Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 20:1-49

20  А во седмата година, во петтиот месец, на десеттиот ден од тој месец, дојдоа некои старешини на Израел да бараат совет од Јехова+ и седнаа пред мене.+  Тогаш ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, обрати им се на старешините на Израел и речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Зар доаѓате да ме прашате за совет?+ ‚Како што сум жив јас, нема да дозволам да ме прашате‘,+ вели Севишниот Господар Јехова“ ‘.  Сакаш ли да им судиш? Сакаш ли да им судиш, о сине човечки?+ Укажи им на гадостите на нивните татковци!+  Речи им: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Во оној ден кога го избрав Израел,+ со подигната рака+ му се заколнав на потомството на Јакововиот дом+ и им се објавив во египетската земја.+ Да, со подигната рака им се заколнав: ‚Јас сум Јехова, вашиот Бог‘.+  Во тој ден им се заколнав со подигната рака+ дека ќе ги изведам од египетската земја и ќе ги одведам во земјата што ја бев извидувал за нив, земја во која тече мед и млеко,+ која е најубава од сите земји.+  И им реков: ‚Секој од вас нека ги отфрли гадните богови што ги гледа со своите очи+ и не валкајте се со одвратните египетски идоли!*+ Јас сум Јехова, вашиот Бог‘.+  Но, тие се побунија против мене+ и не сакаа да ме послушаат. Ниту еден од нив не ги отфрли гадните богови што ги гледаше со своите очи и не ги остави одвратните египетски идоли,+ па ветив дека ќе го излеам својот гнев врз нив, за да го истурам својот гнев врз нив среде египетската земја.+  Тогаш се кренав поради своето име, за да не се сквернави пред очите на народите меѓу кои беа,+ зашто веќе се бев објавил пред очите на тие народи изведувајќи ги од египетската земја.+ 10  И ги изведов од египетската земја и ги доведов во пустината.+ 11  И им ги дадов своите одредби+ и ги поучив за своите закони,+ зашто тие значат живот за оној што ги извршува.+ 12  Им ги дадов и своите денови за одмор,*+ за да бидат знак помеѓу мене и нив,+ за да знаат дека јас сум Јехова, оној што ги посветува. 13  Но тие, домот Израелов, се побунија против мене во пустината.+ Не живееја* според моите одредби+ и ги отфрлија моите закони,+ кои значат живот за оној што ги извршува.+ Моите денови за одмор срамно ги сквернавеа,+ па ветив дека ќе го излеам својот гнев врз нив во пустината, за да ги истребам.+ 14  Но не го сторив тоа поради своето име, за да не биде осквернето пред очите на другите народи, пред чии очи ги бев извел.+ 15  Но јас им се заколнав во пустината со подигната рака+ дека нема да ги воведам во земјата што им ја бев дал, земјата во која тече мед и млеко,+ која е најубава од сите земји,+ 16  бидејќи ги отфрлија моите закони, и не живееја според моите одредби и ги сквернавеа моите денови за одмор, бидејќи нивното срце се прилепи за нивните одвратни идоли.+ 17  Но моето око се сожали на нив, па не ги сотрев+ и не ги истребив во пустината. 18  На нивните синови во пустината им реков:+ ‚Не живејте според одредбите на своите татковци,+ не држете ги нивните закони+ и не сквернавете се со нивните одвратни идоли!+ 19  Јас сум Јехова, вашиот Бог.+ Живејте според моите одредби+ и држете се за моите закони+ и постапувајте според нив!+ 20  Моите денови за одмор нека ви бидат свети,+ и тие нека бидат знак помеѓу мене и вас, за да знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог!‘+ 21  Но и нивните синови се побунија против мене.+ Не живееја според моите одредби и не се држеа за моите закони, кои значат живот за оној што ги извршува,+ ниту постапуваа според нив. Ги сквернавеа моите денови за одмор.+ Затоа ветив дека ќе ја излеам мојата јарост врз нив, и ќе го истурам својот гнев врз нив во пустината.+ 22  Но си ја повлеков раката+ заради своето име, за да не се сквернави пред очите на другите народи, пред чии очи ги бев извел.+ 23  Но им се заколнав во пустината со подигната рака+ дека ќе ги распрснам меѓу народите и дека ќе ги расеам низ земјите,+ 24  бидејќи не ги извршуваа моите закони+ и ги отфрлија моите одредби+ и ги сквернавеа моите денови за одмор+ и ги вперуваа своите очи во одвратните идоли на своите татковци.+ 25  А јас им дозволив да имаат уредби кои не беа добри и закони преку кои не можеа да си го зачуваат животот.+ 26  И им дозволив да се извалкаат со своите дарови кога го фрлаа во оган секое првородено дете,+ за да ги казнам, и да знаат дека јас сум Јехова“ ‘.+ 27  Затоа, обрати му се на домот на Израел, о сине човечки, и речи им:+ ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „И со ова хулеа вашите татковци на мене: големо неверство ми направија.+ 28  Јас ги доведов во земјата+ за која им се заколнав со подигната рака дека ќе им ја дадам.+ Но секогаш кога ќе видеа некој рид+ или некое разгрането дрво, таму принесуваа жртви+ и таму донесуваа навредливи приноси, принесуваа на тие места успокојувачки мириси+ и излеваа жртви налевници.+ 29  Затоа им реков: ‚Зошто одите на таа височинка и зошто до ден-денеска ја викате Височинка?‘ “ ‘+ 30  Затоа, вака речи му на домот Израелов: ‚Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Зар не се валкате како своите татковци+ и зар не ги обожавате нивните гадни богови?*+ 31  И кога ги подигате своите дарови фрлајќи ги своите синови во оган,+ зар не се валкате обожавајќи ги до денешен ден сите свои одвратни идоли?+ Зар покрај сето тоа да трпам мене да ме прашувате за совет, о доме Израелов?“ ‘+ ‚Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚нема да дозволам да ме прашувате.+ 32  Нема да се случи+ она што ви доаѓа на ум,*+ кога велите: „Да бидеме како другите народи, како народите на другите земји,+ и да им служиме на дрвото и на каменот!“ ‘ “+ 33  „ ,Како што сум жив јас,‘ вели Севишниот Господар Јехова, ‚со силна рака и со подигната мишка+ и со излеан гнев ќе царувам над вас.+ 34  Со силна рака и со подигната мишка и со излеан гнев ќе ве изведам од другите народи и ќе ве соберам од земјите низ кои сте расеани.+ 35  И ќе ве одведам во пустината на другите народи+ и таму ќе ви судам лице в лице.+ 36  Како што им судев на вашите татковци во пустината на египетската земја,+ така ќе ви судам и вам‘, вели Севишниот Господар Јехова. 37  ‚Ќе ве поминам под стапот+ и ќе ве врзам со сојуз.+ 38  Ќе ве одвојам од оние што се бунат против мене и ми грешат,+ зашто ќе ги изведам од земјата во која престојуваат како дојденци, но во земјата на Израел нема да дојдат.+ Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова.‘+ 39  Вам, о доме Израелов, вака ви вели Севишниот Господар Јехова: ‚Одете, и служете, секој на своите одвратни идоли!+ А потоа, ако не ме послушате, тогаш нема повеќе да го сквернавите моето свето име со своите дарови и со своите одвратни идоли‘.+ 40  ‚Зашто, на мојата света гора, на високата Израелова гора,‘+ вели Севишниот Господар Јехова, ‚таму ќе ми служи сиот Израелов дом, колку и да ги има, во таа земја.+ Таму тие ќе ми станат мили и таму ќе ги барам вашите прилози и првините од вашите дарови од сите ваши свети работи.+ 41  Поради успокојувачкиот мирис, ќе ми бидете мили,+ кога ќе ве изведам од другите народи и кога ќе ве соберам од земјите низ кои сте расеани.+ И на вас ќе ја покажам својата светост пред очите на другите народи.‘+ 42  ‚Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова,+ кога ќе ве доведам во земјата на Израел,+ во земјата за која се заколнав со подигната рака дека ќе им ја дадам на вашите татковци. 43  Таму ќе се сетите на своите патишта+ и на сите свои дела со кои се извалкавте,+ и ќе се види на вашите лица дека се мразите самите себеси поради сето зло што го направивте.+ 44  И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова,+ кога заради своето име+ нема да постапам со вас според вашите зли патишта, ниту според вашите расипани дела,+ о доме Израелов‘, вели Севишниот Господар Јехова.“ 45  И повторно ми дојде Јеховината реч: 46  „Сине човечки, сврти го лицето+ кон јужниот крај и нека ти потечат зборовите+ кон југ, и пророкувај ѝ на шумата во јужната земја! 47  И речи ѝ на јужната шума: ‚Чуј ја Јеховината реч! Вака вели Севишниот Господар Јехова: „Ќе запалам оган во тебе,+ и тој ќе ти го проголта секое зелено дрво и секое суво дрво.+ Разгорениот пламен нема да се угасне+ и ќе ги изгори сите лица од југ до север.+ 48  И сите луѓе ќе видат дека јас, Јехова, го запалив огнот, и тој нема да се угасне“ ‘ “.+ 49  А јас реков: „Леле, Севишен Господару Јехова! Тие за мене велат: ‚Тој само измислува изреки!‘ “+

Фусноти

Или: „лепешкави идоли“.
Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „одеа“.
Буквално: „зар не блудствувате со нивните гнасотии?“ Види го додатокот 6.
Или: „да се обистинат мислите на вашиот дух“.