Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 47:1-23

47  Потоа ме врати до влезот на Домот,+ и гледај, вода+ извираше од под прагот на Домот и течеше кон исток,+ зашто предниот дел на Домот гледаше кон исток. Водата течеше одоздола, од десната страна на Домот, јужно од жртвеникот.  И ме изведе низ северната порта+ и ме одведе одоколу по надворешниот пат до надворешната порта која гледаше кон исток,+ и гледај, водата+ течеше од десната страна.  Кога тргна кон исток со мерното јаже в рака,+ човекот измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата беше до глуждови.  И пак измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата беше до колена. Потоа повторно измери илјада лакти и ме преведе преку водата, а водата сега беше до колкови.  Потоа повторно измери илјада лакти. Сега тоа веќе беше река која не можев да ја преминам, зашто водата беше толку надојдена што требаше да се плива — тоа беше река што не можеше да се премине.  Тогаш ми рече: „Дали виде, сине човечки?“ Потоа ме поведе и ме врати на брегот на реката.  Кога се вратив, гледај, на брегот на реката имаше мошне многу дрвја, на едната и на другата страна.+  И ми рече: „Оваа вода тече во источниот крај, ќе се спушти низ Араба+ и ќе се влее во морето.+ Кога ќе се влее во морето,+ морската вода ќе оздрави.  Секаде каде што оваа река — сега веќе двапати поголема — ќе протече, сите живи души што се движат+ ќе оживеат. И ќе има мошне многу риби таму каде што ќе дојде оваа вода, морската вода ќе оздрави+ и сѐ ќе биде живо таму каде што ќе тече оваа река. 10  И рибарите ќе стојат покрај морето од Ен-Геди+ до Ен-Еглаим. Таму ќе се сушат мрежите. Ќе има секакви риби, како во Големото Море,*+ мошне многу. 11  Неговите мочуришта и неговите бари нема да оздрават.+ Ќе бидат оставени за сол.+ 12  По должината на реката, по должината на едниот и на другиот брег, ќе израстат разновидни дрвја, кои ќе раѓаат плодови за јадење.+ Лисјата нема да им венеат+ и нема да им снема плод.+ Секој месец ќе раѓаат нов плод, зашто водата им дотечува од светилиштето.+ Нивните плодови ќе бидат за јадење, а лисјата за лек“.+ 13  Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ова е подрачјето што ќе си го поделите во наследство, земја за дванаесетте племиња на Израел. На Јосиф ќе му припаднат два дела.+ 14  Вие ќе ја наследите — секој ќе добие колку и неговиот брат — ќе ја наследите земјата за која со подигната рака им се заколнав+ на вашите татковци+ дека ќе им ја дадам, таа земја со ждрепка ќе ви припадне вам во наследство.+ 15  Ова е границата на земјата на северната страна: од Големото Море патот за Хетлон,+ како што се оди во Седад,+ 16  Емат,+ Верота,+ Сивраим, кој е меѓу границата на Дамаск+ и границата на Емат, и Азер-Атихон, кој се наоѓа спрема границата на Авран.+ 17  Така границата ќе оди од морето до Хасар-Енан,+ на границата на Дамаск, и понатаму на север, северно од таа граница, до границата на Емат.+ Тоа е северната страна. 18  Источната страна: меѓу Авран+ и Дамаск+ и меѓу Галад+ и земјата на Израел, паралелно со Јордан.+ Мерете од границата кон источното море. Тоа е источната страна. 19  Јужната страна: кон југ, од Тамара+ до водите на Мериват-Кадис,+ по должината на речната долина*+ до Големото Море. Тоа е јужната страна, кон Негев.* 20  Западната страна: граница е Големото Море, од јужната граница право до влезот во Емат.+ Тоа е западната страна. 21  Разделете ја таа земја меѓу себе, меѓу дванаесетте племиња на Израел. 22  Разделете ја во наследство меѓу себе+ и меѓу дојденците што живеат меѓу вас,+ на кои им се родиле синови меѓу вас. И нека ви бидат како да се родени Израелци. Тие ќе добијат наследство заедно со вас меѓу племињата на Израел.+ 23  Во племето во кое живее дојденецот, таму дајте му го неговото наследство“, вели Севишниот Господар Јехова.

Фусноти

Односно, Средоземното Море.
Види го додатокот 12.
Или: „на југ“, односно на јужниот дел од Ветената земја.