Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 7:1-27

7  И пак ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, вака ѝ вели Севишниот Господар Јехова на земјата на Израел: ‚Крај, им дојде крај на сите четири краишта на земјата.+  Сега е крај и за тебе.+ Ќе го излеам својот гнев врз тебе и ќе ти судам според твоите дела+ и ќе ги фрлам врз тебе сите твои гадости.  Моето око нема да се сожали на тебе+ и нема да ти се смилувам, зашто твоите дела ќе ги фрлам врз тебе, и твоите гадости ќе се најдат сред тебе.+ Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова‘.+  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, доаѓа неволја, неволја каква што уште немало.+  Ќе дојде крајот.+ Крајот ќе дојде, одеднаш ќе те снајде. Еве, доаѓа!+  Ќе ти дојде неволјата,* о жителу на земјата, ќе дојде времето, се ближи денот!+ Метеж е, а не радосно воскликнување на горите.  Наскоро ќе го излеам својот гнев врз тебе+ и ќе ја истурам својата јарост врз тебе,+ и ќе ти судам според твоите дела+ и ќе ги фрлам сите твои гадости врз тебе.  Моето око нема да се сожали+ и нема да се смилувам.+ Ќе ти вратам според твоите дела и твоите гадости ќе се најдат сред тебе.+ И тогаш ќе знаете дека јас, Јехова, сум оној што ве удрил.+ 10  Еве го денот! Еве го, доаѓа!+ Стигнува неволјата.+ Стапот цути.+ Надменоста никнува.+ 11  Насилството се подига како стап со кој се казнува злобата.+ Тие нема да се избават себеси, ниту ќе ги избави нивното богатство, ниту, пак, нивните дела. Немаат никакви заслуги. 12  Ќе дојде време, ќе стигне денот. Кој купува, нека не се радува,+ а кој продава, нека не тагува, бидејќи гневот доаѓа врз сите тие луѓе. 13  Продавачот нема повеќе да се врати на она што го продал, сѐ додека е жив, бидејќи ова е видение за сите тие луѓе. Никој нема да се врати и никој нема да си го зачува животот со некаква измама. 14  Затрубиле во труби+ и сите се подготвиле, но никој не оди во бој, зашто мојата јарост доаѓа против сите тие луѓе.+ 15  Надвор има меч,+ а внатре — помор и глад.+ Кој е во полето, ќе загине од меч, а кој е во градот, ќе го проголтаат гладот и поморот.+ 16  Нивните бегалци ќе побегнат+ и ќе бидат на планините како гулаби од долините,+ сите ќе лелекаат, секој поради својот престап. 17  Сите раце ќе премалат,+ по секое колено ќе тече вода.*+ 18  Ќе опашаат козина,+ ќе се наметнат со трепет,+ на сите лица ќе има срам,+ сите глави ќе бидат ќелави.+ 19  Своето сребро ќе го испофрлаат по улиците, нивното злато ќе им се згади. Ниту нивното сребро ниту нивното злато не ќе може да ги избави во денот на Јеховиниот гнев.+ Нема да ги наситат своите души и нема да го наполнат својот стомак, зашто нивното богатство е каменот на кој се спрепнаа, па паднаа во грев.+ 20  Се гордеат со својот прекрасен накит. Своите одвратни ликови,+ своите гадни богови,+ ги направија од благороден метал. Затоа јас ќе направам да им се згади.+ 21  Ќе го дадам во рацете на туѓинци за да го опљачкаат, и на земните злосторници за да го разграбаат,+ и тие ќе го осквернат. 22  И ќе го одвратам своето лице од тие престапници.+ Моето скриено живеалиште ќе биде осквернато, во него ќе влезат разбојници и ќе го осквернат.+ 23  Направи синџир,+ бидејќи земјата е полна со пресуди со кои се пролева крв+ и градот е полн со насилство.+ 24  Ќе ги доведам најлошите народи+ и тие ќе ги заземат нивните куќи.+ Ќе ја скршам гордоста на силниците+ и нивните светилишта ќе бидат осквернети.+ 25  Ќе дојдат маките, и тие ќе бараат мир, но него ќе го нема.+ 26  Неволја по неволја ќе доаѓа+ и вест по вест ќе стигнува, и народот ќе бара видение од пророкот.+ Ќе исчезне законот на свештеникот и советот на старешините.+ 27  Царот ќе тажи,+ поглаварот ќе очајува,+ на народот* ќе му затреперат рацете поради неволјата. Ќе им вратам според нивните дела+ и ќе им судам според нивната правда.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘ “.+

Фусноти

Или: „венецот“.
Овој израз се однесува на неконтролирано мочање од страв.
Буквално: „народи од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Тој израз подоцна почнал да се користи во погрдна смисла. Спореди Јвн 7:47⁠-49.