Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Езекиел 15:1-8

15  И повторно ми дојде Јеховината реч:  „Сине човечки, може ли стеблото на дивата лоза+ или неговите ластари да се споредат со шумските дрвја?  Се прави ли од него стап, кој би можел да послужи за нешто? Се прави ли од него клин на кој ќе се обеси нешто?  Гледај, го фрлаат во оган за да изгори.+ Огнот го зафаќа од двата краја и му ја гори средината.+ Може ли да се работи нешто со него?  Гледај, дури и кога е цело, не може да послужи за ништо. Тогаш како ќе послужи кога огнот ќе го зафати и ќе го изгори?“+  „Затоа, вака вели Севишниот Господар Јехова: ‚Како што меѓу шумските дрвја го фрлив во оган стеблото на виновата лоза за да изгори, така ќе ги фрлам и жителите на Ерусалим во оган.+  Се свртив против нив.+ Излегоа од огнот, но огнот ќе ги проголта.+ И тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, кога ќе се свртам против нив‘.“+  „ ,Земјата ќе ја претворам во пустош,+ зашто ми беа неверни‘,+ вели Севишниот Господар Јехова.“

Фусноти