Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 4:1-17

4  „А ти, сине човечки, земи тула, стави ја пред себе и изрежи на неа слика од градот, од Ерусалим.+  Постави опсада околу него,+ изгради околу него опсаден ѕид,+ подигни околу него опсаден насип,+ постави логори околу него и постави справи* за пробивање ѕидови насекаде околу него.+  Потоа земи железна тава и постави ја како железен ѕид помеѓу себе и градот, па сврти го лицето кон него, и ќе биде опсаден, а ти ќе го опсадуваш. Тоа е знак за домот на Израел.+  Потоа легни на левата страна и стави го на неа престапот на домот Израелов.+ Колку дена ќе лежиш на неа, толку ќе го носиш нивниот престап.  За годините на нивниот престап+ јас ти давам ист број денови — триста и деведесет.+ Толку ќе го носиш престапот на домот Израелов.  Прави така во сите тие денови. Потоа легни на десната страна и носи го престапот на домот на Јуда четириесет дена.+ Нека биде ден за година. Ти давам ден за година.+  И сврти го лицето кон опсадата на Ерусалим,+ разголи ја својата рака и пророкувај против него.  Еве, ќе те врзам со јажиња+ за да не се свртиш од едната на другата страна додека не се навршат деновите на твојата опсада.  А ти земи пченица,+ јачмен, грав,+ леќа,+ просо и крупник,*+ па стави го сето тоа во еден сад и направи си леб. Ќе го јадеш онолку денови колку што ќе лежиш на својата страна: триста и деведесет дена.+ 10  Јадењето што ќе го јадеш ќе биде на мерка — дваесет сикли на ден.+ Ќе го јадеш одвреме-навреме. 11  И вода ќе пиеш со мерка: шестина ин.* Ќе ја пиеш одвреме-навреме. 12  Лебот што ќе го јадеш приготви го како погача од јачмен,+ а испечи го на сув човечки измет+ пред нивните очи.“ 13  И уште рече Јехова: „Така синовите на Израел ќе јадат нечист леб+ кај народите во кои ќе ги расеам“.+ 14  Тогаш реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Еве, мојата душа не е извалкана,+ бидејќи од својата младост до денес не сум јал ниту пцовисани ниту раскинати животни,+ и во мојата уста не влегло никакво нечисто месо“.+ 15  А тој ми возврати: „Еве, ти давам говедска лепешка наместо човечки измет, па печи го својот леб на неа“. 16  И додаде: „Сине човечки, еве, ќе ги уништам во Ерусалим резервите од леб,*+ па ќе јадат леб на мерка и во тегоба,+ и ќе пијат вода на мерка и со страв,+ 17  па ќе останат без леб и без вода и ќе се гледаат вчудовидено еден со друг и ќе изгнијат во својот престап“.+

Фусноти

Или: „овни (за пробивање ѕидови)“.
Види ја фуснотата за 2Мо 9:32.
Еден ин е 3,67 литри. Види го додатокот 13.
Или: „стапови на кои се наредени прстенести лебови“. Буквално: „лебните стапови“.