Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 40:1-49

40  Во дваесет и петтата година од нашето изгнанство,+ во почетокот на годината, на десеттиот ден од тој месец, а во четиринаесеттата година откако падна градот,+ токму во тој ден, врз мене се спушти раката на Јехова,+ па ме одведе таму.+  Во Божји виденија ме одведе во земјата на Израел и ме постави на една многу висока планина,+ на чија јужна страна имаше нешто што личеше на град.+  Ме одведе таму, и гледај, човек, кој изгледаше како да е од бакар,+ со ленено јаже во раката и со мерна трска,+ стоеше на портата.  И тој човек ми рече: „Сине човечки,+ гледај со очите и слушај со ушите и насочи го срцето кон сето она што ќе ти го покажам, зашто си доведен ваму за да ти го покажам! Објави му го на домот на Израел сето она што ќе го видиш!“+  И гледај, домот беше опкружен со ѕид од сите страни. А човекот имаше во раката мерна трска долга шест лакти, а секој лакот беше за една дланка подолг од обичниот лакот.* И ја измери ширината на ѕидот: една трска, и висината: една трска.  Потоа дојде до портата што беше свртена кон исток,+ и се искачи по скалите. И ги измери праговите на портата.+ Првиот беше широк една трска и вториот беше широк една трска.  Секоја стражарница беше по една трска долга и по една трска широка, а помеѓу стражарниците+ имаше по пет лакти. Прагот на портата со предворјето на портата, кое води кон внатре: една трска.  И го измери предворјето на портата, кое води кон внатре: една трска.+  Го измери предворјето на портата: осум лакти, и неговите полустолбови: два лакта. Предворјето на портата водеше кон внатре. 10  Од секоја страна на портата што беше свртена кон исток имаше по три стражарници. Сите три беа со исти мерки, и полустолбовите беа со исти мерки, и на едната и на другата страна. 11  Потоа ја измери ширината на влезот на портата: десет лакти, и вкупната должина на надворешниот дел од влезот на портата: тринаесет лакти. 12  Заградениот простор пред стражарниците беше по еден лакот. На обете страни имаше ограден простор од по еден лакот. А секоја стражарница имаше по шест лакти од едната страна и по шест лакти од другата страна. 13  И ја измери портата од работ на покривот над едната стражарница до работ на покривот над другата, во ширина: дваесет и пет лакти.+ Влезовите во стражарниците беа еден спроти друг. 14  Потоа ги измери полустолбовите: шеесет лакти, како и дворните полустолбови на сите околни порти. 15  Од влезната порта до почетокот на внатрешната порта имаше педесет лакти. 16  Стражарниците и полустолбовите во портата имаа прозорци секаде наоколу, од едната страна потесни, а од другата пошироки,+ кои беа свртени кон внатре, а исто беше и во предворјето. Секаде наоколу имаше прозорци и тие беа свртени кон внатре, а на полустолбовите беа врежани палми.+ 17  И ме одведе во надворешниот двор, и гледај, таму имаше трпезарии+ и имаше направено плочник во целиот двор. На плочникот имаше триесет трпезарии.+ 18  Ширината на плочникот покрај портите беше иста со должината на портите — тоа беше понискиот плочник. 19  И ја измери ширината од долната порта до влезот во внатрешниот двор. Од надворешната страна имаше сто лакти, на исток и на север. 20  Надворешниот двор имаше порта што беше свртена кон север. Ја измери нејзината должина и ширина. 21  И имаше три стражарници од едната и три од другата страна. Полустолбовите и предворјето на оваа порта имаа исти мерки како и првата порта. Беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 22  Нејзините прозорци, предворјето и врежаните палми+ имаа исти мерки како и портата што беше свртена кон исток. Во неа се влегуваше по седум скалила, а предворјето ѝ беше од предната страна. 23  Портата на внатрешниот двор беше спроти северната порта, а истото беше и со портата на исток. И ја измери оддалеченоста на едната порта од другата: сто лакти. 24  И ме одведе на југ, и гледај, таму имаше една порта што беше свртена кон југ,+ и ги измери нејзините полустолбови и нејзиното предворје. Имаа исти мерки како и претходните. 25  И таа и нејзиното предворје имаа прозорци секаде наоколу, исти како и претходните прозорци. Портата беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 26  До неа се стигнуваше по седум скалила,+ а предворјето ѝ беше од предната страна. На полустолбовите беа врежани палми — една од едната страна и друга од другата. 27  Внатрешниот двор имаше порта што беше свртена кон југ. И ја измери оддалеченоста на таа порта од портата што беше свртена кон југ: сто лакти. 28  Потоа ме внесе низ јужната порта во внатрешниот двор. И ја измери јужната порта, и таа имаше исти мерки како и претходните. 29  Нејзините стражарници, полустолбовите и предворјето ги имаа истите мерки како и претходните. И таа и нејзиното предворје имаа прозорци секаде наоколу. Портата беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти.+ 30  Наоколу имаше предворја. Беа долги по дваесет и пет лакти, а широки по пет лакти. 31  Нејзиното предворје водеше во надворешниот двор. На полустолбовите беа врежани палми,+ а на влезот имаше осум скалила.+ 32  И ме одведе во внатрешниот двор кон исток и ја измери портата, и таа имаше исти мерки како и претходните. 33  Нејзините стражарници, полустолбовите и предворјето имаа исти мерки како и претходните. И таа и нејзиното предворје имаа прозорци секаде наоколу. Беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 34  Нејзиното предворје водеше кон надворешниот двор, на полустолбовите беа врежани палми од едната и од другата страна. За искачување до неа имаше осум скалила. 35  И ме одведе до северната порта+ и ја измери, и имаше исти мерки како и претходните,+ 36  а исто и нејзините стражарници, полустолбовите и предворјето. И имаше прозорци секаде наоколу. Беше долга педесет лакти, а широка дваесет и пет лакти. 37  Нејзините полустолбови гледаа кон надворешниот двор, а на полустолбовите од едната и од другата страна беа врежани палми.+ За искачување до неа имаше осум скалила. 38  Трпезаријата со својот влез беше покрај полустолбовите на портите. Таму ги миеја целите жртви паленици.+ 39  Во предворјето на портата имаше две маси на едната страна и две маси на другата страна за да се колат на нив целите жртви паленици,+ жртвите за грев+ и жртвите за вина.+ 40  И однадвор, каде што се доаѓа до влезот на северната порта, имаше две маси. И од другата страна на предворјето на портата имаше две маси. 41  Имаше четири маси на едната страна и четири маси на другата страна од портата — вкупно осум трпези за колење на жртвите. 42  Четирите маси за целите жртви паленици беа од делкан камен. Беа долги по лакот и пол, широки по лакот и пол, а високи по еден лакот. На нив го оставаа приборот за колење на жртвите паленици и на другите жртви. 43  Однатре секаде по ѕидовите беа прицврстени полици широки по една дланка, на кои се оставаа работи. На масите го ставаа месото од жртвениот дар.+ 44  Надвор, до внатрешната порта, беа трпезариите за пејачите,+ во внатрешниот двор, покрај северната порта. Беа свртени кон југ. Една трпезарија имаше и кај источната порта. Беше свртена кон север. 45  И тој ми рече: „Оваа просторија, трпезаријата што е свртена кон југ, е наменета за свештениците кои ја извршуваат службата во домот.+ 46  А трпезаријата што е свртена кон север е наменета за свештениците кои служат кај жртвеникот.+ Тоа се синовите на Садок,+ оние меѓу синовите на Леви што му пристапуваат на Јехова да му служат“.+ 47  И го измери внатрешниот двор. Беше долг сто лакти и широк сто лакти, беше четириаголен. Пред домот беше жртвеникот. 48  Потоа ме одведе во предворјето на домот+ и ги измери полустолбовите во предворјето: пет лакти на едната страна и пет лакти на другата страна. Полустолбовите на портата беа широки по три лакти на едната страна и три лакти на другата страна. 49  Предворјето беше долго дваесет лакти, а широко единаесет лакти. За качување до него имаше скалила. До полустолбовите на портата имаше столбови, еден од едната страна и еден од другата страна.+

Фусноти

„Секој лакот беше за една дланка подолг од обичниот лакот“ — обичниот лакот изнесувал 44,5 сантиметри, а дланката 7,4 сантиметри. Тоа е вкупно 51,8 сантиметри, односно еден долг лакот. Значи, ‚мерната трска долга шест лакти‘ имала 3,11 метри. Види го додатокот 13.