Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 28:1-26

28  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, речи му на тирскиот водач: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Твоето срце се возгордеа,+ па велиш: ‚Јас сум бог+ и седам на божји престол,+ на отворено море‘,+ иако си земен човек,+ а не бог,+ и своето срце го изедначуваш со божјето срце...  Ете, помудар си од Даниел.+ Ниту една тајна не ти е скриена.+  Со својата мудрост и со својата разборитост ти стекна богатство и постојано собираш злато и сребро во своите ризници.+  Со својата голема мудрост,+ со своите трговски стоки,+ стекна големо богатство,+ па срцето ти се возгордеа поради богатството“ ‘.+  ‚Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: „Затоа што го изедначуваш своето срце со божјето срце,+  ќе доведам против тебе туѓинци,+ оние што ги угнетуваат народите,+ и тие ќе ги извлечат мечевите против твојата прекрасна мудрост и ќе го осквернат твојот сјај.+  Ќе те соборат во јама+ и ќе умреш како што умираат оние што се погубени на отворено море.+  Дали и тогаш, пред својот крвник, ќе речеш: ‚Јас сум бог‘,+ кога си само земен човек, а не бог,+ во раката на оние што те осквернуваат?“ ‘ 10  ‚Ќе умреш од раката на туѓинци како што умираат необрежаните,+ зашто јас реков така‘, вели Севишниот Господар Јехова“. 11  И повторно ми дојде Јеховината реч: 12  „Сине човечки, запеј тажачка за тирскиот цар+ и речи му: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ти си печат на совршенството,* полн си со мудрост+ и совршено си убав.+ 13  Ти беше во Еден, во Божјата градина.+ Те покриваа секакви скапоцени камења, рубин, топаз и јаспис, хризолит, оникс+ и нефрит, сафир, тиркиз+ и смарагд, а од злато беа изработени твоите рамки и твоите лежишта, кои те красеа. Беа подготвени за тебе во денот кога беше создаден. 14  Ти беше помазан херувим* заштитник, јас те поставив. Ти беше на Божјата света гора.+ Одеше среде огнени камења. 15  Беше без недостаток* на своите патишта од денот кога беше создаден+ сѐ додека во тебе не се најде неправедноста.+ 16  Поради изобилството твои трговски стоки,+ се наполни со насилство, па почна да правиш грев.+ Затоа, ќе те отстранам таков обесчестен од Божјата гора и ќе те погубам,+ о херувиму заштитнику, за да не бидеш повеќе меѓу вжарените камења. 17  Срцето ти се возгордеа поради твојата убавина.+ Ја уништи својата мудрост поради твојот сјај.+ Ќе те фрлам на земја.+ Ќе те поставам пред цареви за да те гледаат со презир.+ 18  Со мноштвото свои престапи,+ со нечесното тргување со твоите стоки+ ти ги оскверни своите светилишта. Затоа ќе пуштам оган среде тебе, и тој ќе те проголта.+ Ќе те претворам во пепел на земјата пред очите на сите што те гледаат.+ 19  Сите што те познаваат меѓу народите ќе те гледаат вчудовидено.+ Ќе те снајде пропаст која не ја очекуваш, и ќе те снема засекогаш“ ‘ “.+ 20  И повторно ми дојде Јеховината реч: 21  „Сине човечки, сврти го лицето кон Сидон+ и пророкувај против него! 22  Речи: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Доаѓам против тебе,+ о Сидоне, и ќе се прославам среде тебе.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова, кога ќе извршам пресуда+ против него и кога ќе ја објавам мојата светост во него.+ 23  И ќе испратам помор во него и по неговите улици ќе тече крв.+ Ќе паѓаат среде него убиени од мечот што ќе дојде отсекаде против него.+ И тогаш ќе се знае дека јас сум Јехова.+ 24  Меѓу сите што се околу домот на Израел, кои го презираат, ќе нема повеќе никаква боцка која ќе го боде,+ ниту трн што ќе му нанесува болка. И тогаш ќе се знае дека јас сум Севишниот Господар Јехова“ ‘. 25  ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Кога ќе го соберам домот на Израел од народите меѓу кои се расеани,+ ќе ја објавам меѓу нив мојата светост пред очите на другите народи.+ И ќе живеат во својата земја,+ која му ја дадов на мојот слуга Јаков.+ 26  Ќе живеат во неа без страв,+ ќе градат куќи+ и ќе садат лозја.+ Ќе живеат без страв+ кога ќе извршам пресуда над сите оние наоколу што ги презираат.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова, нивниот Бог“ ‘ “.

Фусноти

Или: „Ти запечатуваш пример; Ти си пример што запечатува“.
Херувими се ангели на висока положба.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.