Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 5:1-17

5  „А ти, сине човечки, земи остар меч. Употреби го како берберски брич и избричи ги со него главата и брадата,+ па земи вага и раздели ги косата и брадата.  Третина изгори во оган среде градот, штом ќе се навршат деновите на опсадата.+ Другата третина земи ја и исечи ја со меч одејќи околу градот.+ Преостанатата третина развеј ја на ветрот, а јас ќе го испратам својот меч по нив.+  А од последниот куп земи малку влакна и завиткај ги во својот скут.+  Земи дел од тоа и фрли го во оган за да изгори. Оттаму огнот ќе се прошири на целиот Израелов дом.+  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ова е Ерусалим. Го поставив среде други народи, го опкружив со земји.  А тој се побуни против моите закони правејќи поголемо зло отколку другите народи,+ се побуни против моите одредби повеќе отколку земјите што го опкружуваат, бидејќи тие ги отфрлија моите закони и не живеат* според моите одредби‘.+  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Полоши сте+ од народите што ве опкружуваат, не живеете* според моите одредби и не се држите за моите закони,+ туку се држите за законите на народите што ве опкружуваат.+  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, граде.+ Ќе извршам праведна пресуда сред тебе пред очите на сите народи.+  Поради сите твои гадотии, ќе го направам во тебе она што досега не сум го направил, ниту, пак, некогаш повторно ќе го направам.+ 10  Затоа татковците ќе ги јадат своите синови сред тебе,+ а синовите ќе ги јадат своите татковци, и ќе ја извршам својата пресуда над тебе и ќе го распрснам сиот твој остаток на сите страни“ ‘.*+ 11  ‚Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚затоа што го осквернивте моето светилиште со сите свои гадотии+ и со сите свои одвратности,+ јас ќе ве изретчам+ и моето око нема да се сожали+ и нема да се смилува.+ 12  Третина од вас ќе изумре од помор+ и ќе изгине од глад сред тебе.+ Другата третина ќе падне од меч насекаде околу тебе. Преостанатата третина ќе ја распрснам на сите страни,+ и ќе го испратам својот меч по нив.+ 13  Тогаш ќе го излеам својот гнев+ и ќе стивне мојата јарост+ и јас ќе се смирам.+ И кога ќе ја излеам својата јарост врз нив, ќе знаат дека јас, Јехова, зборувам така затоа што барам да ми се покажува оддаденост само мене.+ 14  Ќе те опустошам и ќе те изложам на срам пред народите што те опкружуваат, пред очите на сите минувачи.+ 15  Ќе ти се потсмеваат+ и ќе те навредуваат,+ ќе бидеш опомена+ и ужас за народите што те опкружуваат, кога ќе ја извршам врз тебе својата пресуда во гнев и во јарост и кога ќе те казнам во својот гнев.+ Јас, Јехова, реков така. 16  Кога ќе испратам врз вас погубни стрели од глад,+ кои ќе ве погубат, а ќе ги испратам за да ве погубам,+ тогаш ќе пуштам уште поголем глад врз вас и ќе ги уништам вашите резерви од леб.*+ 17  Ќе испратам врз вас глад и опасни ѕверови+ што ќе ви ги убијат децата. Помор+ и крв+ ќе поминат преку тебе, и ќе го пуштам својот меч врз тебе.+ Јас, Јехова, реков така.‘ “

Фусноти

Буквално: „одат“.
Буквално: „одите“.
Буквално: „во сите ветрови“. Види ја фуснотата за Ере 49:32.
Или: „стапови на кои се наредени прстенести лебови“. Буквално: „лебни стапови“.