Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 39:1-29

39  „А ти, сине човечки, пророкувај против Гог,+ и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, Гоже, врховен кнезу на Месех+ и на Тувал.+  Ќе те свртам и ќе те водам,+ ќе те поведам од крајниот север+ и ќе те доведам на израелските планини.  Ќе ти го избијам лакот од левицата и ќе ти ги растурам стрелите од десницата.  Ќе паднеш на израелските планини,+ ти и сите твои чети и народите што ќе бидат со тебе. Ќе те дадам за храна на птиците грабливки, на крилестите птици од секаков вид и на полските ѕверови“ ‘.+  ‚Ќе паднеш во полето,+ зашто јас реков така‘, вели Севишниот Господар Јехова.  ‚Ќе испратам оган врз Магог+ и врз оние што живеат без страв на островите.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова.  И ќе го објавам моето свето име среде мојот народ Израел и повеќе нема да дозволам да се осквернува моето свето име.+ И тогаш народите ќе знаат дека јас сум Јехова,+ Светецот во Израел.‘+  ‚Еве, тоа ќе дојде и ќе се случи‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Тоа е денот за кој зборував.+  Ќе излезат жителите на израелските градови, ќе запалат оган и ќе го изгорат оружјето, малите и големите штитови, лаковите и стрелите, кратките и долгите копја — со нив ќе палат оган+ седум години. 10  Нема да носат гранки од полето и нема да сечат дрва во шумите, бидејќи ќе палат оган со оружјето.‘ ‚И ќе ги ограбат оние што ги ограбуваа нив,+ ќе ги опљачкаат оние што ги пљачкаа нив‘, вели Севишниот Господар Јехова. 11  ‚Во тој ден ќе му дадам на Гог+ место за гроб во Израел, долина по која се минува источно од морето, и таа ќе им го попречува патот на оние што минуваат. И таму ќе ги закопаат Гог и сето негово мноштво, и таа долина ќе ја наречат Долина на Гоговото мноштво.*+ 12  И домот на Израел ќе ги закопува седум месеци за да ја исчисти земјата.+ 13  Целиот народ од земјата* ќе ги закопува, и тоа ќе им биде на слава во тој ден кога ќе се прославам‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 14  ‚И ќе одреди луѓе за да поминуваат низ земјата и заедно со другите што ќе поминуваат да ги закопуваат оние што ќе преостанат по земјата, за да ја исчистат. Ќе ја пребаруваат цели седум месеци. 15  Кога оние што се одредени да поминуваат низ земјата ќе видат човечка коска, ќе постават до неа знак, кој ќе стои таму сѐ додека оние што ги закопуваат мртвите не ја закопаат во Долината на Гоговото мноштво.+ 16  А градот ќе се вика Хамона.* И така ќе ја исчистат земјата.‘+ 17  А тебе, сине човечки, вака ти вели Севишниот Господар Јехова: ‚Речи им на крилестите птици од секаков вид и на сите полски ѕверови:+ „Соберете се и дојдете! Соберете се од сите страни околу мојата жртва што ја принесувам за вас, голема жртва на израелските планини!+ Ќе јадете месо и ќе пиете крв.+ 18  Ќе јадете месо од јунаци+ и ќе пиете крв од земни поглавари, од овни, од јагниња,+ од јарци, од јунци,+ од сиот згоен добиток од Васан.+ 19  Ќе јадете најубаво месо сѐ додека не се наситите+ и ќе пиете крв сѐ додека не се опиете — од мојата жртва што јас ќе ја принесам за вас“ ‘. 20  ‚На мојата трпеза ќе се наситите со коњи и со возачи на коли, со јунаци и со секакви воини‘, вели Севишниот Господар Јехова.+ 21  ‚И ќе ја покажам мојата слава меѓу народите, и сите народи ќе ја видат мојата пресуда што ќе ја извршам,+ и ќе ја почувствуваат на себе мојата рака.+ 22  И ќе знае домот на Израел дека јас сум Јехова, нивниот Бог, од тој ден натаму.+ 23  И народите ќе знаат дека поради својот престап, домот на Израел замина во изгнанство,+ поради тоа што ми беа неверни, па го свртев своето лице од нив+ и ги предадов во рацете на нивните непријатели, па сите паднаа од меч.+ 24  Постапив со нив според нивната нечистотија и според нивните престапи,+ и го свртев своето лице од нив.‘ 25  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Сега ќе го вратам заробениот народ на Јаков+ и ќе му се смилувам на сиот дом на Израел.+ И верно ќе го бранам моето свето име.+ 26  Кога ќе го поднесат својот срам+ и својата казна за сето неверство што ми го направија,+ ќе живеат без страв во својата земја+ и никој нема да ги плаши.+ 27  Кога ќе ги вратам откај народите и кога ќе ги соберам од земјите на нивните непријатели,+ ќе ја покажам мојата светост меѓу нив пред очите на многу народи‘.+ 28  ‚И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, нивниот Бог, кога ќе ги испратам во изгнанство меѓу народите, па повторно ќе ги соберам во нивната земја,+ не оставајќи таму ниту еден од нив.+ 29  И повеќе нема да го свртувам лицето од нив,+ зашто ќе го излеам својот дух врз домот на Израел‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“

Фусноти

Или: „Долината Хамон-Гог“.
„Народ од земјата“ — хебрејски: ам хаарец.
„Хамона“ значи „мноштво“.