Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 46:1-24

46  „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Портата на внатрешниот двор што гледа кон исток+ нека биде затворена+ во шесте работни денови,+ а на денот за одмор* нека биде отворена и на денот на млада месечина нека биде отворена.+  Кнезот нека влезе во предворјето на портата,+ од надворешната страна, и нека застане кај довратникот на портата.+ Тогаш свештениците нека ги принесат неговата жртва паленица и неговите жртви на заедништвото, а тој нека се поклони на прагот на портата+ и нека излезе. А портата нека не биде затворена сѐ до вечерта.  На влезот од таа порта, на ден за одмор и на млада месечина, народот од земјата* нека се поклонува пред Јехова.+  Целата жртва паленица, која на денот за одмор кнезот ќе му ја принесе на Јехова, нека се состои од шест јагниња без недостаток и еден овен без недостаток.+  Житната жртва нека биде по една ефа за овен,+ житната жртва за јагнињата нека биде толку колку што може да даде,+ а маслото нека биде по еден ин за секоја ефа.+  На денот на млада месечина+ нека принесе еден јунец без недостаток, а нека принесе и шест јагниња и еден овен. Нека бидат без недостаток.+  И за житна жртва нека принесе по една ефа за јунец и по една ефа за овен, за јагнињата толку колку што може да даде, а масло нека принесе по еден ин за секоја ефа.+  А кога ќе влезе, кнезот+ нека влезе во предворјето на портата и нека излезе по истиот пат.+  А кога народот од земјата ќе дојде на празник пред Јехова,+ оној што ќе влезе низ северната порта+ за да се поклони, нека излезе низ јужната порта,+ а оној што ќе влезе низ јужната порта, нека излезе низ северната порта. Никој нека не се враќа на портата низ која влегол, туку нека оди право напред. 10  Кога ќе влезат тие, нека влезе и кнезот што е меѓу нив, а кога ќе излезат тие, нека излезе и тој.+ 11  На празниците+ и на прославите, житната жртва нека биде по една ефа за јунец и по една ефа за овен, за јагнињата толку колку што може да даде, а маслото нека биде по еден ин за секоја ефа.+ 12  Кога кнезот ќе донесе жртва која доброволно ќе биде принесена цела како жртва паленица,+ или кога ќе донесе жртви на заедништвото како жртва која доброволно му ја принесува на Јехова, нека му биде отворена портата што гледа кон исток,+ па нека ги донесе својата жртва паленица и своите жртви на заедништвото како што го прави тоа на ден за одмор.+ Потоа нека излезе, а кога ќе излезе, портата нека се затвори.+ 13  Секој ден донеси за жртва паленица за Јехова по едно јагне без недостаток, до една година старо.+ Донеси го секое утро. 14  Донеси со него секое утро за житна жртва по една шестина ефа, а масло донеси една третина ин за да се попрска финото брашно.+ Житната жртва за Јехова треба секогаш да се принесува. 15  Секое утро нека донесат јагне и житна жртва и масло како жртва паленица која редовно се принесува‘. 16  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ако кнезот му даде на секој свој син дар во наследство, тој дар ќе стане сопственост на неговите синови. Тоа ќе биде нивни имот што ќе го добијат во наследство. 17  А ако од своето наследство му даде дар на некој свој слуга, тој дар ќе му припаѓа на слугата до годината на ослободувањето,+ а тогаш нека му го врати на кнезот. Само неговите синови ќе го добијат неговото наследство како траен посед. 18  Кнезот не смее да му одзема никакво наследство на народот така што ќе го брка од неговиот имот.+ Од својот имот нека им даде наследство на своите синови за да не биде никој од мојот народ протеран од својот посед‘ “.+ 19  Потоа, ме одведе низ влезот+ што беше до портата во свештеничките свети трпезарии, кои беа свртени кон север.+ И гледај, таму, во задниот дел, кој гледаше кон запад, имаше некаков простор. 20  И ми рече: „Ова е местото на кое свештениците ќе ги варат жртвата за вина+ и жртвата за грев+ и ќе ја печат житната жртва+ за да не се изнесува ништо во надворешниот двор и така да се посвети народот“.+ 21  Потоа ме изведе во надворешниот двор и ме поведе покрај четирите дворни аголни столба и, гледај, покрај едниот дворен аголен столб имаше еден двор и покрај другиот дворен аголен столб имаше еден двор. 22  Покрај четирите дворни аголни столба имаше дворчиња, четириесет лакти во должина, а триесет во ширина. Сите тие четири аголни градби имаа исти мерки. 23  Околу сите четири двора се протегаше ѕид, а во подножјето на тој ѕид, кој одеше наоколу, беа направени места за готвење.+ 24  И ми рече: „Тоа се кујните во кои слугите на Домот ги варат жртвите на народот“.+

Фусноти

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
„Народот од земјата“ (и во 9. стих) — хебрејски: ам хаарец. Види ја фуснотата за Езе 7:27.