, синовите на Соферет, синовите на Феруда,*+ 56  синовите на Јаала, синовите на Даркон, синовите на Гидел,+ 57  синовите на Сефатија, синовите на Атил, синовите на Фохерет-Асеваим, синовите на Ами.*+ 58  Сите нетини+ и синови на Соломоновите слуги беа триста деведесет и двајца.+ 59  А ова се оние што појдоа од Тел-Мелах, Тел-Арис, Херув, Адон и Имер, а не можеа да кажат кој е домот на нивните татковци и кое е нивното потекло,+ дали се од Израел: 60  синовите на Делаја, синовите на Товиј, синовите на Некода+ — шестотини педесет и два. 61  А од синовите на свештениците:+ синовите на Аваја, синовите на Акос,+ синовите на Варзелај,+ кој си зеде за жена една од ќерките на Варзелај+ Галадецот, па беше наречен по нивното име. 62  Тие бараа по родословните пописи за да го докажат своето потекло, но не се најдоа, и затоа беа исклучени од свештеничката служба како да се нечисти.+ 63  И тиршата*+ им забрани да јадат+ од најсветите работи сѐ додека да стапи во служба свештеник со Урим+ и Тумим.* 64  Целата заедница* броеше вкупно+ четириесет и две илјади триста и шеесет лица,+ 65  не сметајќи ги нивните робови и робинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум. Имаше и двесте пејачи и пејачки.+ 66  Имаа седумстотини триесет и шест коњи, двесте четириесет и пет маски,+ 67  четиристотини триесет и пет камили и шест илјади седумстотини и дваесет магариња.+ 68  И кога дојдоа до Јеховиниот дом,+ кој е во Ерусалим,+ некои од поглаварите+ на родови+ доброволно+ даваа дарови за домот на вистинскиот Бог, за да биде изграден на своето место.+ 69  Според своите можности, за изградбата дадоа во ризницата шеесет и една илјада драхми* злато,+ пет илјади мини* сребро+ и сто свештенички облеки.+ 70  Свештениците, левитите и некои од народот,+ пејачите, вратарите и нетините се населија во своите градови. Сите од Израел се населија во своите градови.+

Фусноти

Во Не 7:7 „Азарија“.
Во Не 7:7 „Рамиј“.
Во Не 7:7 „Мисперет“.
Во Не 7:7 „Неум“.
Во Не 7:15 „Винуј“.
Во Не 10:16 „Адонија“.
Во Не 7:24 „Ариф“.
Во Не 7:25 „Гаваон“.
Во Не 7:33 „од другото Нево“.
Види ги фуснотите за 4Мо 3:9 и 1Ле 9:2.
Во Не 7:54 „Васлит“.
Во Не 7:57 „Ферида“.
Во Не 7:59 „Амон“.
Персиска титула за управител на покраина.
Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Општо се прифаќа дека драхмата е еднаква со златниот персиски дарик, кој тежел 8,4 грама. Оваа драхма се разликува од онаа што се спомнува во грчките книги на Библијата. Види го додатокот 13.
Една мина тежела 570 грама. Оваа мина се разликува од онаа што се спомнува во грчките книги на Библијата. Види го додатокот 13.