Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 29:1-21

29  Во десеттата година, во десеттиот месец, на дванаесеттиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, сврти го лицето кон фараонот, египетскиот цар,+ и пророкувај против него и против целиот Египет!+  Зборувај и речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, доаѓам против тебе, фараону, царе египетски,+ морско чудовиште,+ кое лежи среде своите нилски канали+ и вели: ‚Мојот Нил ми припаѓа мене, јас го направив за себе‘.+  Ќе ти ставам куки во челуста+ и ќе ти залепам за лушпите риби од твоите канали. Ќе те извлечам од твоите канали заедно со сите риби во каналите што ќе ти се залепат за лушпите.  Ќе ве оставам во пустината и тебе и сите риби од твоите канали.+ Ќе паднеш на земја во полето.+ Никој нема да те прибере, ниту да те собере. Ќе те дадам за храна на земните ѕверови и на небесните птици.+  И тогаш сите жители на Египет ќе знаат дека јас сум Јехова,+ зашто тие беа трска на која се потпре домот Израелов.+  Кога те фатија со рака, ти се скрши+ и им го расече целото рамо. А кога се потпреа на тебе, ти се прекрши+ и поради тебе на сите им се тресеа бедрата“.+  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, ќе доведам против тебе меч+ и ќе ги истребам од тебе луѓето и стоката.+  И египетската земја ќе стане пустош и урнатина.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, зашто рече: ‚Нил ми припаѓа мене, јас го создадов‘.+ 10  Затоа, еве, доаѓам против тебе и против твоите нилски канали+ и ќе ја претворам египетската земја во урнатини, во сува земја и во пустош,+ од Мигдол+ до Сиена+ и до етиопската граница. 11  По неа нема да поминува човечка нога,+ ниту животинска нога,+ четириесет години ќе биде ненаселена.+ 12  Ќе ја претворам египетската земја во пустош среде опустошените земји.+ Нејзините градови ќе бидат пустош четириесет години среде опустошените градови.+ Ќе ги распрснам Египќаните меѓу народите и ќе ги расеам низ земјите“.+ 13  Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Кога ќе поминат четириесет години,+ ќе ги соберам Египќаните од народите меѓу кои беа распрснати+ 14  и ќе ги вратам заробените Египќани, ќе ги вратам во земјата Патрос,+ во земјата од која потекнуваат, и таму ќе основаат слабо царство. 15  Ќе биде послабо од другите царства и никогаш повеќе нема да се издигне над другите народи,+ а јас ќе направам да бидат толку малобројни што не ќе можат да подјармуваат други народи.+ 16  И повеќе нема да му биде надеж на домот на Израел,+ па тој повеќе нема да ме потсетува на својот грев со тоа што ќе им се обраќа за помош.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Севишниот Господар Јехова“ ‘ “. 17  Во дваесет и седмата година, во првиот месец, на првиот ден од тој месец, ми дојде Јеховината реч: 18  „Сине човечки, царот на Вавилон, Навуходоносор,+ ја испрати својата војска на тешка задача да го освои Тир.+ Секоја глава оќелаве и секое рамо се одра.+ Но ниту за него ниту за неговата војска немаше плата+ за тоа што тргнаа на тешка задача да го освојат Тир. 19  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, му ја давам египетската земја на Навуходоносор, царот на Вавилон,+ и тој ќе го однесе нејзиното богатство и ќе земе голем плен+ и ќе се награба во неа. Тоа ќе биде плата за неговата војска‘. 20  ‚Како надоместок за тоа што тргна против Тир му ја давам египетската земја, зашто работеше за мене‘,+ вели Севишниот Господар Јехова. 21  Во тој ден ќе направам да му порасне рог на домот на Израел,+ а тебе ќе ти дадам можност да ја отвориш својата уста среде нив.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова“.

Фусноти