Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 6:1-14

6  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, сврти го лицето кон планините на Израел+ и пророкувај им!+  Речи: ‚Планини на Израел, чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова:+ Вака им вели Севишниот Господар Јехова на планините и на ридовите,+ на речните корита и на долините: „Еве, ќе пуштам врз вас меч и ќе ги уништам вашите обредни височинки.+  Ќе опустат вашите жртвеници+ и ќе се искршат вашите кадилни сталки, а вашите убиени ќе ги испофрлам пред вашите одвратни идоли.*+  И ќе ги ставам труповите на Израеловите синови пред нивните одвратни идоли и ќе ги расеам вашите коски околу вашите жртвеници.+  Каде и да живеете,+ вашите градови ќе бидат опустошени+ и вашите обредни височинки ќе опустат и ќе лежат опустошени,+ а вашите жртвеници ќе опустат и ќе бидат разбиени,+ ќе исчезнат вашите одвратни идоли+ и ќе се искршат вашите кадилни сталки,+ ќе се сотрат делата на вашите раце.  Меѓу вас ќе паѓаат убиени,+ и тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.*+  Но кога ќе се случи тоа, ќе ви оставам остаток — оние што ќе избегаат од мечот меѓу народите, кога ќе се расеете по земјите.+  Оние од вас што ќе избегаат ќе се сетат на мене меѓу народите во каде што ќе бидат одведени како заробеници,+ зашто многу ми е тешко поради нивното блудничко срце, кое се одврати од мене,+ и поради нивните очи кои прават блуд така што ги почитуваат нивните одвратни идоли.+ И ќе им се види на лицата дека се мразат самите себе поради злото што го направиле, поради сите нивни гадотии.+ 10  И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова. Не зборував залудно+ дека ќе им го направам сето тоа зло“ ‘.+ 11  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Плесни со рацете+ и тропни со ногата, па речи: „Леле!“, поради сите гадотии на домот на Израел,+ зашто ќе паднат од сечилото на мечот,+ од глад+ и од помор!+ 12  Кој ќе биде далеку,+ ќе умре од помор. Кој ќе биде близу, ќе падне од меч. Кој ќе остане и ќе се спаси од тоа, ќе умре од глад. Така ќе го излеам својот гнев врз нив.+ 13  И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова,+ кога нивните убиени ќе лежат меѓу нивните одвратни идоли,+ околу нивните жртвеници,+ на секој висок рид,+ на сите планински врвови+ и под секое зелено дрво+ и под секое разгрането стебло,+ на местата каде што им принесуваа благопријатен мирис на сите свои одвратни идоли.+ 14  Ќе ја подигнам својата рака на нив+ и ќе им ја претворам земјата во пустелија, во пустош полоша од пустината што се протега кон Дивлат, секаде каде што живеат. И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова‘ “.

Фусноти

Или: „лепешкави идоли“.
Во книгата на Езекиел на повеќе од 60 места се јавува изразот „тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова“. Овој израз зборува за посветувањето на Јеховиното име на Земјата, и ова е првото такво место.