Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 8:1-18

8  Во шестата година, во шестиот месец, на петтиот ден од тој месец, кога седев во својата куќа, а пред мене седеа старешините на Јуда,+ таму се спушти врз мене раката на Севишниот Господар Јехова.+  И видов некого што личеше на оган.+ Под делот што изгледаше како да му се колкови имаше оган,+ а од колковите нагоре, имаше нешто што изгледаше како светлина, како сјајно бело злато.+  И испружи нешто што беше слично на рака+ и ме фати за едно перче коса на главата. Тогаш духот+ ме понесе меѓу земјата и небото и ме однесе во Ерусалим во виденија од Бог,+ на влезот од внатрешната порта,+ која е свртена кон север, каде што стои идолот на љубомората која предизвикува љубомора.+  И гледај, таму беше славата на Богот на Израел,+ а изгледаше како онаа што ја видов во долината.  И ми рече: „Сине човечки, те молам, подигни ги, очите кон север!“ И ги подигнав очите кон север. И гледај, на влезот, северно од портата на жртвеникот беше оној идол на љубомората.+  И ми рече: „Сине човечки, гледаш ли какви гадости прават,+ гледаш ли што прави домот на Израел за да ме оддалечи од моето светилиште?+ А ќе видиш и други големи гадости“.  Потоа ме доведе на влезот во дворот, и здогледав дупка во ѕидот.  И ми рече: „Сине човечки, те молам, пробиј го тој ѕид!“+ Тогаш го пробив ѕидот и здогледав некаков влез.  А тој ми рече: „Влези и види ги гадостите што ги прават тука“.+ 10  И влегов и видов секакви ликови+ на лазачи и на одвратни животни+ и сите одвратни идоли* на Израеловиот дом,+ изрезбани секаде по ѕидот. 11  А пред нив стоеја седумдесет луѓе+ од старешините на домот на Израел, меѓу кои беше и Јазанија, синот на Сафан,+ и секој имаше кадилница во раката, и се креваше облак од мирислив темјан.+ 12  И ми рече: „Сине човечки, гледаш ли што прават во темнината+ старешините на домот на Израел и што прави секој од нив во просториите каде што се наоѓа нивниот режан лик? Зашто, велат: ‚Јехова не нѐ гледа.+ Јехова ја оставил оваа земја‘ “. 13  Потоа ми рече: „Ќе видиш уште поголеми гадости што ги прават“.+ 14  И ме доведе на портата од домот Јеховин, која е на север. И гледај, таму седеа жените и го оплакуваа богот Тамуз. 15  И ми рече: „Го гледаш ли ова, сине човечки? Ќе видиш и други големи гадости,+ полоши од овие“. 16  И ме доведе во внатрешниот двор на Јеховиниот дом.+ И гледај, на влезот во Јеховиниот храм, помеѓу предворјето и жртвеникот,+ имаше околу дваесет и пет мажи+ свртени со грбот кон Јеховиниот храм,+ а со лицето кон исток, и му се клањаа на сонцето,+ кон исток. 17  И ми рече: „Го гледаш ли ова, сине човечки? На домот Јудин му е толку лесно да ги прави гадостите што ги прават овде, да ја полнат земјата со насилство+ и секогаш одново да ме навредуваат, и ете, ми туркаат гранка* под носот. 18  Затоа и јас ќе постапам гневно.+ Моето око нема да се сожали и нема да се смилувам.+ Со свои уши ќе слушам како викаат на сет глас, но нема да ги услишам“.+

Фусноти

Или: „лепешкави идоли“.
Несомнено тоа било предмет што бил користен при обожавањето на идоли.