Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 35:1-15

35  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, сврти го лицето+ кон Сеир,+ планинскиот крај, и пророкувај против него!+  Речи му: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, Сеире, крају планински!+ Ќе ја подигнам својата рака против тебе+ и ќе те опустошам, ќе те претворам во пустина.+  Ќе ги опустошам твоите градови, а ти ќе се претвориш во гола пустош.+ И тогаш ќе знаеш дека јас сум Јехова.+  Зашто, ти си им одамна непријател на синовите на Израел.+ Ги предаваше на меч+ во времето на нивната неволја,+ во времето кога на нивните престапи им дојде крајот“ ‘.+  ‚Затоа, како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚те одредив за крвопролевање, па крвопролевање и ќе те стигне.+ Ја мразеше крвта на своите жртви, затоа ќе те стигне крвопролевањето.+  Ќе ги опустошам сеирските планини, ќе го претворам во пустина,+ и ќе го истребам од него оној што поминува и оној што се враќа.+  Ќе ги наполнам неговите планини со неговите убиени. По твоите ридови, по твоите долини и по коритата на сите твои реки ќе паѓаат оние што се убиени со меч.+  Ќе те претворам во вечна пустош и твоите градови нема да се населат.+ Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.‘+ 10  Ти рече: ‚Овие два народа и овие две земји ќе бидат мои, ние ќе ги заземеме обете земји‘,+ иако Јехова беше таму.+ 11  ‚Затоа, како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚ќе постапам со тебе онака како што заслужуваш поради твојот гнев и поради љубомората што ја покажа бидејќи ги мразеше.+ Ќе ме запознаат кога ќе им судам.+ 12  И тогаш ќе знаеш дека јас, Јехова, ги чув сите твои презирни зборови што ги кажа за израелските планини,+ велејќи: „Опустошени се. Нам ни се дадени за храна“.+ 13  Со уста до уши ми се исмејувавте,+ изговоривте куп зборови против мене.+ Јас го чув тоа.‘+ 14  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Кога сета земја ќе се радува, тебе ќе те опустошам. 15  Како ти што се радуваше кога опусте наследството на Израеловиот дом, така јас ќе направам со тебе+ — ќе се претворите во пустош, сеирски планини, цела земјо едомска.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова‘ “.+

Фусноти