Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 43:1-27

43  Потоа ме одведе до портата, до онаа порта што е свртена кон исток.+  И гледај, славата+ на Богот на Израел доаѓаше од исток,+ а неговиот глас беше како шум од големи води,+ и земјата блесна од неговата слава.+  Тоа личеше на видението што го видов порано,+ на видението што го видов кога дојдов да го уништам градот.+ Она што го видов изгледаше како она што го видов на реката Хевар,+ па паднав ничкум.  А Јеховината слава+ влезе во Домот низ портата што е свртена кон исток.+  Тогаш духот ме подигна+ и ме однесе во внатрешниот двор, и гледај, Домот беше полн со Јеховината слава.+  И чув како некој ми зборува од Домот,+ а човекот стоеше покрај мене.+  И Бог ми рече: „Сине човечки, ова е местото на мојот престол+ и местото за моите стапала,+ каде што ќе живеам меѓу синовите на Израел довека.+ И домот на Израел повеќе нема да го осквернува моето свето име,+ ниту тие ниту нивните цареви,+ со својот блуд и со труповите+ на своите мртви цареви  и со тоа што ќе ги ставаат своите прагови до мојот праг и своите довратници до моите довратници, па да има само ѕид помеѓу мене и нив.+ А го сквернавеа моето свето име со гадотиите што ги правеа,+ па ги истребив во својот гнев.+  Сега нека ги отфрлат својот блуд+ и труповите на своите цареви далеку од мене,+ па ќе живеам меѓу нив довека!+ 10  А ти, сине човечки, запознај го домот на Израел со Домот,+ па нека се посрамат поради своите престапи+ и нека ги измерат неговите мерки! 11  Ако се посрамат поради сето она што го направиле, опиши им го планот на Домот,+ распоредот и излезите и влезовите, сите планови и сите поединости, сите негови планови и сите негови закони, и нацртај ги пред нивни очи да ги видат сите планови и сите негови поединости и да се држат за тоа!+ 12  Ова е законот за Домот: целото подрачје на врвот на планината, насекаде околу Домот, нека биде нешто најсвето.+ Ете, тоа е законот за Домот. 13  А ова се мерките на жртвеникот изразени во лакти,+ а лакотот овде е долг еден лакот и една дланка.*+ Неговото подножје има еден лакот. Широк е еден лакот. Неговиот раб наоколу е издигнат за една педа. Тоа е основата на која стои жртвеникот. 14  Од подножјето што лежи на земја до работ на долното скалило од скалестото подножје има два лакта, а ширината е еден лакот. Од малото скалило на подножјето до работ на големото скалило на подножјето има четири лакти, а ширината му изнесува еден лакот. 15  Огништето на жртвеникот има четири лакти и од него се креваат четири рога.+ 16  Огништето има дванаесет лакти во должина и дванаесет лакти во ширина,+ а неговите страни сочинуваат четириаголник.+ 17  Скалилото на кое стои е долго четиринаесет лакти и широко четиринаесет лакти на четирите страни. Неговиот раб што оди наоколу има половина лакот, а ширината му е еден лакот секаде наоколу. Скалилата за качување на жртвеникот се свртени кон исток“. 18  И ми рече: „Сине човечки, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ова се одредбите за жртвеникот дадени во времето кога се правеше, за да се принесуваат на него цели жртви паленици+ и да се попрскува со крв‘.+ 19  ‚На левитските свештеници+ што се потомци на Садок,+ кои ми пристапуваат за да ми служат,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚дај им јунец од стадото за жртва за грев.+ 20  Земи од неговата крв и намачкај ги со неа четирите рогови на жртвеникот и четирите агли на скалилата на кои стои и работ секаде наоколу, па очисти го од грев+ и изврши обред на очистување за него.+ 21  Потоа земи го јунецот, жртвата за грев, и нека се изгори на местото во Домот, кое е одредено за тоа, надвор од светилиштето.+ 22  Утредента доведи го јарецот без недостаток за жртва за грев, и со него нека се очисти од грев жртвеникот како што беше очистен од грев и со јунецот.‘ 23  ‚Кога ќе го извршиш очистувањето од грев, доведи од стадото јунец без недостаток и овен без недостаток! 24  Доведи ги пред Јехова, и свештениците нека ги посипат со сол и нека му ги принесат+ на Јехова како цела жртва паленица. 25  Седум дена ќе принесуваш секој ден по еден јарец како жртва за грев.+ И нека принесуваат по еден јунец од стадото и по еден овен од стадото, без недостаток. 26  Седум дена нека вршат обред на очистување+ на жртвеникот, нека го очистат и така нека го подготват за користење. 27  Нека направат сѐ што е предвидено за тие денови. А од осмиот ден+ натаму, свештениците нека ги принесуваат на жртвеникот вашите цели жртви паленици и вашите жртви на заедништвото. Тогаш ќе ми бидете мили‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“.

Фусноти

Види ја фуснотата за Езе 40:5.