Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 19:1-14

19  „А ти запеј тажачка+ за поглаварите на Израел,+  и речи: ‚Што беше мајка ти? Лавица меѓу лавовите.+ Лежеше меѓу млади лавови и ги подигаше своите младенчиња.  Така исхрани едно свое младенче.+ Тоа стана лав и научи да растргнува плен,+ па голташе луѓе.  Народите слушнаа за него. Тој падна во нивната јама, па го одвлекоа со куки* во египетската земја.+  А кога виде дека попусто чека и дека надежта ѝ пропадна, таа зеде друго младенче+ и од него направи лав.  И тој тргна со лавовите. Стана лав и научи да растргнува плен,+ па голташе луѓе.+  И ги обиколуваше нивните утврдени дворци и ги пустошеше нивните градови,+ па земјата опусте и се исполни со неговото рикање.+  А народите од сите околни земји се кренаа против него+ и ја распнаа над него својата мрежа,+ и тој падна во нивната јама.+  Потоа со куки го довлекоа во кафез и го одведоа кај вавилонскиот цар.+ Го одведоа со ловечки мрежи, за да не се чуе повеќе неговиот глас по планините на Израел.+ 10  Твојата мајка+ беше како лоза во твојата крв,+ посадена покрај води. Беше родна и разгранета поради изобилството вода.+ 11  Имаше цврсти гранки, погодни за владетелски жезол.+ Се воздигна со растот над другите дрвја, стана видлива поради својата висина, поради својата густа крошна.+ 12  Но најпосле беше откорната во гневот.+ Беше фрлена на земја и источниот ветар ѝ ги исуши плодовите.+ Нејзината цврста гранка беше откината и се исуши.+ Ја проголта оган.+ 13  Сега е посадена во пустина,+ во безводна и жедна земја.+ 14  И излезе оган од нејзината гранка.+ Ги проголта нејзините ластари и нејзините плодови, па немаше повеќе на неа цврсти гранки, погодни за владетелски жезол.+ Тоа е тажачка, која и понатаму ќе се пее како тажачка‘.“+

Фусноти

Куки им вовирале на животни или на заробеници низ образите или низ носот за да ги водат врзани на јаже.