Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 48:1-35

48  „А ова се имињата на племињата. Еден дел ќе му припадне на Дан.+ Ќе се протега од крајниот север по должината на патот кој води од Хетлон+ до влезот во Емат.+ Потоа ќе оди до Хасар-Енан,+ до границата на Дамаск на север, и до подрачјето на Емат. Ќе се протега во правецот исток-запад.  Еден дел ќе му припадне на Асер, а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Дан.+  Еден дел ќе му припадне на Нефталим,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Асер.  Еден дел ќе му припадне на Манасија,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Нефталим.  Еден дел ќе му припадне на Ефрем,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Манасија.  Еден дел ќе му припадне на Рувим,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Ефрем.  Еден дел ќе му припадне на Јуда,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Рувим.  А од исток кон запад покрај границата на Јуда ќе се протега прилогот што треба да го дадете. Тој нека биде дваесет и пет илјади лакти во ширина,+ а во должина како и секој друг дел од исток кон запад. Во неговата средина нека биде светилиштето.+  Прилогот што треба да му го дадете на Јехова нека биде дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади лакти во ширина. 10  Ова се мерките на тој дел што ќе биде свет прилог за свештениците:+ на север нека биде дваесет и пет илјади лакти во должина, на запад десет илјади во ширина, на исток десет илјади во ширина и на југ дваесет и пет илјади во должина. Во неговата средина нека биде Јеховиното светилиште.+ 11  Тоа ќе биде за свештениците, за посветените синови на Садок,+ кои ми служеа верно и не застранија кога застранија синовите на Израел, како што застранија левитите.+ 12  Нека биде нивни прилогот од приложената земја, како нешто најсвето, на левитската граница.+ 13  Левитите нека имаат подрачје+ веднаш до подрачјето што им припаѓа на свештениците, дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади во ширина — вкупно дваесет и пет илјади лакти во должина и десет илјади во ширина.+ 14  Од тоа не смеат ниту нешто да продадат, ниту да заменат, ниту да му ја пренесат на некого таа најдобра земја, зашто е света за Јехова.+ 15  Петте илјади лакти што ќе останат во ширина, по должината на оние дваесет и пет илјади лакти, нека не бидат свети, туку нека бидат за град,+ за населба и за пасиште. Градот нека биде во нивната средина.+ 16  А ова се мерките на градот: од северната страна четири илјади и петстотини лакти, од јужната страна четири илјади и петстотини, од источната страна четири илјади и петстотини и од западната страна четири илјади и петстотини. 17  Градот нека има свое пасиште:+ на север двесте и педесет лакти, на југ двесте и педесет лакти, на исток двесте и педесет и на запад двесте и педесет. 18  Тоа што ќе остане, ќе биде во должина исто како и светиот прилог:+ десет илјади лакти на исток и десет илјади на запад. Нека биде еднакво со светиот прилог, а неговиот род нека им служи за храна на оние што му служат на градот.+ 19  Оние што му служат на градот, кои се од сите племиња на Израел, ќе ја обработуваат таа земја.+ 20  Целиот прилог е дваесет и пет илјади на дваесет и пет илјади лакти. Четириаголен дел треба да принесете како свет прилог заедно со градскиот посед. 21  Тоа што ќе преостане ќе му припадне на кнезот:+ на едната и на другата страна од светиот прилог и од градскиот посед,+ по должината на дваесет и петте илјади лакти прилог кон источната граница и на запад по должината на дваесет и петте илјади лакти кон западната граница.+ Какви што се другите племенски подрачја такво ќе биде и ова за кнезот. Во средината на тоа подрачје нека биде светиот прилог и светилиштето на Домот. 22  Левитскиот посед и градскиот посед нека бидат меѓу она што му припаѓа на кнезот. Она што ќе преостане меѓу границата на Јуда+ и границата на Венијамин нека му припадне на кнезот. 23  Ова е за останатите племиња: еден дел ќе му припадне на Венијамин,+ а ќе се протега од исток до запад. 24  Еден дел ќе му припадне на Симеон,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Венијамин. 25  Еден дел ќе му припадне на Исахар,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Симеон. 26  Еден дел ќе му припадне на Завулон,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Исахар. 27  Еден дел ќе му припадне на Гад,+ а ќе се протега од исток кон запад покрај границата на Завулон. 28  Покрај границата на Гад, на јужната страна, кон југ, границата ќе биде од Тамара+ до водите на Мериват-Кадис,+ по должината на речната долина,+ сѐ до Големото Море.*+ 29  Тоа е земјата што ќе им ја разделите со ждрепка во наследство на племињата на Израел+ и тоа се нивните делови“,+ вели Севишниот Господар Јехова. 30  „А ова се излезите на градот: на северната страна мерката нека биде четири илјади и петстотини лакти.+ 31  Градските порти нека бидат според имињата на Израеловите племиња. Три порти нека бидат на север: една порта на Рувим, една порта на Јуда и една порта на Леви. 32  На источната страна нека има четири илјади и петстотини лакти, со три порти: една порта на Јосиф, една порта на Венијамин и една порта на Дан. 33  На јужната страна мерката нека биде четири илјади и петстотини лакти, со три порти: една порта на Симеон, една порта на Исахар и една порта на Завулон. 34  На западната страна нека биде четири илјади и петстотини лакти, со три порти: една порта на Гад, една порта на Асер и една порта на Нефталим. 35  Наоколу нека има осумнаесет илјади лакти. А името на градот од тој ден натаму нека му биде: Јехова Е Таму.“+

Фусноти

Односно, Средоземното Море.