Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 36:1-38

36  „А ти, сине човечки, пророкувај за израелските планини и речи: ‚Израелски планини,+ чујте ја Јеховината реч!  Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Непријателот зборуваше за вас:+ ‚Така им треба! Старите возвишенија+ станаа наш имот!‘ “ ‘+  Затоа пророкувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Затоа што ве пустошат+ и ве голтаат од сите страни,+ и преживеаните од околните народи настојуваат да ве заземат,+ и затоа што јазиците раскажуваат за вас+ и луѓето зборуваат лошо за вас,+  затоа, о израелски планини,+ чујте ја речта на Севишниот Господар Јехова! Вака им вели Севишниот Господар Јехова на планините и на ридовите, на речните корита и на долините, на пустите урнатини+ и на напуштените градови кои им станаа плен и им служат за потсмев на преживеаните од околните народи,+  вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во огнот на својата ревност ќе проговорам+ против преживеаните од околните народи и против целиот Едом,+ кои, радувајќи се од сѐ срце+ и полни со презир во душата,+ ја зазедоа мојата земја за да ги присвојат нејзините пасишта и да ја ограбат‘ “ ‘.+  Затоа, пророкувај за земјата на Израел и речи им на планините и на ридовите, на речните корита и на долините: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, јас ќе проговорам во својата ревност и во својот гнев, бидејќи ве срамотат околните народи“ ‘.+  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Се заколнувам со подигната рака+ дека народите што се околу вас и самите ќе бидат осрамотени.+  А вие, израелски планини, ќе ги пуштите своите гранки и ќе му донесете плод на мојот народ Израел,+ зашто тој наскоро ќе дојде.+  Зашто, еве, се сожалив на вас. Ќе се свртам кон вас,+ и ќе бидете обработени и посеани.+ 10  Ќе ги намножам луѓето во вас, целиот дом на Израел,+ и градовите ќе бидат населени+ и урнатините ќе бидат повторно изградени.+ 11  Ќе ги намножам меѓу вас луѓето и животните,+ ќе се множат и ќе се раѓаат. Ќе ве населам како некогаш+ и ќе ви направам уште повеќе добра отколку порано.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.+ 12  Ќе направам по вас повторно да одат луѓе, мојот народ Израел, и тие ќе ве заземат+ и ќе бидете нивно наследство+ и повеќе нема да им ги земате децата‘ “.+ 13  „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Вам ви се зборува: „Ти си земја што голта луѓе, земја што на своите народи им ги одзема децата“ ‘.+ 14  ‚Затоа повеќе нема да ги голташ луѓето+ и повеќе нема да им ги одземаш децата на своите народи‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 15  ‚Повеќе нема да дозволам да се чуе како те срамотат народите,+ повеќе нема да те исмејуваат народите+ и повеќе нема да ги фрлаш во пропаст своите народи‘, вели Севишниот Господар Јехова.“ 16  И повторно ми дојде Јеховината реч: 17  „Сине човечки, домот на Израел живееше во својата земја и ја извалка со своите постапки и со своите дела.+ Нивните постапки пред мене се како нечистотија од месечен ред.+ 18  И ја излеав својата јарост врз нив поради крвта што ја пролеаја на таа земја,+ која ја извалкаа со своите одвратни идоли.*+ 19  Ги распрснав меѓу народите, па се расеаја по земјите.+ Им судев според нивните постапки и според нивните дела.+ 20  А народите меѓу кои дојдоа го сквернавеа моето свето име,+ велејќи за нив: ‚Тоа е народ на Јехова, а отиде од неговата земја‘.+ 21  А јас се сожалив на моето свето име, кое домот на Израел го оскверни меѓу народите меѓу кои дојде“.+ 22  „Затоа, речи му на домот на Израел: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Не го правам тоа заради вас, доме Израелов, туку заради моето свето име, кое го осквернивте меѓу народите меѓу кои дојдовте“ ‘.+ 23  ‚Ќе го посветам своето велико име,+ кое е осквернето меѓу народите, бидејќи го осквернивте меѓу нив. И тогаш ќе знаат народите дека јас сум Јехова,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚кога пред нивни очи ќе ја покажам својата светост меѓу вас.+ 24  И ќе ве изведам од сите народи и ќе ве соберам од сите земји и ќе ве доведам во вашата земја.+ 25  Ќе ве попрскам со чиста вода, и ќе бидете чисти.+ Ќе ве очистам од сите ваши нечистотии+ и од сите ваши одвратни идоли.+ 26  Ќе ви дадам ново срце+ и ќе ставам нов дух во вас.+ Ќе го извадам каменото срце од вашето тело и ќе ви дадам меко срце.+ 27  Ќе го ставам својот дух во вас,+ па ќе живеете* според моите уредби+ и ќе се држите за моите закони и ќе ги извршувате.+ 28  И ќе живеете во земјата што им ја дадов на вашите татковци+ и ќе бидете мој народ, а јас ќе бидам ваш Бог.‘+ 29  ‚Ќе ве избавам од сите ваши нечистотии+ и ќе го повикам житото и ќе го умножам, и нема да пуштам глад врз вас.+ 30  Ќе го умножам плодот од дрвјата и родот од нивите, за народите да не ве срамотат повеќе поради гладот.+ 31  Тогаш ќе се сетите на своите зли постапки и на своите дела кои не беа добри,+ и самите ќе се мразите поради своите престапи и поради сите свои гадости.+ 32  Но знајте дека тоа не го правам заради вас‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. ‚Срамувајте се и засрамете се поради своите дела, доме Израелов!‘+ 33  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Откако ќе ве очистам од сите ваши престапи, ќе ги населам градовите,+ и урнатините повторно ќе бидат изградени.+ 34  Запустената земја, која лежеше пуста пред очите на сите минувачи,+ ќе биде обработена. 35  И ќе велат: „Таа земја што беше пуста, стана како еденската градина.+ Градовите што беа пусти и опустошени и разурнати, сега се утврдени и населени“.+ 36  И тогаш преживеаните од околните народи ќе знаат дека јас, Јехова, го изградив она што беше разурнато+ и го засадив она што беше опустошено. Јас, Јехова, реков така, и така ќе направам‘.+ 37  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚И ова ќе го бара домот на Израел од мене да му го направам, и јас ќе му го направам:+ неговите луѓе ќе ги намножам да бидат како големо стадо.+ 38  Како стадо свети луѓе, како ерусалимско стадо на празник,+ така градовите што беа пусти ќе се наполнат со стадо од луѓе.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова‘ “.

Фусноти

Или: „лепешкави идоли“.
Буквално: „одите“.