Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 31:1-18

31  А во единаесеттата година, во третиот месец, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, речи им на фараонот, египетскиот цар, и на неговото мноштво:+ ‚На кого личиш со својата величина?  На Асирецот и на ливанскиот кедар,+ со убави гранки,+ со густа крошна што фрла сенка и со висок раст,+ чиј врв е меѓу облаците!+  Водите му го дадоа растот,+ длабоките води му овозможија да порасне високо, водни текови течеа секаде околу местото каде што беше посаден кедарот, водата течеше низ канали до сите полски дрвја.  Затоа, тој кедар ги надвиши со својот раст сите полски дрвја.+ Гранките му се намножија и се ширеа поради изобилството вода во неговите потоци.+  На неговите гранки сите небесни птици свиваа гнезда.+ Под неговите гранки сите полски ѕверови ги раѓаа своите младенчиња.+ А во неговата сенка живееја сите големи народи.  Беше убав поради својата големина,+ поради својата бујна крошна, бидејќи неговите корења се протегаа над големи води.  Другите кедри во Божјата градина не му беа рамни.+ Смреките не можеа да се споредат со неговите гранки. Чинарите немаа гранки како неговите. Ниту едно дрво во Божјата градина не можеше да се спореди со него по убавина.+  Го украсив со голема крошна,+ а сите останати еденски дрвја, кои беа во градината на вистинскиот Бог му завидуваа‘.+ 10  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Поради тоа што нарасна високо, па со својот врв се издигна меѓу облаците,+ и срцето му се стана гордо поради неговата висина,+ 11  ќе го дадам во раката на оние што господарат со народите.+ Тие ќе навалат на него. Ќе го истерам поради неговата злоба.+ 12  Туѓинци, оние што ги угнетуваат народите, ќе го исечат, и ќе биде оставен на планините. Неговата крошна ќе падне врз сите долини, неговите искршени гранки ќе лежат по сите речни корита на земјата.+ Сите земни народи ќе излезат од неговата сенка и ќе го остават.+ 13  На неговото соборено стебло ќе живеат сите небесни птици, на неговите гранки ќе се населат сите полски ѕверови,+ 14  за повеќе ниту едно дрво посадено покрај вода да не порасне високо и со врвот да не се издигне меѓу облаците, и ниту едно дрво што пие вода да не ги достигне со својата висина, зашто сите тие ќе бидат предадени на смртта,+ фрлени во подземните предели,+ меѓу човечките синови, кај оние што отишле во гробната јама‘. 15  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Во денот кога тој ќе оди во гробот,* ќе направам да тагуваат по него.+ Поради него, ќе ги покријам длабоките води и ќе ги запрам водните текови, па ќе престанат да дотечуваат големите води. Поради него, ќе го помрачам Ливан и, поради него, полските дрвја ќе паѓаат во несвест. 16  Со неговиот громогласен пад ќе ги затресам народите кога ќе го кутнам во гробот* со оние што заминуваат во јамата,+ па сите еденски дрвја+ ќе се утешат+ во подземните краишта, најдобрите и најубавите дрвја на Ливан, сите дрвја што пијат вода. 17  Со него и тие ќе отидат во гробот,*+ кај оние што се погубени со меч, а исто така и оние што како негово потомство живееја во неговата сенка меѓу народите‘.+ 18  ‚Значи, на кого личиш меѓу еденските дрвја+ по својата слава+ и величина? Но ќе бидеш соборен во подземните краишта заедно со еденските дрвја.+ Ќе почиваш меѓу необрежаните заедно со оние што се погубени со меч. Тоа е фараонот и сето негово мноштво‘, вели Севишниот Господар Јехова“.

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.