Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 27:1-36

27  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „А ти, сине човечки, запеј тажачка за Тир+  и речи му на Тир: ,Ти што лежиш на влезовите кон морето+ и тргуваш со народите на многу острови,+ вака ти вели Севишниот Господар Јехова: „Тире, ти рече: ‚Јас сум брод со совршена убавина‘.+  Твојата земја е среде морето.+ Твоите градители те украсија со совршена убавина.+  Ги направија твоите штици од сенирски смреки.+ Го зедоа ливанскиот кедар+ за да ти направат јарбол.  Од големите васански стебла ти ги направија веслата. Клунот ти го направија од кипарис од китимските острови,+ обложен со слонова коска.  Распнаа разнобоен египетски лен+ за да ти биде едро. Од сина преѓа+ и од црвеникаво-виолетова волна+ од островите Елиса+ изработија покривало за твојата палуба.  Жителите на Сидон+ и на Арвад+ беа твои веслачи. Твоите вешти луѓе,+ о Тире, беа твои морепловци.+  Искусни занаетчии и вешти луѓе од Гевал+ ги поправаа твоите пукнатини.+ Сите морски бродови и нивните морнари беа во тебе за да разменуваат стоки. 10  Персијците+ и Лудејците+ и луѓето од Фут+ беа твоја војска, твои воини. Во тебе ги обесуваа штитот и шлемот.+ Тие ти ја дадоа убавината. 11  Синовите на Арвад,+ твојата војска, беа на твоите околни ѕидишта, во твоите кули имаше смели луѓе. Своите тркалезни штитови ги обесуваа насекаде по твоите ѕидишта.+ Тие те украсија со совршена убавина. 12  Ти и Тарсис+ тргувавте меѓу себе со мноштво разновидни богатства.+ Ти добиваше од него сребро, железо, калај и олово за твоја трговска стока.+ 13  Јаван,+ Тувал+ и Месех+ тргуваа со тебе. Ти добиваше човечки души+ и предмети од бакар во замена за своите стоки. 14  Потомците на Тогарма+ даваа коњи, бојни коли и маски во замена за твоите стоки. 15  Синовите на Дедан+ тргуваа со тебе. Многу острови работеа за тебе како трговци. Ти возвраќаа со слонова коска+ и со абонос како дар. 16  Едом тргуваше со тебе поради мноштвото твои производи. Ти добиваше тиркиз,+ црвеникаво-виолетова волна, разнобојни ткаенини, фино платно, корали и рубини во замена за твоите стоки. 17  Јуда и земјата на Израел тргуваа со тебе. Ти добиваше пченица+ од Минит,+ посебна храна, мед,+ масло и балсам+ во замена за твоите стоки.+ 18  Поради многуте твои производи, поради сето твое големо богатство, Дамаск+ ти продаваше вино+ од Хелвон и црвеникаво-сива волна. 19  Ведан и Јаван од Узал ги разменуваа своите стоки со тебе. Добиваше предмети од ковано железо, касија и мирислива трска+ во замена за своите стоки. 20  Дедан+ тргуваше со тебе со исткаени простирки за јавање. 21  Арапите+ и сите кидарски+ поглавари работеа за тебе како трговци. Тргуваа со тебе со јагниња, со овни и со јарци.+ 22  Трговците од Сава+ и од Рама+ тргуваа со тебе. За твоите стоки добиваше најдобри мириси од секаков вид, секаков вид скапоцен камен и злато.+ 23  Харан,+ Кане и Еден,+ трговците од Сава,+ Асур+ и Хилмад тргуваа со тебе. 24  На твоите пазари тие тргуваа со тебе со раскошни облеки, со наметки исткаени од сина преѓа и од друга разнобојна преѓа, со двобојни теписи, со плетени и цврсти јажиња. 25  Тарсиските бродови+ како каравани ги превезуваа твоите стоки, така што ти се наполни и стана многу славен на отворено море.+ 26  Твоите веслачи те доведоа на морската шир.+ Источниот ветар те разби на отворено море.+ 27  Твоето богатство и твоите резерви,+ стоките со кои тргуваше,+ твоите морнари и твоите морепловци,+ оние што ги поправаат твоите пукнатини+ и оние што тргуваат со твоите стоки и сите твои воини+ што се во тебе и во сето твое мноштво, сите што се во тебе, ќе потонат во срцето на отвореното море во денот на твојата пропаст.+ 28  Кога ќе се чуе лелекот на твоите морепловци, бреговите ќе се затресат.+ 29  Сите веслачи, морнари, сите морепловци ќе слезат од своите бродови и ќе застанат на копното.+ 30  Ќе се чуе нивниот глас кога ќе почнат горко да плачат за тебе.+ Ќе си посипуваат прав врз главите,+ ќе се прпелаат во пепелта.+ 31  Ќе си ги избричат главите поради тебе,+ ќе си препашаат козина+ и ќе плачат за тебе со горчина во душата+ и горко ќе тажат. 32  Во својата жалост ќе ти запеат тажачка и ќе те оплакуваат:+ ‚Кој е како Тир,+ кој е усмртен* среде море?+ 33  Кога твоите стоки+ пристигнуваа од отвореното море,+ ти заситуваше многу народи.+ Со изобилството од твоето богатство и со стоките за размена ти ги збогати земните цареви.+ 34  А сега, отвореното море те разби, ти потона во водните длабочини.+ Твоите стоки и сето твое мноштво+ пропадна во тебе. 35  Сите што живеат на островите+ ќе те гледаат вчудовидено, нивните цареви ќе се тресат од страв.+ Лицата ќе се исполнат со немир.+ 36  Трговците од другите народи ќе потсвирнуваат од зачуденост поради тебе.+ Ќе те снајде пропаст која не ја очекуваш, и ќе те снема засекогаш‘ “ ‘ “.+

Фусноти

Буквално: „замолчен“.