Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 24:1-27

24  И повторно ми дојде Јеховината реч, во деветтата година, во десеттиот месец, на десеттиот ден од тој месец:  „Сине човечки, запиши го името на овој ден, денешниов ден! Токму денес навали вавилонскиот цар на Ерусалим.+  Изнеси ја споредбата* за бунтовничкиот дом+ и речи им: ,Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Стави го котелот, стави го и тури вода во него!+  Стави во него парчиња месо,+ сѐ најдобри парчиња, бутот и плешката! Наполни го со најдобри коски!  Земи ја најдобрата овца+ и наложи дрва под него! Свари го нејзиното месо, а свари ги и нејзините коски во него!“ ‘ “+  „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Тешко му на градот полн со крвопролевање,+ на ’рѓосаниот котел од кој не излегува ’рѓата! Парче по парче вади од него,+ немој да фрлаш ждрепка за нив!+  Зашто, неговата крв е среде него.+ Ја пролеа на гола карпа. Не ја излеа на земја за да се покрие со прав.+  Ќе го покажам својот гнев и ќе извршам одмазда,+ ќе ја пролеам неговата крв на гола карпа за да не се покрие‘.+  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Тешко му на градот полн со крвопролевање!+ Јас ќе запалам голема клада.+ 10  Донеси многу дрва! Потпали го огнот! Развари го месото! Истури ја чорбата, па нека изгорат и коските! 11  Потоа стави го празен на усвитените јаглења за да се загрее! Неговиот бакар нека се вжешти и неговата нечистотија нека се стопи во него!+ Пламенот нека ја проголта неговата ’рѓа!+ 12  Каква мака! Ни со голем напор неговата голема ’рѓа не се вади од него.+ Фрлете ја неговата ’рѓа во оган!‘ 13  ‚Ти правеше бесрамни дела во својата нечистотија.+ Затоа сакав да те исчистам, но ти не се исчисти од својата нечистотија.+ Повеќе нема да се исчистиш додека не го истурам својот гнев врз тебе.+ 14  Јас, Јехова, реков така.+ Така и ќе се случи,+ така и ќе направам. Нема да се откажам,+ нема да се смилувам+ и нема да ми е жал.+ Ќе ти судат според твоите патишта и според твоите дела‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“ 15  И повторно ми дојде Јеховината реч: 16  „Сине човечки, еве, со еден удар ќе ти го одземам она што им е мило на твоите очи,+ но немој да се удираш в гради од тага, не плачи и не рони солзи!+ 17  Липај без зборови! Не оплакувај ги мртвите!+ Стави си го покривалото на главата+ и обуј си ги сандалите!+ Не покажувај дека тагуваш покривајќи си ја устата*+ и не јади го лебот што им се дава на ожалостените!“+ 18  Изутрината му го кажав ова на народот, а вечерта ми умре жената. Следното утро направив како што ми беше заповедано. 19  А народот ме праша: „Зар нема да ни кажеш што значи за нас тоа што го правиш?“+ 20  Тогаш им реков: „Ми дојде Јеховината реч: 21  ‚Речи му на домот Израелов: „Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе го осквернам своето светилиште,+ она на кое многу се гордеете,+ она што им е мило на вашите очи+ и мило на вашата душа, а вашите синови и вашите ќерки, кои ги оставивте, ќе паднат од меч.+ 22  Тогаш ќе направите така како што направив јас. Нема да покажувате дека тагувате покривајќи си ја устата+ и нема да го јадете лебот што им се дава на ожалостените.+ 23  Ќе ставите покривало на главата и ќе си ги обуете сандалите. Нема да се удирате в гради од тага и нема да плачете,+ туку ќе изгниете во своите престапи+ и ќе липате меѓу себе.+ 24  Езекиел ви е знак.+ Ќе правите сѐ како што прави и тој. Кога ќе се случи тоа,+ тогаш ќе знаете дека јас сум Севишниот Господар Јехова‘ “ ‘ “.+ 25  „Сине човечки, во оној ден кога ќе им ја земам тврдината, убавината на која ѝ се радуваат, она што им е мило на нивните очи+ и по кое им копнее душата, нивните синови и ќерки,+ 26  во тој ден ќе дојде кај тебе бегалецот за да ти го јави тоа.+ 27  Во тој ден твојата уста ќе се отвори пред бегалецот,+ па ќе зборуваш и повеќе нема да бидеш нем.+ И ќе им бидеш знак.+ И тогаш ќе знаат дека јас сум Јехова.“+

Фусноти

Или: „пословичните (мудри) зборови“.
Или: „мустаќите; горната усна“.