Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 23:1-49

23  И ми дојде Јеховината реч:+  „Сине човечки, си беа две жени, ќерки на иста мајка.+  И се оддадоа на блуд во Египет.+ Блудствуваа во својата младост.+ Таму им ги стискаа+ и им ги милуваа моминските гради.  Постарата се викаше Охола,* а нејзината сестра Охолива.* Станаа мои+ и родија синови и ќерки.+ Охола е име за Самарија,+ а Охолива за Ерусалим.+  Охола се оддаде на блуд,+ иако ми припаѓаше мене, и се распалуваше по своите љубовници,+ по Асирците,+ со кои се зближи,  по управителите облечени во сини облеки и по намесниците — сѐ сами привлечни момци, војници што јаваа на коњи.  Блудствуваше со нив, со најубавите меѓу асирските синови, и се извалка со сите по кои се распалуваше — со нивните одвратни идоли.*+  Не се откажа од својот блуд со кој почна во Египет, зашто лежеа со неа уште од нејзината младост, тие ѝ ги милуваа моминските гради и блудствуваа со неа.+  Затоа ја предадов во рацете на нејзините љубовници,+ во рацете на асирските синови, по кои се распалуваше.+ 10  Тие ја открија нејзината голотија.+ Ѝ ги зедоа синовите и ќерките,+ а неа ја убија со меч. Се најде на лош глас меѓу жените и беше извршена пресуда над неа. 11  Кога го виде тоа сестра ѝ Охолива,+ уште повеќе од неа се препушти на своите сладострастија и нејзиниот блуд беше полош од блудствувањето на сестра ѝ.+ 12  Се распалуваше по асирските синови,+ по управителите и по намесниците облечени во прекрасни одежди со кои се зближи, по војниците што јаваа на коњи — по најпривлечните момци.+ 13  Видов дека и таа се извалка и дека обете одат по ист пат.+ 14  А уште повеќе се оддаваше на блуд кога ќе здогледаше машки на резбите по ѕидот,+ ликови+ на Халдејци, изрежани и обоени со црвена боја,+ 15  со колкови препашани со појас,+ со турбани на главата, според изгледот — сѐ воини, според обликот — вавилонски синови, родени во халдејската земја. 16  Кога ќе ги здогледаше, ќе се распалеше по нив+ и им праќаше свои гласници во Халдеја.+ 17  А вавилонските синови доаѓаа кај неа на љубовната постела, и ја валкаа со својот блуд.+ Таа се валкаше со нив, но потоа нејзината душа со гадење се одврати од нив. 18  И го откри својот блуд, ја откри својата голотија,+ па мојата душа со гадење се одврати од неа, како што мојата душа со гадење се одврати и од сестра ѝ.+ 19  А таа и понатаму се оддаваше на блуд,+ спомнувајќи си за деновите на својата младост,+ кога се оддаваше на блуд во египетската земја.+ 20  Се распалуваше како наложниците* што им припаѓаат на оние чиј орган е како на магаре, чиј полов орган е како на коњ.+ 21  И копнееше по бесрамните дела од својата младост, кои почна да ги прави кога ѝ ги милуваа градите во Египет,+ кога копнееја по нејзините момински гради.+ 22  Затоа, Охоливо, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ги подигнам против тебе твоите љубовници,+ оние од кои твојата душа се одврати со гадење, и ќе ги доведам против тебе отсекаде,+ 23  вавилонските синови+ и сите Халдејци,+ сите од Пеход+ и од Шоа и од Коа, а со нив и сите асирски синови, сѐ привлечни момци, управители и намесници, сѐ воини и оние што се собираат на зборно место, јавачи на коњи. 24  И ќе дојдат против тебе со трескот на бојни коли и тркала,+ со мноштво народи, со големи и мали штитови и со шлемови. Ќе те опколат од сите страни, а јас ќе им го предадам судот, па ќе ти судат со својот суд.+ 25  Ќе го излеам својот жесток гнев врз тебе+ и тие ќе ти се нафрлат гневно.+ Ќе ти ги отсечат носот и ушите, а она што ќе остане од тебе ќе падне од меч. Ќе ти ги одведат+ синовите и ќерките,+ а она што ќе остане од тебе ќе го проголта оган.+ 26  И ќе ти ги слечат облеките+ и ќе ти го земат сето она со кое се украсуваш.+ 27  Така ќе им ставам крај на твоите бесрамни дела+ и на твојот блуд со кој започна уште во Египет,+ па повеќе нема да ги подигаш очите кон нив и повеќе нема да се сеќаваш на Египет‘. 28  Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Еве, ќе те предадам во рацете на оние што ги мразиш, во рацете на оние од кои твојата душа се одврати со гадење.+ 29  Тие ќе навалат на тебе со омраза и ќе го земат сиот плод на твојот труд и ќе те остават гола и разголена.+ И ќе се открие голотијата на твојот блуд и твоите бесрамни дела и твоето блудствување.+ 30  Сето тоа ќе те снајде бидејќи трчаш како блудница по народите,+ бидејќи се извалка со нивните одвратни идоли.+ 31  Одиш по патот на сестра ти,+ и затоа ќе ти ја дадам в рака нејзината чаша‘.+ 32  Вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе ја испиеш чашата на сестра ти, чаша длабока и широка.+ Ќе бидеш за потсмев и за подбив, зашто таа чаша собира многу.+ 33  Ќе се исполниш со пијанство и со тага, ќе ја испиеш чашата на ужасот и на опустошувањето, чашата на сестра ти Самарија. 34  Ќе ја пиеш и ќе ја испиеш до капка,+ ќе ги глодаш скршените парчиња од таа земјена чаша и ќе си ги откорнеш градите.+ „Зашто, јас реков така“, вели Севишниот Господар Јехова‘. 35  Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Затоа што ме заборави+ и ми сврте грб,+ трпи сега поради своите бесрамни дела и поради својот блуд!‘ “ 36  И уште ми рече Јехова: „Сине човечки, сакаш ли да им судиш+ на Охола и на Охолива+ и да им укажеш на нивните гадости?+ 37  Зашто, направија прељуба+ и на нивните раце има крв,+ направија прељуба со своите одвратни идоли.+ Освен тоа, синовите што ми ги родија мене, ги фрлаа во оган за да им бидат храна на тие идоли.+ 38  А уште ми го направија и ова: во тој ден го извалкаа+ моето светилиште+ и ги осквернија моите денови за одмор.*+ 39  А кога ги заклаа своите синови заради своите одвратни идоли,+ во тој ден дојдоа во моето светилиште за да го осквернат.+ Ете, тоа го направија среде мојот дом.+ 40  Освен тоа, праќаа гласници+ по луѓето што доаѓаа оддалеку, и тие доаѓаа.+ А ти, Охолива, ќе се искапеше за нив,+ ќе си ги намачкаше очите+ и ќе се накитеше со накит.+ 41  И ќе седнеше на раскошно легло,+ пред поставена трпеза+ на која ги ставаше мојот темјан+ и моето масло.+ 42  И тука се слушаше звукот на безгрижно мноштво,+ а меѓу мажите во тоа мноштво луѓе, доведуваа и пијаници+ од пустината, а на жените им ставаа гривни на рацете и прекрасни круни на главите.+ 43  Тогаш реков за онаа што е папсана од прељуба:+ ‚Таа и понатаму ќе се оддава на блуд‘.+ 44  И одеа кај неа како што се оди кај блудница. Така одеа кај Охола и кај Охолива, како кај развратни жени.+ 45  Но праведниците+ ќе ѝ судат онака како што им се суди на прељубници+ и како што им се суди на жени што пролеваат крв,+ зашто тие се прељубници и на нивните раце има крв.+ 46  Зашто, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Ќе доведам мноштво против нив,+ па ќе ги направам ужасна глетка и ќе ги предадам на грабеж.+ 47  И мноштвото ќе ги затрупа со камења+ и ќе ги исече со своите мечеви. Ќе им ги убие синовите и ќерките,+ а куќите ќе им ги изгори со оган.+ 48  И така ќе им ставам крај на бесрамните дела+ во таа земја,+ и сите жени ќе извлечат поука од тоа, да не прават бесрамни дела како вас.+ 49  Тие ќе ве казнат за вашите бесрамни дела,+ и ќе страдате поради гревовите на своето идолопоклонство. И тогаш ќе знаете дека јас сум Севишниот Господар Јехова‘ “.+

Фусноти

„Охола“ значи „нејзиниот шатор“.
„Охолива“ значи „мојот шатор е во неа“.
Или: „лепешкави идоли“.
Види ја фуснотата за 1Мо 22:24.
Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.