Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 42:1-20

42  Потоа ме одведе+ во надворешниот двор, кон север.+ И ме доведе до зградата со трпезариите,+ која беше пред одделениот простор+ и пред зградата, кон север.  На почетокот од ѕидот долг сто лакти беше северниот влез, а ширината на зградата беше педесет лакти.  Пред дваесетте лакти од внатрешниот двор+ и пред плочникот+ во надворешниот двор, имаше ходници,+ еден спроти друг, на три ката.  А пред трпезариите имаше премин широк десет лакти, кој водеше во внатрешноста,+ пат од еден лакот, а вратите им беа свртени кон север.  Горните трпезарии во зградата беа најтесни, бидејќи ним ходниците им одземаа повеќе простор отколку на долните и на средните.  Зашто, беа на три ката,+ а немаа такви столбови какви што имаше во дворот. Затоа горните трпезарии имаа помала површина отколку долните и средните.  Камениот ѕид, кој беше од надворешната страна, се надоврзуваше на трпезариите покрај надворешниот двор, а беше спроти другите трпезарии. Тој беше долг педесет лакти.  Зашто, должината на трпезариите покрај надворешниот двор беше педесет лакти, а на оние пред храмот сто лакти.  Под тие трпезарии беше влезот од исток, низ кој се влегува во нив од надворешниот двор. 10  По ширината на источниот каменен ѕид во дворот, пред одделениот простор+ и пред зградата, имаше трпезарии.+ 11  А пред нив имаше пат како оној пред трпезариите што беа свртени кон север.+ Имаа иста должина и иста ширина како и тие, сите излези им беа исти, а имаа и ист распоред и исти влезови. 12  Какви што беа влезовите во трпезариите што беа на југ, таков беше и влезот на почетокот од преминот, кој беше по должината на источниот каменен ѕид, кога некој ќе дојдеше во нив.+ 13  И ми рече: „Трпезариите на север и трпезариите на југ, кои се пред одделениот простор,+ се свети трпезарии, каде што свештениците, кои му пристапуваат+ на Јехова, го јадат она што е најсвето.+ Таму го оставаат она што е најсвето и житните жртви и жртвите за грев и жртвите за вина, зашто тоа место е свето.+ 14  Кога ќе влезат, свештениците нема да излегуваат од светото место во надворешниот двор, туку овде ќе ги оставаат своите облеки во кои служат,+ бидејќи се свети. Ќе облечат други облеки+ и ќе излезат таму каде што е народот“. 15  Кога ја измери внатрешноста на домот, ме изведе надвор низ портата што беше свртена кон исток+ и таму измери сѐ наоколу. 16  Со мерна трска* ја измери источната страна. Имаше петстотини трски, мерни трски,+ секаде наоколу. 17  Ја измери и северната страна: петстотини трски, мерни трски, секаде наоколу. 18  Потоа ја измери јужната страна: петстотини трски, мерни трски. 19  Потоа сврте кон западната страна и измери: петстотини трски, мерни трски. 20  Мереше од четирите страни. Домот имаше ѕид секаде наоколу,+ со должина од петстотини трски и ширина од петстотини трски,+ кој го одвојуваше она што е свето од она што не е свето.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Езе 40:5.